Криминалниот фонд за здравство не одобрува пари за малата Тамара!

Статус
Затворена за нови мислења.
Член од
1 април 2012
Мислења
212
Поени од реакции
549
Искрено му било жал!? Да ви беше жал ќе помогневте и ќе го спасевте девојчето, а немаше да го оставите на немилост и на цедило!
Најмалку што можеш да направиш е да си дадеш оставка лицемеру еден!
Добро бе какви луѓе сте вие? Какво срце имате? Камено?
Како можете да имате мирна совест и да спиете како ништо да не било?
Заслужувате од лошо, полошо! И дај Боже да се исполни!

Греота за Тамара! Толку млада, слатка и полна со живот.
Нека почива во мир и нека и е лесна земја!
Сочувство до фамилијата и до роднините!
 
Член од
13 декември 2011
Мислења
504
Поени од реакции
816
А од каде ќе знаеш дали е ова здравство добро или не ако не го споредиш со некое предходно?
Можеби за некој ова е најдобриот модел на здравство кој Македонија некогаш го имала. Добра пропагандна машина и смрта на дете ќе го претвори во тријумф на власта во нејзините напори за добробит на пациентите, ако некој нема да го спореди тоа што го имавме и тоа што го добивме. Ти си на линијата на владеачката партија која не сака да ги споредува работите со минатото за да не излезе бројка на невработени, бројка на отворени фабрики, податоци за бесплатно здравство, школство, податоци за севкупна состојба на населението од сите аспекти.
Тамара не е жртва на еден човек кој ја утнал работата од невнимание или глупост или алчност. Таа е жртва на еден цел систем, и следниот кој ќе дојде на местото на Тодоров или било кој друг ќе ја спроведува политиката на тоиј систем, нема ништо да се промени.
Прво, подобро да ми кажеше дека сум свиња непрокопсана, отколку дека сум на линијата на владеачката партија.
Јас одговорив на човекот зашто сметав дека проба да го релативизира случајот со Тамара, зашто и во Југославија се случувале лекарски пропусти. Најпосле, едноставно не сакам да го споредувам здравството со она од пред 30 години, кога можам да го споредам со она во да речеме... Холандија денес.
 

Klin

Колце
Член од
6 јануари 2014
Мислења
4.406
Поени од реакции
7.857
Ако има нејзин потпис на документ со кој на малата Тамара и се одуговлечи лекувањето и кое доведе до смрт - вииновна е и на овој и на оној свет.
По донесената негативна одлука од првостепената комисија при ФЗО одлучуваше второстепената комисија чиј член сум јас. Мислењето кое го имавме добиено од ФЗО беше во насока на тоа дека ќе се отвори Спинален центар каде Тамара би била оперирана. Не сум експерт од областа на ортопедија и девојчето никогаш не беше пациент на Детската клиника. Решението го потпишав како претседавач, а не претседател на комисијата, која во мое отсуство едногласно одлучила според насокоите дадени од ФЗО а според кои ќе се чека отворањето на Спиналниот центар. Морам да нагласам дека со ставањето потпис на веќе донесеното решение сметав дека е во насока на убрзување на целата постапка, бидејќи без правосилно решение не може да се преземат останатите правни мерки. Моето потпишување или непотпишување на решението кое е објавено во медиумите немаше на никој начин да ја смени одлуката која се носи со мнозинство гласови од членовите на комисијата и која е само потврда на мислењето на првостепената комисија која е составена од специјалисти од областа на ортопедијата кои најдобро можат да ја проценат состојбата на детето“, вели Софијанова во писмена изјава.
http://makfax.com.mk/makedonija/opstestvo/sofijanova-podgotvena-sum-da-podnesam-moralna-odgovornost-kako-clen-na-komisijata-i-da-se-povlecam-od-taa-funkcija

Можеше да даде оставка, можеше да побара да го види чупето да се запознае со случајот, да се заинтересира...Убо им е кога земаат дневници и пари за членување во комисии со чии потписи влијаат на човечки судбини - дури и живот и смрт, али после некако се чудиме оти да одговарале ради тој потпис...
Таа вели дека многу и помогнала на мајката, ја советувала како да ја напише жалбата, правеле планови каде заедно да ја носат Тамара на операција. Ја одбрале Куба. Но, вели Фондот за здравство калкулирал, се барале опции каде поефтино ќе чини лекувањето.

