Ќе се полага државен испит во 2-ра и 4-та година (Студентски пленум)

  • Креатор на темата Креатор на темата Атомската мравка
  • Време на започнување Време на започнување
Значи вака, почитувам секакви ненасилни методи на изразување револт, ама сериозни сте со барањава за храна, кебиња и вода и слично во период кога има поплавени региони во државава и ним некако повеќе им се потребни истиве продукти? Just saying...

Боже Петра.
 
Не знам, целава акција ми е доста бледа и безидејна. Некои премногу живеат во некој 68-ма филмови. Прво за ваква акција е потребна масовност, а факт е дека веќе ја нема.

И што сега со овие акции, ете има одложување на законот и најава за целосно нов, јас би им препорачал на студентите и на пленумот, максимално и пред се сериозно да се заангажираат за новиот закон, да предлагаат, да притискаат, да бидат креатори на новиот закон, но за такво нешто треба работа и труд, а не само паушални акции.
 
Сакам да прашам нешто, па би замолил некој да ми одговори дали Студентскиот и Професорскиот Пленум е независен односно позади него не стои политичка партија?
 
Не стои политичка партија, за тоа можам да гарантирам. :) Сигурно алудираш на најголемата опозициска (сигурно некој не би алудирал на најголемата позициска партија). Уствари ја ти зборев за Студентскиот пленум. За професорскиот не би знаел, има да дел кои се партиски поврзани, но ќе го искористам ова доле што е напишано.

Профилите на индивидуалците се небитни, некој може да е од дпмне, некој од сдсм, за мене тоа е ирелевантно се' додека негова цел е подобро високо образование кое не се добива со никакви и избрзани реформи, туку со подробна работа и квалитетен закон. Затоа јас ова не го гледам како битка против Грујо туку како битка против политиката на Грујо. Против таа политика би се борел и Заев/БЦ да е на власт. (или некој сосема трет, не е важно)
 
Сакам да прашам нешто, па би замолил некој да ми одговори дали Студентскиот и Професорскиот Пленум е независен односно позади него не стои политичка партија?
Позади студентскиот пленум не стои политичка партија, независен е.
Професорскиот не го следам, нека одговори некој друг за нив.
 
И да стои политичка партија, едноставно си стојат со тоа „слободни граѓани кои дошле овде да покажат подршка на студентите против тиранијата и дикатурата“.

Така да нема никакви партии, све тоа таму слободни граѓани :angel:
 
Идејата за автономна зона е прекрасна според мене. Утре ќе се создаде и на техничките факултети поточно на Машинскиот факултет. Околу тоа со ќебиња/храна и слично не го сфаќајте пресериозно - идејата е собир на студенти каде сите придонесуваат по нешто во автономната зона. Мислам дека ова беше најлогичен чекор околу законот - кој надежно ќе биде комплетно турнат и ќе се создадат нови работни групи составени од пленумите, универзитетот и владата и ќе се донесе нов и НЕапсурден закон.

Нормално сите ние губиме од настава (засега 1 ден изгубивме без паника ве молам) но и професорите од средните училишта губеа од платите а сепак ја бојкотираа наставата - се со цел да имаме подобро образование. Треба малку да се даде до знаење кој е тука главен и на кој е универзитетот. (на студентите е инаку)
 
Во право си, треба да се знае на кого се државните универзитети.

А што е поточно поентата со автономната зона, ќе прогласуваат нова држава или?
 
Не е спорна идејата, спорно е тоа што бараат бланко поддршка без да се објасни кои им се чекорите, што сакаат да постигнат, зошто сакаат тоа да го постигнат, колку време ќе го прават ова, од каде има поддршка, последици за тие што ќе бојкотираат и ред други работи.
Најбитно од се е да дадат гаранција дека ја тоа време и пари што сум ги изгубил за бојкотирање нема да бидат залудни и нема да се случи пак да ги сменат наеднаш ставовите.
 
Ne sum siguren za mentorstvata, no menuvanjeto na programite 4+2 e od sledna akademska predvideno sto znaci kaj i da e trebashe da se pocne so usoglasuvanje.

Овдека се спомнува дека се одложени и наставните програми..

Со договорот во кабинетот на Груевски, се одлагаат одредбите за државен испит, за избори во звања, одредбите за нови наставни програми, одредбите за импелемантација на новиот систем од 300 на 360 кредити, се она што беше предмет на расправи и предмет на новите измени. Државниот испит е одложен на една година, за две години се одложени сите други одредби.
http://a1on.mk/wordpress/archives/447568
 
Овдека се спомнува дека се одложени и наставните програми..
Мислам дека ме праша кои од одредбите требаше да се применат веднаш (т.е. од септември) доколку не се донесеше мораториумот.

Во право си, треба да се знае на кого се државните универзитети.

А што е поточно поентата со автономната зона, ќе прогласуваат нова држава или?
Па не, не сакаме да бидеме обвинети за нарушување на уставниот поредок. :D Ама во овој случај навистина ќе биде тоа.
Автономна зона е симболично затоа што досега низ неколку измени и дополнување на ЗВО беше нарушувана автономијата на универзитетие. Ова е веројатно симболичен чин на враќање на автономијата.
Државните универзитети се на граѓаните на оваа држава, не на некој Адеми, Груевски или кој и сака нека е да си игра курташак со високото образование.
 
Последно уредено:
Значи програмите пак ќе останат 3+2 и 4+1...
Засега да, тоа е и сосема логично. Не гледам како со 360 кредити некој е се' уште мастер, т.е. магистер, а во еден куп држави со 360 кредити си доктор на науки.
 
Во Австрија и Германија например со 180 ЕКТС си со факултетска диплома односно после три години си дипломиран, а со 300 ЕКТС си магистер. Таму факултетите не се 4 години туку три години со 180 ЕКТС, нема дури ни 240 ЕКТС, има 180 ЕКТС и 300 ЕКТС ако сакаш да бидеш магистар например..
 
Па и кај нас тие што се 3+2 се така. Пример, Правен Јустинијан Први (иако според мене треба е 4 години додипломски).
 
Kajgana Shop

Back
На врв Bottom