Македонски специјални единици (полициски и воени)

Член од
17 март 2014
Мислења
19
Поени од реакции
2
Ако треба и ќе се плати од кај да се набави само
 

Zoran MKD

Мијак на квадрат.
Член од
11 септември 2010
Мислења
2.021
Поени од реакции
1.018
Припадниците си го плаќаат календарот, што значи дека е само за интерни потреби.Поздрав.
Волците пак беа нај медиумски отворени па ги споделија страниците со нас . Полициските диници оваа година не ги промовираа јавно своит екалендари.

Штета
1000 парчиња каленадар не с е големи пари да се одвојат па припадниците да ги поштедат од непотрени трошоци.
 
Член од
18 септември 2011
Мислења
259
Поени од реакции
381
Не ме разбравте изгледа, не се продава календарот, армијата нема врска со тоа, значи припадниците сами си прават календар, си собираат пари, годинава беше по 130 денари, после секој од припадниците си нарачува.
 

• Војник •

БОРБА ТЕ ЧЕКА!
Член од
6 април 2011
Мислења
457
Поени од реакции
1.256
Дали некој од вас може да ми каже нешто за Скорпионите/Леопардите, односно дали се специјална единица, која задача ја имат, која година е формирана, и дали учествуваа во некој воени операции во 2001 година?
 

Klinton

wanna BOMB?
Член од
11 април 2010
Мислења
2.807
Поени од реакции
4.499
Дали некој од вас може да ми каже нешто за Скорпионите/Леопардите, односно дали се специјална единица, која задача ја имат, која година е формирана, и дали учествуваа во некој воени операции во 2001 година?
Во суштина се едно исто, сите припаѓаат на прва механизирана пешадиска бригада, баталјоните во Штип и Куманово се шкорпиони, а баталјоните во Кичево и Тетово се леопарди. Мислам дека порано беа две бригади и затоа имаат различни имиња, подоцна ги споија.
Во принцип механизирана пешадиска бригада не се специјалци, не се обична пешадија ама не се ни специјалци. Во 2001 како професионалци се истакнаа за разлика од резервистите и тоа ги дигна на муабет како „специјалци“. Тогаш тие не беа регуларна војска, не беа класична пешадија, беа далеку пообучени и поспремни а богами и поснабдени, па беа употребени во поризичните реони. Јас не бев во 2001 но според кажување на комшии резервисти многу умно и тактички се поставувале на боиштето, многу добри заседи поставувале и одбрамбениот систем им бил тактички перфектен. Сепак ќе кажам ова е од кажување од други луѓе, јас лично не видов.
За да влезеш во шкорпиони или леопарди треба да си платен војник или старешина и да добиеш прекоманда за таму. Никаков селективен не е потребен што укажува на тоа дека сепак не се специјална единица. Додади на тоа дека сега ги користат за исклучително за давање стражи....
Четите од 1мп бригада беа носители на мисиите во авганистан и ирак откако псо и вп престанаа да бидат носители, то до некаде ги прави доста умешни и професионални но не и специјални :)
Најкористени чети за вежби, блесоци и фалење пред нато се користени штипските, што според мене се најобучени, ма да и таму има тутурутки
 
Член од
13 февруари 2012
Мислења
2.733
Поени од реакции
1.226
Не можам да најдам никаде им пишав на фб не ми вратија.Прашав другар,ми рече дека такви календари давале само на тие што се дел од единицата.Ако има некој било каква информација порврзана со календарите и бил благодарен да ме информира. :) фала
Од која единица сакаш? Дај ке пробам да ти помогнам
 
Член од
14 октомври 2013
Мислења
877
Поени од реакции
3.448
http://www.mkd.mk/kolumni/zoshto-makedonija-se-chuvstvuva-porazena-od-vojnata-vo-2001

Зошто Македонија се чувствува поразена од војната во 2001?!
Помина 16 февруари во уште едно потсетување дека на овој ден пред 14 години почна војната во Македонија, откако ОНА почна со окупација на албанските села покрај границата.