„Душата ме боли за девојчето, но таа не беше педијатриски случај. Јас ја советував мајката на Тамара, доаѓаше кај мене, планиравме, плачевме заедно. Ниту една партија на светот не може да ме смени во однос на децата и нивното лекување. Затоа тешко ми падна кога луѓето почнаа да ми с е јавуваат и да ме прашуваат за случајот “ изјави видно вознемирена Софијанова.
http://novatv.mk/index.php?navig=8&cat=2&vest=20162

Според тоа што е изнесено во јавноста, не е претседател на комисијата потписот го става во својство на претседавач, запозната е со случајот, и според нејзината изјава лично контактирала со мајката и излегла во пресерт, значи Др Софијанова направила се што ти напиша дека требало, вклучително и понуди да поднесе оставка. Е сега се поставува прашање:кој ја пласира во јавноста на тој начин веста, да имплицира целосна одгвоорност на Др Софијанова? Веројатно единствена одговорност која ќе ја сноси е политичката поради „погрешниот дрес“ кој го носи, друго според ова што прочитав, во овој случај нема.
Лешинари се и едните и другите, тоа е факт.
Кај нас никогаш нема да се направи комплетно хронолошки чекор по чекор истражување на случајот, од овој момент па комплетна факторграфија да се направи за да видиме која калакурница сме, ако тоа можевме да го направиме тогаш немаше да ни се случуваат такви трагедии. Мора да постојат записници кој и како гласал, ако нема писмено образложение поднесено, тогаш може да се обезбеди, не е тоа комплицирано.

Кога сме кај чувството на вина, искрено жалам и согласна сум да ја прифтам вината доколку тоа му помогне некому мирно да спие. Подготвена сум да поднесам морална одговорност како член на Комисијата и да се повлечам од таа функција. Јас ја увидов грешката направена на комисијата и направив се што е во моја моќ да ја исправам во најкус можен рок. Нека овие тешки денови за семејството ни бидат лекција на сите нас. Што нé научи Тамара нас? Дека човечкиот живот е поважен од административните пречки, комуникацијата мегу институциите, соработката мегу сите засегнати органи. Ве уверувам дека како човек секогаш сум се залагала и се залагам за здравјето на децата. Тоа е моја примарна цел и моја животна битка и како лекар и како директор на клиниката а пред се како мајка“, заклучува Софијанова.
[DOUBLEPOST=1423685705][/DOUBLEPOST]
Нормално, нема да поднесе Тодоров, има опасност да пропее за тендерчињата. Језда оваа е полош лекар од Иван Исцелител али ипак, не е таа што е главен виновник тука.
Не знам каков доктор е, досега ништо негативно никаде не сум прочитал, напротив, ако имаш нешто конкретно да споделиш, изволте, а што се однесува до министерот за здравство и директорот на ФЗОМ, не ме ни интересира, не верувам дека и да поднесат оставка нешто суштинско ќе се промени, иако не е на одмет некој да понесе одговорност за промена...
 

Ilumious

Патник, педер, поет, администратор, масон
Член од
29 јануари 2007
Мислења
84.962
Поени од реакции
195.497
Не мора да споделувам ништо, доста споделував информации од здравството во државава али неосновано никого немам нападнато. Софијанова на татко и нека му захвали што е директорица/докторица денес. Ако мислиш да ги браниш крвопијциве, кажи си.
 

