И тоа ги прави етнички Руси?
Кога косоварите бегаа во Македонија додека Милошевиќ ги колеше, тоа ги правеше нив македонци?
Па нив ги прими тогашната актуелна влада на Република Македонија, иако не беше обврзана да ги прими бегалците. И не го заборавај фамозниот говор на Борис Трајковски, кој говореше дека Македонија може да ги згрижи сите тие бегалци.
Истото важи и за бегалците од источна Украина. Русија ако сака, може да ја затвори границата на тие места и да не прима бегалци, но сепак ги прима.
Но има еден проблем во твојата споредба. Според тебе и таквите како тебе, Русија е агресорот во оваа војна.
Македонија од друга страна, не беше на ниту една страна во косовскиот конфликт, но благодарејќи на Трајковски и таквите како него кои тогаш беа на власт, ни се случи војната во 2001 година.
Но ако Русија е вистинскиот агресор во оваа војна, што бараат тогаш невините Украинци да бегаат на територијата на агресорот ?
До толку немаат национална самопочит ?
Ако немаат национална самопочит, човек треба да се запраша како воопшто успеале да се изборат за слободна и независна украинска држава. Колку иронично, истото го мислам и за нас Македонците.