Ќе се полага државен испит во 2-ра и 4-та година (Студентски пленум)

  • Креатор на темата Атомската мравка
  • Време на започнување
Член од
22 јули 2010
Мислења
32.528
Поени од реакции
81.967
Не ме разбираш.
Не мислев на тепачки со џандари и такви работи,мислев на блокирање настава и блокирање улици,автономни зони и тн.Тоа се радикални мерки. И ниедна од тие мерки не беше изведена коа имаше 10 000 на улица и кога владата не не ебеше 2%,а сеа коа законот е во мирување наеднаш се радикализираа? Тоа ми беше прашањето,што се смени :)
Готово, не сме се разбрале. Кога стануваше збор за радикализам, се спомнуваше Грција како најдобар пример а самото тоа знаеш на што асоцира.
Во врска со прашањето, што се сменило, ќе се повторам, ќе ти одговорат поупатените, ако имаат одговор, се разбира :)
 

Hyperz

Изгубен во времето и просторот...
Член од
13 август 2011
Мислења
715
Поени од реакции
423
Немора пендреци, сајтот на курир е joomla 1.5, верзија преполна со багови, сајтовите на владата исто така не се нешто посебно.
Ако се нема знаења за такво нешто, ddos нападите се ефтини, за ситна пара, може со денови да ги затворите владите медиуми.
Just sayin...
 
Член од
29 јануари 2015
Мислења
7.278
Поени од реакции
20.260
Готово, не сме се разбрале. Кога стануваше збор за радикализам, се спомнуваше Грција како најдобар пример а самото тоа знаеш на што асоцира.
Во врска со прашањето, што се сменило, ќе се повторам, ќе ти одговорат поупатените, ако имаат одговор, се разбира :)
Moже јас да му објаснам?

@Dimitar171 така е, падна каков-таков договор. Е сега кажи ми, денес во собрание ќе се дискутира за законот за хонорарци. Дали нашиот проблем е на дневен ред?
Ова е завршниот удар. Моментално тие се во незавидна ситуација. Со овој потег се прави завршниот притисок, за да се убрза целиот процес.
 
Член од
17 август 2011
Мислења
10.325
Поени од реакции
18.404
Moже јас да му објаснам?

@Dimitar171 така е, падна каков-таков договор. Е сега кажи ми, денес во собрание ќе се дискутира за законот за хонорарци. Дали нашиот проблем е на дневен ред?
Ова е завршниот удар. Моментално тие се во незавидна ситуација. Со овој потег се прави завршниот притисок, за да се убрза целиот процес.
Ама ми објасни,паднало каков-таков договор.Баш сеа?
Знае некој дека е формиран совет од универзитетскиот сенат,со 2ца членови пленумите кој ќе треба да го редефинираат новиот закон.Има во него други мерки освен екстерното тестирање а се далеку полоши и треба да се сменат.
Во незавидна позиција?Забораваш дека они ве викнаа и сами се поставија во таа позиција,претходно 1 месец пленумот беше клинички мртов.Не ви е малце сумљиво дека може да ве издриблаат некако?
 
Член од
29 јануари 2015
Мислења
7.278
Поени од реакции
20.260
Ама ми објасни,паднало каков-таков договор.Баш сеа?
Знае некој дека е формиран совет од универзитетскиот сенат,со 2ца членови пленумите кој ќе треба да го редефинираат новиот закон.Има во него други мерки освен екстерното тестирање а се далеку полоши и треба да се сменат.
Во незавидна позиција?Забораваш дека они ве викнаа и сами се поставија во таа позиција,претходно 1 месец пленумот беше клинички мртов.Не ви е малце сумљиво дека може да ве издриблаат некако?

Мене си ми нејасен. Преминуваш преку тоа што беа членови на Пленумот во кабинетот на премиерот да преговараат за мораториум на законот и носење нов, а ти смета форма на граѓанска непослушност баш во овие моменти кога и те како може да се убрза целиот процес.

