Исламска држава - појава, развој на настани, можен исход.

  • Креатор на темата Креатор на темата oon
  • Време на започнување Време на започнување
Е дури сега ја откри Америја... топла вода измисли...

Џон Меккејн и Џон Кери го напаѓале Путин, а молчеле за режимот во С. Арабија... не знам што има врска тоа со наводната „помош“ која ВЛАСТИТЕ на С. Арабија му ја праќаат на ИСИС?!?

А да го проучувам Кери нема потреба... прочитана книга е тој! Една најобична пачавра повеќе се држи до зборот од него! Еве повели па ти проучи го сенаторот.. стр. 16-17:nesumjas:

http://republika.mk/arhiva/broj24/

(точно 2 год. поминаа од кога е објавена статијата)

Но ти никако да го откриеш Арабискиот Полуостров и да измислиш топла вода, бидејќи во спротивно не би велел дека Саудиска Арабија нема никаква поврзаност со ИСИЛ/ИСИС/ИД.
 
Последно уредено:
Но ти никако да ја откриеш Саудиска Арабија и да измислиш топла вода, бидејќи во спротивно не би велел дека Саудиска Арабија нема никаква поврзаност со ИСИЛ/ИСИС/ИД.

Има бе... кој рече дека нема??

10422302_908341015863882_5282762150634809925_n.jpg

Ете принцот летки му фрла... изгледа содржината на летките се упатства како да настапуваат понатаму во војната!

PS. Од прва рака имам доверлива информација дека ова го пишеше во летките
 
Последно уредено:
Турција и Израел имаат најголема корист од ИСИЛ, и сосема е во ред да се претпостави и дека најмногу му помагаат.

Можеби на почеток беше и СА, ама сега веќе не е, затоа што ИСИЛ претставува сериозна закана за режимот таму.
 
Има бе... кој рече дека нема??

10422302_908341015863882_5282762150634809925_n.jpg

Ете принцот летки му фрла... изгледа содржината на летките се упатства како да настапуваат понатаму во војната!

PS. Од прва рака имам доверлива информација дека ова го пишеше во летките

Можам само да замислам колку принцот ги заплашува истите исламистички ѓубриња кои неговата фамилија официјално ги напаѓа, а неофицијално ги финансира и ги вооружува.

Сигурно повеќе им се тресат ташаците од пустинскиот студ во ноќта отколку од летките на принцот.
 
Кога Колин Пауел излезе со слики од наводни инсталации за производство на оружје за масовно уништување пред Организацијата на Обединетите Нации, САД експресно го нападнаа и го окупираа Ирак.

Кога се случи труењето со сарин нервен гас во Сирија, САД и западот се подготвуваа за бомбардирање на Сирија, но во последен момент ги премисли Русија откако Владимир Путин им кажа да размислат два пати пред да направат било што.

Но сега, кога има тврдења дека ИСИЛ/ИСИС/ИД користат хемиско оружје против ирачката војска, САД и западот некако ги нема. Најверојатно бидејќи Ирачаните во нивната борба против ИСИЛ/ИСИС/ИД - исто како и Нигеријците во нивната борба против Боко Харам - не се приоритет на САД и на западот, поважна е хунтата во Киев, која планираат да ја вооружуваат.

http://www.idividi.com.mk/vesti/svet/978748/index.html

ИД употребила хемиско оружје во борбите против ирачката војска

Објавена на 10 02 2015 14:19:24

Извор: МИА

Ahmet_Uzumdzu.jpg

Токио, 10 февруари 2015 (МИА) - Џихадистичката група Исламска држава (ИД) употребила хлор во судирите против ирачките вооружени сили, изјави денеска во Токио генералниот директор на Организацијата за забрана на хемиско оружје (ОЗХО), Ахмет Узумџу.

Според информации на организацијата, добиени од властите во Багдад, хемиското оружје било употребено во октомври минатата година северно од ирачкиот главен град, но во нападот немало жртви.

Претходно денеска шефот на ОЗХО истакна дека организацијата располага со неофицијални податоци дека ИД се обидува да се снабди со хемиско оружје.