Klin

Колце
Член од
6 јануари 2014
Мислења
4.406
Поени од реакции
7.857
Не мора да споделувам ништо, доста споделував информации од здравството во државава али неосновано никого немам нападнато. Софијанова на татко и нека му захвали што е директорица/докторица денес. Ако мислиш да ги браниш крвопијциве, кажи си.
Ти ако сакаш да дојдеш на нивно место, може малку подиректен настап...само не ми е целта да падне жртвено јагне па да прогласи некој политичка победа и толку, а во суштина се останува исто. Напишав, лешинари се и едните и другите...
 

Ilumious

Патник, педер, поет, администратор, масон
Член од
29 јануари 2007
Мислења
84.962
Поени од реакции
195.497
Ти ако сакаш да дојдеш на нивно место, може малку подиректен настап...само не ми е целта да падне жртвено јагне па да прогласи некој политичка победа и толку, а во суштина се останува исто. Напишав, лешинари се и едните и другите...
Другар не треба да лета таа иако е типичен партиски полтрон. Рибата смрди од главата и Тодоров ако не си даде оставка џабе е кој било да лета.
 

мкд владе

arch-enemy
Член од
21 ноември 2009
Мислења
18.209
Поени од реакции
21.944
Другар не треба да лета таа иако е типичен партиски полтрон. Рибата смрди од главата и Тодоров ако не си даде оставка џабе е кој било да лета.
Искрено не сакав да се мешам во дискусијата пошто фрчат емоции на сите страни.
Но само сакам да прашам како оди одлуката, процедурата за кој ке оди а кој не на лекување во странство на товар на фондот.
Дали лекари ја потпишуваат таа одлука, дали фондот, комбинација од двата, министерот лично одобрува кој ке оди а кој не или ? Ако ја носи фондот дали и таму лекари пак одлучуваат или економисти, техничари, филозофи?
Жално е кога ке се изгуби човечки живот поради бирократија , лекарска негрижа посебно кога тој живот сега само што почнал и имало шанси да се спаси.
И јас сум за откази( не оставки) и кривични казни за одговорните и тоа многу повеќе од другите. Но пред да осудам некој би сакал некој да објасни како оди процедурата за носење на ваква тешка одлука од која на некој му зависи животот. Секако во кратки црти.
 

Ilumious

Патник, педер, поет, администратор, масон
Член од
29 јануари 2007
Мислења
84.962
Поени од реакции
195.497
Искрено не сакав да се мешам во дискусијата пошто фрчат емоции на сите страни.
Но само сакам да прашам како оди одлуката, процедурата за кој ке оди а кој не на лекување во странство на товар на фондот.
Дали лекари ја потпишуваат таа одлука, дали фондот, комбинација од двата, министерот лично одобрува кој ке оди а кој не или ? Ако ја носи фондот дали и таму лекари пак одлучуваат или економисти, техничари, филозофи?
Жално е кога ке се изгуби човечки живот поради бирократија , лекарска негрижа посебно кога тој живот сега само што почнал и имало шанси да се спаси.
И јас сум за откази( не оставки) и кривични казни за одговорните и тоа многу повеќе од другите. Но пред да осудам некој би сакал некој да објасни како оди процедурата за носење на ваква тешка одлука од која на некој му зависи животот. Секако во кратки црти.
Се известува фондот ако има таков проблем и министерот за здравство. Исто како што иде хиерархијата нагоре. :) Тоа што Тодоров бил директно информиран од мајката на детето и пак не презел ништо не му оди во полза... :)
 

мкд владе

arch-enemy
Член од
21 ноември 2009
Мислења
18.209
Поени од реакции
21.944
Се известува фондот ако има таков проблем и министерот за здравство. Исто како што иде хиерархијата нагоре. :) Тоа што Тодоров бил директно информиран од мајката на детето и пак не презел ништо не му оди во полза... :)
Сепак беше премногу кратко објаснувањето :)
Оваа лекарката што ја обвинуваат во која комисија учествуваше? Во таа на фондот ( ако има таква ) или во комисијата што дава предлог на фондот?
И друго ме интересира веќе кога сме тука. Ако оваа комисија дала зелено светло за некој да се лекува во странство дали има некој право да ја поништи таа одлука, било фондот , министерот, премиерот , претседателот.
Јас колку што сум запознаен со случајот( од вестите и тука чат пат) комисијата не дала зелено светло за Тамара да се лекува во странство од Х причини, само не ми е јасно чија е таа комисија и каква улога има. Дали е само советодавна па фондот може ама и немора да ја почитува нивната одлука, дали комисијата е на самиот фонд па таа коли и таа беси или како оди таа работа.
 