Клинички мртов, не. Не пријател. Пленум што може да понесе маса од 10 000 луѓе не може да е никако мртов. Пред еден месец се стивна сето ова бидејќи дојдоа празници, колоквиумски, а баш тогаш на криминален начин во собрание се гласаше законот за високо образование.
Сега откако замина јануарскиот период, Пленумот и студентите се цврство на нозе.

Ти не викнале. Тие не можат да викаат. Не може премиерот да вика. Тој не е држава. Неговите надлежности се поинакви. Противуставно е еден човек да си ги спојува сите три функции на власта.

Но, кога веќе премиерот се дрзна да го направи тоа, тогаш тоа не беше да поради тоа што сакаше да даде живот на Пленумот. Туку поради тоа што неутрализирањето на студентите во оваа политичка констелација е неговата сламка за спас.
 
Последно уредено:
Член од
16 септември 2013
Мислења
702
Поени од реакции
691
Осеќам тешка параноја кај некои членови од форумов. Студентите окупираат, радувајте се, ова се нови и светли моменти за Македонија!
 

GordonGoldader

Brother Nature
Член од
18 јануари 2014
Мислења
445
Поени од реакции
599
Осеќам тешка параноја кај некои членови од форумов. Студентите окупираат, радувајте се, ова се нови и светли моменти за Македонија!
Со што се ова нови и светли моменти за Македонија?

Со ова ќе се реновираат студентските домови?
Со ова ќе се обезбедат лаборатории?
Со ова ќе се обезбедат услови во кои ќе се студира?
Со ова ќе се обезбедат нови читални во другите градови?
Со ова ќе се обезбеди бесплатен превоз за студентите што патуваат?

Сеа ги гледам на фб бараат храна, ќебиња и санитарни матерјали.
Зошто?
 
Член од
16 септември 2013
Мислења
702
Поени од реакции
691
Со што се ова нови и светли моменти за Македонија?

Со ова ќе се реновираат студентските домови?
Со ова ќе се обезбедат лаборатории?
Со ова ќе се обезбедат услови во кои ќе се студира?
Со ова ќе се обезбедат нови читални во другите градови?
Со ова ќе се обезбеди бесплатен превоз за студентите што патуваат?

Сеа ги гледам на фб бараат храна, ќебиња и санитарни матерјали.
Зошто?
Па ако сите седат зад компјутер и поставуваат глупави прашања ко твоите тогаш ништо нема да се промени. Ги следиш ли протестите од почеток, знаеш ли за што се протестира? Зошто поставуваш глупави прашања? (Извини, морав да ти вратам на прашањата со прашања). Темава е огромна, ако не знаеш зошто движењето на студентите е нов и светол момент, не можам во еден пост да ти преџвакам и доловам..
 

Bojan Van Buuren

Колектор
Член од
11 април 2008
Мислења
8.394
Поени од реакции
12.058
Туку тоа што велиш. Нека закачат 75% данок, нека зголемат ДДВ од 18% на 25%, и нека удрат уште 55% придонеси за пензиско и здравствено, и топ ќе биде. Бандери ќе процветаат од убавина. Птиците наместо на југ, кај нас ќе идат. Барем со здравствената легитимација да ни даваа и бесплатна ортома.

Шала на страна, ова ти е мерка за уште поголемо осиромашување на народот, зголемување невработеност и затворање на малите бизниси. 80% од вработените во државава работат во приватен сектор. Зголеми им даноци, и спореди колку од нив ќе останат на работа. Спореди колку нови работни места ќе се отворат, колку работни места ќе се затворат, колку ќе се зголеми сивата економија и даночна евазија.

Ако им закачиш прогресивни даноци, ако им ги зголемиш давачките кон државата, со тоа фактички ти го ограничуваш растот на фирмата. Ги го ограничуваш отворањето нови работни места. Тоа значи помалце вработени, пониски плати, затворање на мали бизниси и тн. Не се крева животен стандард со затворање работни места, туку обратно.

