Ќе се полага државен испит во 2-ра и 4-та година (Студентски пленум)

  • Креатор на темата Атомската мравка
  • Време на започнување

GordonGoldader

Brother Nature
Член од
18 јануари 2014
Мислења
445
Поени од реакции
599
Па не, не сакаме да бидеме обвинети за нарушување на уставниот поредок. :D Ама во овој случај навистина ќе биде тоа.
Автономна зона е симболично затоа што досега низ неколку измени и дополнување на ЗВО беше нарушувана автономијата на универзитетие. Ова е веројатно симболичен чин на враќање на автономијата.
Државните универзитети се на граѓаните на оваа држава, не на некој Адеми, Груевски или кој и сака нека е да си игра курташак со високото образование.
Убаво, а како ќе се вика новата држава, со какво уредување ќе биде, кога ќе се бираат претседател и премиер, што валута ќе користите, како ќе изгледа грбот и знамето? :)
 
Член од
21 мај 2008
Мислења
11.025
Поени од реакции
11.666
Убаво, а како ќе се вика новата држава, со какво уредување ќе биде, кога ќе се бираат претседател и премиер, што валута ќе користите, како ќе изгледа грбот и знамето? :)
Све ќе биде у стил на дпмне, донт се секирај. :D

(јбг, морам вака кога не си прочитал убаво)
 
Член од
18 јануари 2011
Мислења
1.605
Поени од реакции
748
Па и кај нас тие што се 3+2 се така. Пример, Правен Јустинијан Први (иако според мене треба е 4 години додипломски).
Додипломските студии во ЕУ се скратени со 180 ЕКТС ама со многу повеќе пракса.. За разлика овдека кај нас нема доволна пракса, инаку повеќето од европските земји програмите им се со 3+2.. Односно 3 години факултет и 2 години магистратура..
 

Cymbaline

Wallflower
Член од
14 август 2014
Мислења
323
Поени од реакции
1.281
Му упаднаа пленумци во емисија на Јанко, тој пресреќен дека студенти го гледале.. :D
 
Член од
16 април 2010
Мислења
2.558
Поени од реакции
1.503
Позади студентскиот пленум не стои политичка партија, независен е.
Професорскиот не го следам, нека одговори некој друг за нив.

Да да, како она лажното патриотско движење за "Одбрана на Македонија" колку што е "независно" (се знае кој стои позади нив), толку и Студентскиот Пленум.

Верував дека Студентскиот пленум е независно движење и малце имав надеж и се израдував дека навистина студентите се предводници на едно движење кое ќе стави крај на оние контролирани и организирани протести кои ги прави позицијата или опозицијата за секакви работи кои собираат поени, се до оној момент кога видов луѓе кои беа од опозицијата и заедно со студентите извикуваа политички пароли кои не би требало да се извикуваат. Голем број од опозициските портали искажаа голема поддршка за нив, додека контра им идеа провладините. Во вториот протест кој беше најмасовен имаше и луѓе кои неутрални, слушав луѓе кои кажуваа дека имало и членови на ВМРО и пак излегоа на протест и им се придружија. Кога се виде кој ги предводи од тие 10 000 што беа на претходниот, бројката драстично опадна на неколку стотици. А политичката кореографија врз Владата се засили. Ако биле независни протестите зашто студентите сами не ги истераа тие политичари кои ќе им се дадеше до знаење дека не се пожелни во толпата. Зошто Студентскиот Пленум не испрати протесна нота до опозициските медиуми да не се злоупотребува нивното име за партиски препукувања. Зошто Студентите покрај фејсбук групата која ја имаат не направат и друга фејсбук страна коа ќе шири новости и слично. За печатење на пропаганден материјал е најлесна работа. Со тоа премолчување на Студентскиот пленум како организација која опозициските портали ја искористија за кревање на политички поени, само ја зголемија и збогатија пропагандата која ја ширеа со денови провладините медиуми обвинувајќи го Студентскиот Пленум дека е креиран од СДСМ и финансиран од СОРОС.

Затоа никој не може да ме убеди во спротивното,бидејќи скоро сите протести кои се организираат во Македонија стојат или ВМРО или СДСМ.

А ова со тоа што студентиве ќе спијат во факултетиве, ми наликува на Белград 2000 година, така српските студенти почнаа и тие кои беа организирани од креацијата на ЦИА "ОТПОР" (сега КАНВАС), односно психолошкиот центар за ненасилни методи и обоена револуција истите методи ги вршеа, спиење по факултети, штрајкови со глад, провокации на полицијата која како реакција на полицијата би интервенирала врз студентите кога ги тепаа за да дојдат медиуми кои ќе пренесуваат со цел да се крене омраза и гнев према Владата и да се случи Белград 6 октомври. Веќе видено и успешно сценарио во Србија. Јас како граѓанин на оваа земја не би сакал да се случи тоа бидејќи државата ако се случи некое крвопролевање ќе се уназади со децении и се пак од почеток. Студентите и контрашите односно ВМРО/СДСМ кои не помислуваат да се иселат од државата и ја сакаат како своја, да внимаваат во нивните постапки

И јас сакам факултетите да бидат одвоени од политиката, да не се меша ни ВМРО, ни СДСМ во факултетите бидејќи студентите се иднината на оваа држава и движечка сила. Ова со правење на факултетите автономни зони во кои нема да се меша партија е супер идеја, само да не излезат овие протести автономни зони во служба на СДСМ. Имам сознанија од еден човек кој работи на факултет, а знам дека не е член на партија и ги плука ВМРО/СДСМ, а највеќе овие првиве на власт, ми кажа дека професорите, подржувачи на СДСМ биле многу разиграни и чудни последните денови. Така да уште еднаш ќе им упатам апел на студентите кои ги сметам како поразумни и зрели да внимаваат што прават.
 

GordonGoldader

Brother Nature
Член од
18 јануари 2014
Мислења
445
Поени од реакции
599
Сакам само да ми одговорат сиве овие што тежнеат кон туркање на влада и некоја си идеја за граѓанска војна, со што мислат дека се заштитени да не бидат колатерална штета?

Ќе седат дома и ќе пишуваат статуси за подршка, хаштагови?
 

Рудници и

ООЗТ Рудници и железарница - Скопје
Член од
9 декември 2009
Мислења
12.166
Поени од реакции
18.212
Сакам само да ми одговорат сиве овие што тежнеат кон туркање на влада и некоја си идеја за граѓанска војна, со што мислат дека се заштитени да не бидат колатерална штета?

Ќе седат дома и ќе пишуваат статуси за подршка, хаштагови?

 

Kajgana Shop

На врв Bottom