Истиот ден кај селото Танушевци, новинарска екипа на А1 телевизијата беше заробена од вооружени припадници на ОНА.

Се разбира, ДУИ ја одбележа годишнината и притоа во свечените говори Али Ахмети и Хазби Лика кажаа дека не се задоволни од она што го имаат сега и дека идеалот сеуште не е остварен. Значи, 14 години по војната, иако Албанците добија практично сè, а Македонците изгубија многу, сепак, ништо не е променето и верувам дека не постои човек кому не му е јасно на кој неостварен идеал мислат Ахмети и Лика-голема Албанија во која влегуваат и територии на Македонија. Притоа, челниците на ДУИ ја потенцираа и херојската победа на ОНА?!

Меѓутоа, во интерес на историјата, за која победа зборуваат Ахмети и Лика, ако се знае дека во тоа време припадниците на ОНА можеа да бидат решени многу брзо. Службата за државна безбедност (СДБ) знаеше практично сè, за почетните 500-700 терористи на ОНА кои се одметнаа во планините - колку се, каде се, зошто се таму, нивната вооруженост, и истите како виртуелен противник не претставуваа опасност оти немаа кадар, ниту можности од логистички аспект да водат борба со поголем капацитет.

Зошто тогаш Македонија се чувствува поразена и посрамена од воената 2001, од која произлезе рамковниот договор, кој, и понатаму останува длабоко трауматичен за македонската национална свест.

Прво, за време на војната отсуствуваше толку значајното политичко единство. Двете водечки македонски партии само се кодошеа кај меѓународните претставници, со цел да ја зголемат својата моќ против својот политички ривал. Залудени од ова, тие не можеа да проценат дека со ваквите активности истовремено го разбиваат домашното единство, кое е клучната брана против секаква закана. Наместо единство, дозволија да надвладеат личните интереси и амбиции, кои немаат врска со одбраната на земјата. Така, за време на војната, двајцата клучни македонски министри - за внатрешни работи и за одбрана, манифестираа однесување на војсководци на две спротивставени вооружени формации. Идните генерации еден ден ќе бидат вчудовидени, како е можно 30-илјадната македонска војска и полиција што ја имавме во 2001, денеска да се чувствува поразена, а наспроти себе имаше на почетокот од 500-700 терористи, кои можеше да ги реши уште во првиот момент. Меѓутоа, за жал, политичките сценарија и внатрешните предавства го оневозможија вистинското дејствување на македонските безбедносни сили и затоа Македонија фактички самата се победи во војната. На пример, во битката за Арачиново на почетокот загинаа тројца полицајци, но не во борба од албанските терористи (како што е официјалната верзија на настанот), туку загинаа од армиска граната на АРМ. Невидена бламажа-македонски војници и полицајци се испотепаа сами меѓу себе, бидејќи не си ги знаеја координатите.

Второ, во најкритичниот период за државата, за советник за национална безбедност на претседателот на државата се поставува Никола Димитров, кој во тоа време е штотуку излезен од училишните клупи на Правниот факултет и кој воопшто ги нема потребните компетенции од оваа област. Уметноста на советувањето за вакви чувствителни прашања не е нешто што може да се научи само со читање книги, туку искуството во вакви околности е сè уште најдобриот учител. Да се прочита книга и да се советува претседателот како да се добие војната, е можно исто толку колку што е можно да се добие фудбалски натпревар само со читање на фудбалско упатство. Другиот советник за национална безбедност во тоа време е целосно некомпетентниот партиски апаратчик Стево Пендаровски, кој сега ни го продаваат за некаков експерт, а покрај некомпетентноста, во тоа време играше поданичка антимакедонска игра. Но, за ова, во друга пригода кога ќе дојде до порелаксирани политички односи во земјата. Како резултат на ваквите „совети” на Димитров и Пендаровски, не треба да не чуди зошто поминавме така како што поминавме.