Ilumious

Патник, педер, поет, администратор, масон
Член од
29 јануари 2007
Мислења
84.962
Поени од реакции
195.497
Сепак беше премногу кратко објаснувањето :)
Оваа лекарката што ја обвинуваат во која комисија учествуваше? Во таа на фондот ( ако има таква ) или во комисијата што дава предлог на фондот?
И друго ме интересира веќе кога сме тука. Ако оваа комисија дала зелено светло за некој да се лекува во странство дали има некој право да ја поништи таа одлука, било фондот , министерот, премиерот , претседателот.
Јас колку што сум запознаен со случајот( од вестите и тука чат пат) комисијата не дала зелено светло за Тамара да се лекува во странство од Х причини, само не ми е јасно чија е таа комисија и каква улога има. Дали е само советодавна па фондот може ама и немора да ја почитува нивната одлука, дали комисијата е на самиот фонд па таа коли и таа беси или како оди таа работа.
Владе, што е битно кој која комисија каква комисија чуда ѓаоли врагови. Колку подолго објаснување треба? Зарем мислиш ти дека ова иде како што е замислено? Во ФЗОМ не се знае кој пие кој плаќа. Едно осигурање не можат да ти го средат ти викаш да објасни некој за комисиите како ги формираат и кој дава зелено светло. Еве комисијата не дала зелено светло, ами ако не дала зелено светло, што не нашле доктор тука? Ако не може наш доктор да реши некој случај, тогаш се предава случајот на комсија од ФЗОМ и таа треба да најде решение. Така да тие се првите виновници ако ја посрале. Софијанова е само една во низата неспособни, пропратна станица, ќе си иде колку да се стиши муабетот.
Министеров за овие години што е во здравството воведе таква бирократија, документација, глупости така да како што кажа Кларк Кент погоре ако добро памтам, лекарот е писар, финансов директор, правник во едно само не лекар. Заради вакви срања, комисии формирања, дај документи, препрати документи, дај факс, на ти печат си отиде девојчето. Сите што имате дома по некој лекар знаете како е усложнето се и лекарот се посветува на се`, само на пациентите не.

Да сумираме, здравствово е се` само не е тоа на телевизија што го претставуваат. Хаос и криминал невиден.

Едноставно е, треба да се спроведе истрага ама пред тоа мора да даде кленов оставка, што од морални причини, што од што е глуп. Затоа што ради него и тој терминот глупостите со кој испра едно туце пари по тендери чекаме за рентген и магнетоскопија најмалце 3 месеца а камоли девојчево што чекало толку.
 
Член од
2 јули 2009
Мислења
340
Поени од реакции
395
Нашите политичари треба да направат јасна граница што е разлика помеѓу кривичната и моралната одговорност!
Но наместо тоа тие го доведуваат народот во заблуда дека министерот не бил директно виновен за смртта на девојчето. Па мислам, хелоууу! Уште тоа фалеше, да биде директно виновен. Во таков случај, значи доколку се утврди дека одреден фунционер не постапувал согласно законот, доколку е директно виновен, постои ПРАВНА ОДГОВОРНОСТ по сила на законот, а не по волја на министерот/ функционерот.

Моралната одговорност е нешто сосема друго, за жал непознато во нашето општество на безрбетници. Освен правните норми, во секое нормално општество постојат и морални и обичајни норми, каде што санкцијата за непочитување не доаѓа од државата како репресија, туку од општеството во вид на потсмев, осуда и сл. Најголемата казна која доаѓа поради непочитување на тие морални норми е ПОТСВЕСТА НА СЕКОЈА ИНДИВИДУА! Уште да имаа совест и образ!