Збориш за разлика меѓу богати и сиромашни. За мене тоа е разлика помеѓу успешни и неуспешни луѓе (овде не ги сметам транзициските профитери и државните паразити). Тебе ти смета некој што се збогатил, некој што е успешен, способен, работлив, и сакаш да му земеш 75% од заработеното. Но, колку е ова праведно и исправно!? Кој курац да му извршиш легален рекет на некој кој е поуспешен од тебе, кој успеал сам да го заработи лебот, наместо да чека државата да му најде работа!?
Демек не требало капиталот да биде во рацете на мала група луѓе. Требало да биде во рацете на државата, односно уште помала група луѓе, и тоа политичари. :гик:

Нека не те лаже Грујо дека плаќаме најниски даноци. Точно, плаќаме низок персонален данок на доход и данок на добивка, односно 10%. Некои ова го сметаат за ниска стапка, а државата даночен рај. Но, има држави како Луксембург, Малта и не знам кој таму, кој плаќаат многу пониски даноци. Некаде воопшто не плаќаат. Во Хонг Конг на пример, 0% данок има.
Џабе ниски даноци, ако државата ти прави рекет на друг начин, ако ти ги зема парите по друга основа, ако имаш корумпирано судство и тн.

Така да, оваа кокошкава ретардирана Најчевска може само да го попуши. Не знам како може некој вака да резонира. Таа уствари сака да направи салто мортале. Сака тотално да ни ебе матер. А тоа што не видела власт веќе девет години, има матер да ни ебе ако дојде на власт.

Уствари, не знам зошто ти објаснувам. Според тебе овој брутал анал што ни го прави државава моментално, е малку, требало појако. Мали биле моментално даноциве, требало повисоки да бидат. :facepalm:

Грујо брате, ако читаш, удри појако, уште може да трпиме!
Убаво проба да ми ги извртиш зборовите на крајот ;)

Кој кажа дека овие даноци биле мали и дека сум барал зголемување на даноците ?
Тоа што мислам дека треба прогресивно оданочување не значи дека барам зголемување на сегашните даноци во нашиов сегашен даночен систем зошто тоа би било спротивно на идејата која ја промовира прогресивното оданочување, а тоа е богатите да плаќаат повеќе, а сиромашните помалку. Ако во сегашниот наш систем на рамни даноци се зголемат даноците сите ќе плаќаат високи даноци и да тогаш сиромашните ќе бидат во загуба.
Друга работа ми објаснуваш дека не плаќаме ниски даноци, нешто што и јас самиот го кажав, зошто кај нас иако имаме ниска даночна стапка од 10% паралелно со секое намалување на даночната стапка кое го имало до сега, се зголемувала даночната основа и на крајот имаме илузорно намалување на даноците. Луѓето плаќаат помала стапка ама плаќаат на поголема даночна основа или плаќаат ист данок како пред намалувањето.

Франција еве глеам пропаѓа од ден на ден, фирми се затвараат, сите странци бегаат од Франција итн...
Ок, Франција не е најдобар пример за споредување ама затоа и Франција ја спомнав само како пример за држава во која има прогресивен данок и држава која функционира нормално. Нигде не реков дека треба даночната стапка да биде 75%. Дури и да биде 75% цело време збориш како таа стапка дека ќе ја плаќаат сите, што не е уопште точно.

Немало да има нови работни места...
Еве сеа иаме рамен данок и најниска (или една од најниските) даночни стапки во Европа. Кај се странците ?
Висината на данокот не е пресуден за странците дали ќе доаѓаат или не во нашава земја и дали ќе градат фабрики или не.
Кој нормален бизнисмен ќе дојде да гради фабрика кај нас кога неаме нормален автопат према Косово ?
Кој нормален бизнисмен ќе дојде да гради фабрика кај нас кога гледа дека имаме корупција пар екселанс ?
Кој бизнисмен ќе дојде да гради фабрика кај нас кога имаме работна сила со најниска продуктивност ?
Данокот не е пресуден за бизнисмените. Да беше како што викаш ти во Франција сеа немаше да има ниедна странска фирма.