Трето, за време на војната (замислете!), МВР во април 2001 тргна со реформи и намалување на обемот и надлежностите на СДБ иако за време на војна надлежностите на безбедносните служби се зголемуваат. За споредба, за време на терористичките напади во Њујорк на 11 септември 2001 година, тогашниот американски претседател издаде наредба за зголемување на надлежностите на американските тајни служби, за да можат да приведуваат, следат и прислушкуваат, без да чекаат судски налог! И во САД тогаш се побунија невладините за заштита на човековите права, но, во обраќањето до нацијата, американскиот претседател истакна дека тоа го прави заради заштита на националната безбедност на САД. Анкетата на јавното мислење покажа дека Американците во огромно мнозинство ги подржуваат мерките на нивниот претседател во напорите да им обезбеди сигурност, иако притоа го крши Уставот со споменатите овластувања за американските тајни служби.

Четврто, Срѓан Керим, како наш претставник во ООН ќе ја „преспие” воената криза, непреземајќи ниту една позначајна активност, а не се обиде ниту да ги анимира Македонците на континентот каде што амбасадоруваше, нешто, како што се виде од аспект на т.н. албанско лоби во странство, секако имаше свое значење, но, на Керим не му пречеше да се луксузира за време на војната во Њујорк во апартман од 15.000 долари месечно на државна сметка. Со еден збор, надворешната политика за време на војната е речиси комплетно промашување и носи значаен дел од одговорноста. Дури, Керим во еден момент ненадејно дезертира и ќе премине кај своите германски ментори од Пактот за стабилност за Југоистична Европа, а подоцна во компанијата ВАЦ, со задача во Македонија да остварува специфични политички цели. Значи, ја остави Македонија на цедило во ОН, иако правилата налагаат, штом веќе решил да се повлекува, да даде најава најмалку три месеци порано, за да може државата соодветно да реагира за назначување нов дипломатски претставник. Со еден збор, Керим ја погази довербата што Македонија му ја укажа во 2001 како амбасадор во ОН.

Петто, во СДБ недозволиво се бришеа безбедносно-интересни лица од евиденциите, а соработничката мрежа од редот на Албанците му беше доставена на албанскиот политички фактор во земјата. Ова особено ќе биде зачестена појава на неколку месеци пред војната, кога секојдневно се доставуваат телеграми за информирање до агентурата во СДБ, дека спомнатите лица се бришат од евиденциите на СДБ. За појаснување, бришењето на лица од евиденциите на СДБ, значи дека т.н. бришани лица повеќе не се интересни и во иднина не треба да се преземаат какви било оперативни активности спрема нив. А од увидот во списоците за бришење, се доаѓа до фрапирачко сознание дека т.н. бришани лица како неинтересни за СДБ, всушност покасно беа експонираните команданти на ОНА за време на војната.

Шесто, т.н. албанска страна за високи хонорари беше советувана од познати и признаени странски експерти од областа на меѓународното право и политика, а и одредени меѓународни посредници во конфликтот добиваа високи парични надоместоци од албанскиот фактор. Во овој контекст, мошне неумесни и дегутантни беа изјавите на македонските политички водачи, дека финансиски „силното” албанско лоби одиграло битна улога во настаните, „заборавајќи” дека сме организирана држава со соодветни структури и сопствен буџет, со кои можеше барем многукратно да им се парира на посочените финансиски активности на албанскиот фактор.

Седмо, СДБ уште во текот на 2000 имаше целосни оперативни сознанија и податоци дека во Македонија се подготвуваат терористички дејства на ОНА. Постоеја конкретни информации во СДБ за секој чекор на албанските екстремисти, дека вршат подготовки, вооружување и обука на припадници на албанско население за терористички дејства и за кревање на вооружено востание со конкретни списоци на паравоените формации. За ова, извештаи редовно преку МВР се доставуваа до претседателите на државата, собранието и владата. Оттука, сега од дистанца, звучи шокантно ако се знае дека тогашниот премиер не прочитал сериозен извештај од СДБ, која ќе го предупреди дека ќе дојде до бунт на Албанците. Произлегува дека биле криени информациите од тогашниот премиер за групите што подготвуваат војна во Македонија, нешто што фрла нова светлина за воената 2001. Првиот човек на владата имаше уставна обврска да го брани територијалниот интегритет и суверенитет на државата.