- Ако ИД успее да произведе или да се снабди со хемиско оружје, тоа ќе претставува општа опасност. Поради тоа треба да се зајакне меѓународната контрола врз вакви материјали, истакна Узумџу.
 
Но сега, кога има тврдења дека ИСИЛ/ИСИС/ИД користат хемиско оружје против ирачката војска, САД и западот некако ги нема.

Не бе ич, Аладин со волшебното килимче е тој што секојдневно пушта бомби врз ИД.
 
Не бе ич, Аладин со волшебното килимче е тој што секојдневно пушта бомби врз ИД.

Да бе, исто како и во 2003 година кога му се нафрлија на Садам Хусеин со се и сешто за да го соборат злосторничкиот диктатор од власт и за да ги најдат оружјата за масовно уништување за кои подоцна се испостави дека воопшто и не ни постоеле, а денес Аладин фрла дрва и камења со волшебното килимче по овие радикални исламистички ѓубриња.
 
Шо разбирате бе вие од дубоко орање... :facepalm:

Властите на Саудиска Арабија и Катар биле најголем спонзор на ИСИС?!?

1. ИСИС јако му го ебава бизнисот на С. Арабија и Катар со нафтата...
2. И Саудите и Катар ги бомбардираат ИСИС и за разлика од ОАЕ и Мароко не се откажуваат и планираат да одат до крај.
3. Саудиска Арабија осуди на смрт пилот од нивната армија кој одби да учествува во бомбардирањата, а од друга страна кралот на Саудите пред некој ден го прати синот (принцот) како пилот да бомбардира, знаејќи дека со една грешка можи да го снајди судбината на Јорданецот.
4. ИСИС изврши напад на Саудиска Арабија и уби неколку воени лица со чин, а заради тоа веќе почнаа да градат ѕид 1000 км, на границата. (хм... одлично спонзорство).

Доста е засега...
Да бе, ич не се криви саудијците за ИС. Само фактот што првиот саудиски крал го измисли и поддржа вахабизмот.

Саудијците имаат скоро непостоечка федерална власт, моќта ја држат стотиците принцови/шеици и скоро секој има различна агенда, тоа што саудијците ги бомбардираат ИС не го менува фактот што едни од најголемите нивни финансиери се дел од саудијското кралско семејство.[DOUBLEPOST=1423605046][/DOUBLEPOST]
Да бе, исто како и во 2003 година кога му се нафрлија на Садам Хусеин со се и сешто за да го соборат злосторничкиот диктатор од власт и за да ги најдат оружјата за масовно уништување за кои подоцна се испостави дека воопшто и не ни постоеле, а денес Аладин фрла дрва и камења со волшебното килимче по овие радикални исламистички ѓубриња.
Кутриот пацифист Садам го симнале од власт нелегално, пред американската инвазија Ирак беше оаза на мирот и просперитетот.
 
Садам поседуваше и активно употребуваше оружја за масовно уништување, како во неговата земја, така и надвор од неа. Плус жестоко ги тероризираше соседите, војуваше со кој ќе му текни.

А сигурно имало вакви коментари како твојов после Заливската војна, зошто САД не го довршија Садам...
 
Кутриот пацифист Садам го симнале од власт нелегално, пред американската инвазија Ирак беше оаза на мирот и просперитетот.

Поимите Ирак и кланица се поврзаа заедно после 2003 година, а не претходно, па сега ти прави си математики што е оаза на мирот и просперитетот, а што не е.

Садам поседуваше и активно употребуваше оружја за масовно уништување, како во неговата земја, така и надвор од неа. Плус жестоко ги тероризираше соседите, војуваше со кој ќе му текни.

А сигурно имало вакви коментари како твојов после Заливската војна, зошто САД не го довршија Садам...

Навистина ?

Па каде се бе човек ?

Никако да излезат на виделина и после 12 години од американската инвазија на Ирак.

Или човештвото е толку слепо за да не ги види тие оружја за масовно уништување ?
 
Поимите Ирак и кланица се поврзаа заедно после 2003 година, а не претходно, па сега ти прави си математики што е оаза на мирот и просперитетот, а што не е.

