Па нив ги прими тогашната актуелна влада на Република Македонија, иако не беше обврзана да ги прими бегалците. И не го заборавај фамозниот говор на Борис Трајковски, кој говореше дека Македонија може да ги згрижи сите тие бегалци.
Истото важи и за бегалците од источна Украина. Русија ако сака, може да ја затвори границата на тие места и да не прима бегалци, но сепак ги прима.
Но има еден проблем во твојата споредба. Според тебе и таквите како тебе, Русија е агресорот во оваа војна.
Македонија од друга страна, не беше на ниту една страна во косовскиот конфликт, но благодарејќи на Трајковски и таквите како него кои тогаш беа на власт, ни се случи војната во 2001 година.
Но ако Русија е вистинскиот агресор во оваа војна, што бараат тогаш невините Украинци да бегаат на територијата на агресорот ?
До толку немаат национална самопочит ?
Ако немаат национална самопочит, човек треба да се запраша како воопшто успеале да се изборат за слободана и независна украинска држава. Колку иронично, истото го мислам и за нас Македонците.