За жал, во нашата држава за цели 25 години независност само еден единствен министер си дал НЕОТПОВИКЛИВА ОСТАВКА. И тоа е страшно, жално и загрижувачки!!! Во современите држави министри даваат оставка за неплатена радио дифузна такса, за дадена изјава која предизвикала револт, за споменување на нивното име во некоја афера. Овде мува не ги лази.

Не удавија во бирократизам и формалности, триста комисии и одлуки, триста документи, па фалело ова па она, а човечки живот е во прашање.
Точно ова се потенцираше и кога беше ставен на дневен ред Законот за абортус, каде исто така се предвидуваа триста комисии и чуда, не земајќи се во предвид осетливоста и итноста на нешто како што е абортусот. Ама сето тоа беше завиено со една таква пропаганда дека абортусот е убиство, да многу малку луѓе успеаа да видат во какви срамни и бирократски постапки ја ставаат жената која треба да абортира и како и го загрозуваат здравјето чекајќи на сите тие одлуки и одобренија од најразлилни комисии. Негативните последици допрва ќе ги почуствуваме, само речи не дај Боже да ти затреба здравствена услуга во нашето здраватво.
Конкретно за случајот на малата Тамара(нека почива во мир) точно е дека девојчето ништо нема да го врати, но сметам дека имаме и морална и граѓанска должност да повикаме на одговорност, за да не се повтори никогаш повеќе!
И не е срамно да се побара одговорност, во ваков случај срамно е да се премолчи! Којзнае уште колку луѓе се заглавени во таа бирократска машинерија, за кои не ни знаеме?!? Значи луѓе не станува збор овде да извадиш имотен лист па да те моткаат по шалтери, за човечки животи и судбини се работи!
 

мкд владе

arch-enemy
Член од
21 ноември 2009
Мислења
18.209
Поени од реакции
21.944
Владе, што е битно кој која комисија каква комисија чуда ѓаоли врагови. Колку подолго објаснување треба? Зарем мислиш ти дека ова иде како што е замислено? Во ФЗОМ не се знае кој пие кој плаќа. Едно осигурање не можат да ти го средат ти викаш да објасни некој за комисиите како ги формираат и кој дава зелено светло. Еве комисијата не дала зелено светло, ами ако не дала зелено светло, што не нашле доктор тука? Ако не може наш доктор да реши некој случај, тогаш се предава случајот на комсија од ФЗОМ и таа треба да најде решение. Така да тие се првите виновници ако ја посрале. Софијанова е само една во низата неспособни, пропратна станица, ќе си иде колку да се стиши муабетот.
Министеров за овие години што е во здравството воведе таква бирократија, документација, глупости така да како што кажа Кларк Кент погоре ако добро памтам, лекарот е писар, финансов директор, правник во едно само не лекар. Заради вакви срања, комисии формирања, дај документи, препрати документи, дај факс, на ти печат си отиде девојчето. Сите што имате дома по некој лекар знаете како е усложнето се и лекарот се посветува на се`, само на пациентите не.

Да сумираме, здравствово е се` само не е тоа на телевизија што го претставуваат. Хаос и криминал невиден.