Осмо, работите стануваа појасни ако се знае дека во тоа време МВР брзопотезно доби дури 11 полициски генерали, иако поголемиот број од нив не заслужуваа и не ги исполнуваа определените услови за тоа, односно, првпат да се добие чин и тоа веднаш генералски. Меѓу тие генерали имаше и такви кои на редовните годишни вежбовни гаѓања со оружје, не знаеја, на пример, да расклопат пиштол. МВР се доведе во една смешна ситуација, народски кажано, да има повеќе генерали отколку борци, со оглед на бројноста на нашата полиција. Полтронството и сервилноста беа етаблирани за врвни принципи на однесување во безбедносните структури. Зборовите го изменија своето вистинско значење, па така сервилноста се сметаше за квалитет; знаењето, чесноста и патриотизмот кон сопствената држава претставуваа недостаток; залагањето за доследно почитување на правната држава се сметаше за изговор да не се преземе ништо; авантуризмот се прикажуваше како храброст...

Девето, на крајот, најлесно беше да се замајува јавноста дека странците не ги сакат Македонците, а дека премногу ги сакаат Албанците. Останува запишано дека до април-мај 2001 година имавме одврзани раце да се пресметаме со ОНА. Наместо внатрешно единство за одбрана на земјата, се креираа политички сценарија од политичките актери со кои земјата беше втурната во пораз. За волја на вистината, странците направија пресврт во војната, но, дури во месец јуни кога го измислија Арачиново за да се присили македонската страна на политички преговори, односно да се прекинат воените дејствија и на поинаков начин да се решава кризата, по цена на сите понижувања на безбедносните сили кои храбро го бранеа територијалниот интегритет.

Десето, Како круна на се, на местото претседател на државата и врховен командант го имавме најлошото можно решение во тој судбоносен момент за Македонија.

Со еден збор, Македонија се чувствува поразена најмногу поради стратегиските грешки и несоодветниот тактички приод кон настаните, на што во голема мера му кумуваа внатрешните политички надмудрувања и интриги, доминацијата на личниот над државниот интерес, незнаењето, тајната дипломатија, разузнувачкото „приклештување” на одредени битни личности во војната, извршената кадровска диверзија во најчувствителните државни органи и слично.

Заради тоа, треба да се извлече поука - Што не треба да прави Македонија, доколку повторно биде вовлечена во нова војна? А, од однесувањето на Албанците произлегува дека не мислат на ништо друго, освен на методите на повторно војување. Оттука, прави голема грешка секој оној што мисли дека бројните привилегии што ги добија екс-командантите на ОНА како високи државни личности, ќе предизвикаат кај нив заборав на старите соништа за реализација на идејата за голема албанска држава, а за кој неостварен сон зборуваа на 16 февруари Али Ахмети и Хазби Лика на собирот на ДУИ по повод 14 годишнината од војната во Македонија.

Јанко Бачев
 

Итар Пејо

Слободен Радикал
Член од
10 октомври 2011
Мислења
737
Поени од реакции
660
Е па Јанко добредојде во чудесната ни земја. Инаку дека се беше жими куров во 2001-ва е повеќе од јасно ама нејсе пусти глави наши полни со илузии...
Убаво се сеќавам на една реченица на бившиот генерал (не знам дали е жив??) Јован Андреевски кога дојде во Танушевци и кога виде со двогледот куќата што им беше како штаб на љочките изрешетана...

ЛЕЛЕ ДЕЧКИ ШТО СТЕ НАПРАВИЛЕ...ПА ВИЕ МЕНЕ ВО ХАГ ЌЕ МЕ ПРАТИТЕ!!!