Ако за тебе односот богат-сиромашен е уствари однос успешен-неуспешен тогаш дај да ги укинеме социјалната помош и јавното здравство, па кој е успешен и кој има пари нека си плати па нека се лечи или кој е успешен нека живее, а другите ќе ги гледаме како умираат од глад по улици...
Ај ако не и на овие сеа што им се уништи се у поплавиве нема да бараме државата да им надомести, па шо ги ебам нека цркнат, не биле успешни да се заштитат на време...

Многу ми е гајле дали на некоја компанија или на некој од богаташине у државава ќе им се свиѓа што ќе плаќаат повисок данок, ако тоа значи дека ќе се намали разликата меѓу богатите и сиромашните. Навечер не можам да спијам и се мислам како ќе ги погледам у очи оние што се фалат со ајфони, со скапи коли, со секојдневни ручеци во Пелистер и Воденица, што шетаат насекаде низ светов...

Минатата недела видов слика што ме потресе како човек. Од едната страна на Вардар имаме Државен архив на Македонија, МНР, споменици, мостови, а од другата страна таму кај сувенирницата имаме луѓе што запалиле оган за да се згреат. Ако ти на вакви слики гледаш како успешен-неуспешен и забораваш дека нашево општество е засновано и на принцип на солидарност, тогаш браво за тебе :)

Убаво тој некој шо бил успешен и што заработил повеќе. Браво за него. Ама општеството се базира на солидарност и он треба да осеќа морална обврска дека треба да даде повеќе.

Битно секогаш ќе се жалиме дека имаме лошо здравство, дека студентите живеат во мизерни услови, ама у исто време и ќе бегаме од тоа прогресивно оданочување. Не викам дека се ќе биде совршено ако имаме прогресивен место рамен данок, ама прогресивниот е добра основа за социјална правда, нешто што мене ми е многу поважно од тоа дали некој батко ќе јаде секој ден у Пелистер или не.[DOUBLEPOST=1423675532][/DOUBLEPOST]НОВА Студентите го окупираат и Правниот, ќе спијат на факултетите

Барале конечно исполнување на нивните барања...

Кои се вашите барања бе, укинување или одложување ?
Кој кур прифативте одложување ако нејќете одложување ?

Да ви се намочам на тој мегафонот што ми брчеше 15 минути дур имав предавање и што не можев да слушнам ништо од тоа што го збореше професорот !
 
Последно уредено:

Con Artist

the man with the key
Член од
1 мај 2012
Мислења
5.333
Поени од реакции
21.648
@Bojan Van Buuren
Пријателе, прогресивен данок ќе им ебе матер на малите бизниси кај нас, немој да ми кажуваш дека рози ќе цветаат ако се воведе. Како што кажа, тебе не ти е гајле дали некоја компанија ќе плаќала повисок данок, ама како што кажав претходно, 80% од луѓето што се во работен однос, работат во приватен сектор. Зголемени давачки на компанијата кон државата, резултира со намалени плати, отпуштања од работа, помалку вработувања и тн. Немој да мислиш дека работодавецот од џеб ќе ги дава тие пари, за солидарност. Пак ќе ги врати, но по друга основа. Ќе проба да го амортизира товарот наметнат од државата.

Сега фирмите се преоптеретени, едвај опстојуваат на пазарот, а не па да им закачиш прогресивен данок. Знаеш ли колку фирми се блокирани со сегашнава фискална политика!?

Она што треба да се направи е да се намали државниот интервеционизам во економијата. Да се намали арачот што го зема државата за да може да отплатува 160,000 паразити на државна цицка, по тројца на едно работно место.

И не ги мешај оние најранливите и најсиромашните категории во муабетот за успешни и неуспешни. Баш напротив, државата треба најмногу на нив да се фокусира, на оние лица кои не се способни да се снајдат на пазарот, хендикепирани лица. Да обезбеди некорумпирано судство и тн.