Едноставно е, треба да се спроведе истрага ама пред тоа мора да даде кленов оставка, што од морални причини, што од што е глуп. Затоа што ради него и тој терминот глупостите со кој испра едно туце пари по тендери чекаме за рентген и магнетоскопија најмалце 3 месеца а камоли девојчево што чекало толку.
Чекај сега малце полека. Јас само прашав како оди постапката, процедурата, синџирот на команда што би рекле. Нити бранам некој нити окривувам. Дали процедурата е во ред или не е во ред, на некој му е по кеф или не му е тука според мене е небитно. Таква е каква што е. Спрема таа процедура каква и да е кој треба да сноси одоговорност, тоа мене ме интересира. Ако оваа комисија дала зелено светло и некој над нив ја стопирал од само него познати причини тој би требало да сноси одговорност зошто ја стопирал. Ако комисијата не дала зелено светло( ни првостепената ни второстепената) таа треба да си сноси одговорност посебно ако истрагата докаже дека нивната одлука била погрешна. Ете затоа мене ме интересира процедурата. Мене искрено не ме интересира кој бил мотивот на нивната одлука да Тамара не оди во странство на лекување а требала. Дали биле под притисок, дали сакале да ја пуштат во некој наш сеуште ненаправен ценар или што. Никој во таа комисија не е насила однесен. Кој со врски, кој со пријатели, кој со знаење, битно сите доброволно се согласиле да бидат членови во таа комисија и биле платени за тоа. Чим биле платени и се своеволно таму тогаш нивната одлука има тежина и одговорност за погрешна одлука. Не врви тука изговор од типот јас имав притисок од некој погоре и затоа донесовме одлука каква што донесовме. Ако имале притисок нека си даделе оставки, ако сметаат дека процедурата не е во ред нека не членуваат во таа комисија. Сега ако им биле слатки парите од членувањето во такви комисии тогаш нека си ја сносат и одговорноста, а не јас имав притисок, процедурата не чини ама парите што ги добивам од таму арни ми се. Дали биле внуци на некој голем, дали партиски функционери, дали залутале таму мене искрено а ни тебе не би требало да те интересира. Битното што мене конкретно ме интересира во случајот е дали ако тие донеле позитивна одлука за Тамара дали таа ке се реализираше и ако донеле дали некој над нив( ако има таков ја блокирал). Ако донеле а некој друг ја блокирал тој некој ( кој и да е) нека си ја превземи одговорноста. Ако не донеле а истрагата докажи дека донеле погрешна одлука тие нека си ја сносат целата одговорност. Изговори зошто донеле таква одлука а биле свесни дека е погрешна нека си ја чуваат за по дома или за во келија. Ако немаат мадиња или свое јас во носењето на одлуките тогаш нека не членуваат во такви комисии и мирна глава.
Од изговори и кревање на раменици до ова тереџе сме дојдени. Никој нејки да превземи одговорност а сите сакаат голема и влијателна позиција и дебели сметки. Кога ке згусни некој друг е крив. Е така повеќе неможи и несмее. Време е да се тркалаат глави. Ако таа е министерската нека биди. Ако таа е на лекарите од комисијата тогаш нека се тркалаат нивните. Ако е на некој бирократ во фондот тогаш неговата. Битно време е да почнат да фучат откази, оставки и кривични. Па ко воли нек изволи.Никој со сила не ги тера. Но најбитно е дали процедурата е запазена( колку и да била лоша или добра таа) и дали синџирот на хиерархија е запазен. Без него ние само ке си нагаѓаме кој е крив, а одговорните ке си ја префрлуваат топката и ке најдуваат изговори и така се во круг до следниот немил настан и после пак одново.
 
Член од
3 септември 2010
Мислења
6.082
Поени од реакции
8.639
Моралната одговорност е нешто сосема друго, за жал непознато во нашето општество на безрбетници. Освен правните норми, во секое нормално општество постојат и морални и обичајни норми, каде што санкцијата за непочитување не доаѓа од државата како репресија, туку од општеството во вид на потсмев, осуда и сл. Најголемата казна која доаѓа поради непочитување на тие морални норми е ПОТСВЕСТА НА СЕКОЈА ИНДИВИДУА! Уште да имаа совест и образ!
Не можеш да очекуваш да поднесе оставка некој кој има развиено единствено ид.
http://mk.wikipedia.org/wiki/Ид_его_и_супер_его#.D0.98.D0.B4
 