Е тогаш...мислам дека срцево престана да ми чука и ми откажаа сите органи истовремено па ми требаше извесен период за реанимација....ама беа 24 години и иако првиот човек на армијата м(н)и ги отсече нозете, останав(ме) до крај да ја браниме државава иако 4-ца не го дочекаа крајот...:(
 
Член од
13 февруари 2012
Мислења
2.733
Поени од реакции
1.226
Семејството на генерал Горан Стојков деновиве ќе биде исфрлено од станот во кој седат и ќе заврши на улица, се јави и генерал Ангелов со апел да му се помогне на семејството на генерал Стојков!
фев 24, 2015Доказ.МкМакедонија


НОВА ЖРТВА НА ОДМАЗДАТА НА РЕЖИМОТ: Семејството на генерал Горан Стојков деновиве ќе биде исфрлено од станот во кој седат и ќе заврши на улица, се јави и генерал Ангелов со апел да му се помогне на семејството на генерал Стојков!


Зоран Буревесник Божиновски напиша на фб:

Меѓу последните потези на МИЈАЛКОВ кога е во прашање неговата неизживеаност и животинска глад да напакости, деновиве е терање процедура за исфрлање на улица на семејството на ГЕНЕРАЛ ГОРАН СТОЈКОВ. Неговата сопруга по неговото притворање и судење, се потешко и потешко материјално опстојува, презадолжена е, а МИЈАЛКОВ се потрудил максимално да ограничи и спречи секаков прилив на помош на пријатели на СТОЈКОВ. Последен чин од тој ѕверски притисок врз семејството на СТОЈКОВ е чинот на предстојното исфрлање од станот во кој живеат, на улица, со примена на сила, снимање на оваа драма и насладување НЕГОВО ЛИЧНО и на дивите ѕверови од МВР ДПМНЕ….. Апелирам на сите кои на било кој начин можат да и помогнат на сопругата на ГОРАН да ја преживее оваа голгота, тоа да го сторат што побрзо можат….

На ова се огласи и генерал Стојанче Ангелов со апел:

Не знам колку е точна оваа информација но ако е точна повикувам да се помогне на сопругата на генералот Горан Стојков. Да не заврши на улица со нејзините мали деца додека тој гние во затвор. П.С. Погледајте го видеото кое го објавувам како коментар. Од времето кога Стојков и Латас беа загрижени јас, Стојанче Ангелов, да не ги злоуопотребам бранителите… Во секој случај јас лично ќе направам се што е в моја моќ да помогнам на неговото семејство.




До пред некое време генерал Стојков беше клучен играч за РЕЖИМОТ но нешто се промени по се изгледа Стојков покажа непослушност како и Љубе и РЕЖИМОТ направи показна акција што би рекол Мартин Протуѓер. Генерал Стојков беше осуден во процесот Шпион но му беа накалеммени и серија други обвиненија како поседување оружје и слично па човекот доби седум години затвор. Големи се шансите ова да е масло на Мијалков слично со судбината на Бошковски.

Инаку интересно е што генерал Стојков беше исклучително близок пријател на Миленко и Мирка Велиновска, со Миленко имаа заедничка фирма а со Мирка имаа големо пријателство затоа што дознаваме дека таа била затрескана во него. Но сега и двајцата молчат и немо гледаат како режимот се изживува со Стојков и неговото семејство.


http://www.dokaz.mk/semejstvoto-na-general-goran-stojkov-denovive-ke-bide-isfrleno-od-stanot-vo-koj-sedat-i-ke-zavrshi-na-ulitsa-se-javi-i-general-angelov-so-apel-da-mu-se-pomogne-na-semejstvoto-na-general-stojkov/
 
Член од
13 февруари 2012
Мислења
2.733
Поени од реакции
1.226
Ден на Полкот за специјални операции (пСО)

Во касарната ,,Илинден“ во Скопје денеска ќе се одржи свеченост по повод денот на Полкот за специјални операции (пСО).

На свеченоста ќе присуствуваат: Министерот за одбрана Зоран Јолевски, Заменикот на началникот на ГШ на АРМ генерал-потполковник Насер Сејдини, Командантот на пСО бригаден генерал Васко Ѓурчиновски, високи претставници од МО, командантите на потчинетите команди и единици на ГШ на АРМ, претставници од локалната самоуправа од општините и градот Скопје и други високи гости.