Јебемти солидарност ако државата ти ги собере парите против твоја волја. За така сите знаеме. Најлесно е да им ги собереш парите на тие што имаат. И немој жити се Франција да ја спомнуваш. :ROFLMAO:

Да не ја труеме темава со оф-топик, може муабетов да го продолжиме по ПП.[DOUBLEPOST=1423676300][/DOUBLEPOST]Еве ја таа твоја социјална правда што ја бараш. Вака би изгледала.

 
Последно уредено:

Сталкерот

Резидентен космонаут
Член од
5 јуни 2012
Мислења
5.762
Поени од реакции
7.594
Кои се вашите барања бе, укинување или одложување ?
Кој кур прифативте одложување ако нејќете одложување ?

Да ви се намочам на тој мегафонот што ми брчеше 15 минути дур имав предавање и што не можев да слушнам ништо од тоа што го збореше професорот !
Децана што отидоа кај премиерот не беа одбрани од студентите, од Студентскиот Пленум. Она одложувањето не беше прифатено од Пленумот. Тоа што си направи некој личен маркетинг не значи дека бил постигнато некакво легитимно разбирање или договор.
Како иначе ќе го објасниш она што ти се случувало за време на час?
 
Член од
21 мај 2008
Мислења
11.025
Поени од реакции
11.666
Децана што отидоа кај премиерот не беа одбрани од студентите, од Студентскиот Пленум. Она одложувањето не беше прифатено од Пленумот. Тоа што си направи некој личен маркетинг не значи дека бил постигнато некакво легитимно разбирање или договор.
Како иначе ќе го објасниш она што ти се случувало за време на час?
Еве уште еднаш истата шпекулација. Ај прочитај ми дел од мислењата на претходните страни пред да ме цитираш.

Иначе леле Бојан, уреду е, 15 минути, биг дил. :D
 

Bojan Van Buuren

Колектор
Член од
11 април 2008
Мислења
8.394
Поени од реакции
12.058
Децана што отидоа кај премиерот не беа одбрани од студентите, од Студентскиот Пленум. Она одложувањето не беше прифатено од Пленумот. Тоа што си направи некој личен маркетинг не значи дека бил постигнато некакво легитимно разбирање или договор.
Како иначе ќе го објасниш она што ти се случувало за време на час?
А како тогаш Пленумот застана зад одложувањето ако не го прифатиле ?
А тоа што се случувало за време на предавање ми е како некој со сила да ме тера да им се приклучам. Ја ете нејќам да им се приклучам се додека не добијам детално објаснување што тоа они планираат, што сакаат да постигнат со тоа, зошто го избрале баш овој начин, како ќе се спроведува тоа што го замислиле, од кој имаат поддршка, кои ќе бидат последиците...
Се дур они не дадат такво објаснување немаат право да го реметат тоа за што ја плаќам.[DOUBLEPOST=1423676933][/DOUBLEPOST]
Еве уште еднаш истата шпекулација. Ај прочитај ми дел од мислењата на претходните страни пред да ме цитираш.

Иначе леле Бојан, уреду е, 15 минути, биг дил. :D
Не е у реду, нервира тоа сирената... :D
 

комшијаTи

Комшија Ти
Член од
21 ноември 2013
Мислења
6.325
Поени од реакции
5.434
Убаво е ова што се прави да се притисне власта од сите страни сега не знам што сте се фатиле за тоа одложување наместо сите да дадат подршка и да нема раздор меѓу нас.
Е нешто што мене не ми е логично и ме интересира што ќе се постигне со бојкотирање на настава зашто не ми се губи настава трошам многу пари патувам секој ден Куманово - Скопје и тоа нема никој да ми го надополни ама ако грешам ќе им се придружам само да објаснк некој и врска со ова.
 

Kajgana Shop

На врв Bottom