Let 3

The Nipple Erector
Член од
13 јули 2008
Мислења
30.896
Поени од реакции
31.276
Според тоа што е изнесено во јавноста, не е претседател на комисијата потписот го става во својство на претседавач, запозната е со случајот, и според нејзината изјава лично контактирала со мајката и излегла во пресерт, значи Др Софијанова направила се што ти напиша дека требало, вклучително и понуди да поднесе оставка.
“Не сум експерт од областа на ортопедија и девојчето никогаш не беше пациент на Детската клиника. Решението го потпишав како претседавач, а не претседател на комисијата“

“Моето потпишување или непотпишување на решението кое е објавено во медиумите немаше на никој начин да ја смени одлуката која се носи со мнозинство гласови од членовите на комисијата и која е само потврда на мислењето на првостепената комисија која е составена од специјалисти од областа на ортопедијата кои најдобро можат да ја проценат состојбата на детето“

према ова и јас можам да бидам претседател на комисијата
нит треба да сум експерт по областа за која ставам потпис, нит треба да го знам пацијентот, нит потписот нешто би сменил во лекувањето
Ако госпожата имала осет за одговорност, чесност, требаше уште тогаш, пред да потпише, да даде оставка од место за кое не е експерт, и чиј потпис ништо не менува.[DOUBLEPOST=1423695299][/DOUBLEPOST]
Прво, подобро да ми кажеше дека сум свиња непрокопсана, отколку дека сум на линијата на владеачката партија.
Јас одговорив на човекот зашто сметав дека проба да го релативизира случајот со Тамара, зашто и во Југославија се случувале лекарски пропусти. Најпосле, едноставно не сакам да го споредувам здравството со она од пред 30 години, кога можам да го споредам со она во да речеме... Холандија денес.
Македонското здравство ќе си го споредуваш какво беше порано и какво е сега за да видиш напредок. Пошто со други земји - не е то споредба дали си мрднал напред или назат. Пропусти има и иво холандско здравство, и во канадско,, зборот мии е систем на здравство тогаш и сега. Во 80 десети Македонија имаше холандско здравство, сега има авганистанско.
 
Последно уредено:
Член од
15 август 2009
Мислења
2.023
Поени од реакции
4.873
види, околу парите не е баш така како што сега сите коментираат. Може да испаднат набрзина 100-ни случаи што имаат потреба од скапи операции и лечења во странство, мора да постои и филтер, затоа што ако се потрошат сите пари може од банални работи да страдаат многу луге и деца. Држи да се бара одговорност ако не се проценила итноста, а посебно ако се кочело итното праќање во странство поради наводно отварање таков центар тука...
Прочитај во еден пост убаво објаснив што е нашиот проблем, и да имаме наши доктор со пристапни цени, за нас се скапи увозната западна медицинска технологија...грото од скапите опреми се донации, ама таа опрема бара скапи репро матерјали и скапо одржување. Парите што ги издвојуваме се смешни
Знаеш ли колку пациенти ќе се пратат во странство со 18 милиони евра (предвидени за изградба на панорамско тркало) ?
Да не збориме за илјадниците други капитални срања за кои се фрлија милиони и милиони. Аек се пуни со пари си даваат плати од илјадници евра а нели треба да се непрофитаблни, што не се најде паметен да рече дај бе да ги пренасочиме сите профити од тие квази агенции за здравството. Не ни е здравството од вчера болка. Од секогаш ни е.
Овој случај беше медиумски покриен па предизвика револт и каква таква реакција. А колку ли има такви што не стигнале по медиуми а луѓе испоумирале поради лекарска несовесност и поради трулежот на целиот систем. И кај се оние од темата за тоа колку Numbeo е нерелевантен извор што не смести на дното на Европа во квалитет на здравството. Се кријат како глувци, едно сочувство не изразија. Уште тука читам приказни опзицијата профитала на туѓи трагедии. Или причата на сител дека родителите се среќни што им биле одобрени средства за другото дете. Абе мизерија, мизерија, беда сме од народ. Ми се блуе више од државата.
 
Статус
Затворена за нови мислења.

Kajgana Shop

На врв Bottom