На 1-ви март 1994 година е формиран баталјонот за специјални намени, кој беше основната единица при формирањето на одредот за специјални намени, кој подоцна се трансформира во пСО. Со формирањето на оваа единица, АРМ ја започна професионализацијата, а во составот на пСО од неговото формирање до денес, се наоѓаат само професионални војници. Кандидатите за прием во пСО, подлегнуваат на исклучително строги критериуми на селекција, со кои од нив се бара висок степен на психофизичка подготвеност, како за старешините, така и за професионалните војници. Од формирањето до денес, припадниците на пСО создадоа препознатлив имиџ на најелитна единица во АРМ, која се стекна со висок рејтинг, како во Република Македонија, така и во меѓународни рамки. Тие, повеќе од две децении постигнуваат врвни резултати на полето на стручно-специјалистичката обука, а беа високо оценети и одликувани за петгодишното учество во мисијата ,,Слобода за Ирак“ во Ирак и за учеството во наменските сили ,,Феникс“ во мисијата ИСАФ во Авганистан.

Основната мисија на пСО е изведување на специјални операции во мирновремени и во услови на конфликт, борба против тероризмот и други дополнителни активности. Покрај ова, една од задачите на пСО како дел од декларираните сили на АРМ, е учество во меѓународни операции за поддршка на мирот, како и превенција и справување со регионални конфликти и кризи во операции предводени од НАТО, ООН и ЕУ.




http://www.time.mk/c/385e882537/21-godina-vrven-profesionalizam-na-polkot-za-specijalni-operacii.html


 

• Војник •

БОРБА ТЕ ЧЕКА!
Член од
6 април 2011
Мислења
457
Поени од реакции
1.256
На денешен ден пред точно 14 години (04.03.2001) во близина на селото Танушевци на подмолен и кукавички начин беа убиени тројца војници на АРМ. Од подметната мина на албанските терористи загинуваат двајца војници, а од снајперски оган еден војник. Загинатите се:

КАПЕТАН КИРЧО ДИМИТРИОВ (†33) од Виница, капетан на АРМ. Кирчо беше вљубеник од најрана младост и посветен на војската, почитуван и авторитетен старешина. Тој беше поборник за ред, дисциплина, војничко другарство и дружељубие на чесната и одговорна задача на која и ја подари младоста и ги подреди сите други обврски во животот и во семејството. Задачата го однесе на границата кај Танушевци. Зад себе ги остави сопругата Сузана и синовите Дејвид и Даниел.

ДЕЈАН ЈАКИМОВСКИ (†25) од Куманово. Дејан со својата работливост и ангажираност самиот си го одбра професионалниот возачки предизвик и тоа во елитната безбедносна единица на АРМ Шкорпионите. Беше омилен и почитуван од другарите кои со верба влегуваа во возилата со кои управуваше насекаде па и по стрмните гранични меѓи. Беше оженет и татко на две деца.

ТЕОДОР СТОЈАНОВСКИ (†24) од Драчево, граничар во АРМ. Неизвесноста на животот и патриотизмот беа пресудни и Теодор да се пријави и да стапи во редовите на македонските безбедносни сили, како војник по договор. Сметаше дека тоа од него и од младите го бара татковината. Бргу се вклопи во војничкиот строј на АРМ. Немаше за него задачки кои не можат да се завршат. Патролирајќи во граничните меги, од височините на Скопска Црна Гора, крај Танушевци, мислите му беа во Драчево кај неговата ќерка и семејството.





Во чест и слава на Дејан Јакимовски, трагично загинатиот бранител од 2001 година, денес на градските гробишта во Куманово, Организацијата на резервни офицери на Република Македонија, подигна јарбол со македоноско знаме во знак на сеќавање за херојските дела на македонскиот бранител.

ВО КУМАНОВО ОДБЕЛЕЖАНА ЧЕТИРИНАЕСЕТГОДИШНИНАТА ОД ЗАГИНУВАЊЕТО НА ДЕЈАН ЈАКИМОВСКИ
 

Kajgana Shop

На врв Bottom