Навистина ?

Па каде се бе човек ?

Никако да излезат на виделина и после 12 години од американската инвазија на Ирак.

Или човештвото е толку слепо за да не ги види тие оружја за масовно уништување ?
Оправдување на режимот на Садам Хусеин е врв на игнорантност и непознавање на ирачката и блиско-источната историја пред 2003-та.
Хусеин се подјебаваше со proliferation treaty.
Хусеин константно вршеше терор, рекет па и војни со соседите во обид да ја контролира целата нафта во регионот.
Хусеин вршеше геноцид врз своите луѓе, врз курдите и врз иранците.
Хусеин собираше, финансираше и користеше интернационални криминалци, Ал Каеда лидери и вахабисти, си ги собра сите во Багдад.

Хусеин сакаше да ги прецртува границите во околината, арно ама америте се империјалистите. Дај не ме заебавај.

Голема грешка направи Буш сениор што се испичка и не ја заврши работата уште во 91-ва.
 
Навистина ?

Па каде се бе човек ?

Никако да излезат на виделина и после 12 години од американската инвазија на Ирак.

Или човештвото е толку слепо за да не ги види тие оружја за масовно уништување ?

Поседуваше и употребуваше во македонскиот јазик означуваат минато време.

Некои од нападите со хемиско оружје кои одделно зедоа и по десетици илјади животи:

http://en.wikipedia.org/wiki/Halabja_chemical_attack
http://en.wikipedia.org/wiki/Iraqi_...he_Iran.E2.80.93Iraq_War.2C_1983.E2.80.931988

Инаку, класификацијата на хемиските оружја што ги користеше Садам се оружја за масовно уништување. Не секое хемиско оружје е оружје за масовно уништување.
 
Оправдување на режимот на Садам Хусеин е врв на игнорантност и непознавање на ирачката и блиско-источната историја пред 2003-та.
Хусеин се подјебаваше со proliferation treaty.
Хусеин константно вршеше терор, рекет па и војни со соседите во обид да ја контролира целата нафта во регионот.
Хусеин вршеше геноцид врз своите луѓе, врз курдите и врз иранците.
Хусеин собираше, финансираше и користеше интернационални криминалци, Ал Каеда лидери и вахабисти, си ги собра сите во Багдад.

Хусеин сакаше да ги прецртува границите во околината, арно ама америте се империјалистите. Дај не ме заебавај.

Голема грешка направи Буш сениор што се испичка и не ја заврши работата уште во 91-ва.

Значи сега Буш Постариот е тој кој не ја завршил работата во 1991 година.

А овие останативе теократски режими кои се на власт во останативе држави со мнозинско муслиманско население, зошто САД и западот ги поддржуваат нив ?

Кога веќе ги вадиш на маса злосторствата на Садам Хусеин, дај да ги извадиме на маса и секојдневните камшикувања, сечења раце, обезглавувања, бесења и бројни други злосторства против човештвото кои се регулирани со закон во државите со мнозинско муслиманско население, а во кои се на власт теократски режими со кои САД и западот си ракуваат раце.

Во теократските држави во кои на власт е исламистичкиот шеријат, доколку жена биде силувана, мора да има 4 сведоци кои ќе го потврдат силувањето, а сведоците мораат да бидат мажи и мораат да бидат муслимани.

Доколку не успее да ги обезбеди овие 4 потребни машки муслимански сведоци, жената која била жртва на силување, ќе биде осудена за неверство, за што и следува казна која варира - во прекрасните арапски раеви со тие убавите облакодери и вештачки островчиња како Дубаи и Абу Даби, жената ја чека затворска казна, во Саудиска Арабија ја чекаат 100 камшика, а во Иран ја чека каменување до смрт.

Ај оправдај ги овие тоталитаристички режими и нивните злосторства.

Или и нивното оправдување е врв на игнорантност и на непознавањето на блискоисточната историја пред 2003 година ?

Поседуваше и употребуваше во македонскиот јазик означуваат минато време.

Некои од нападите со хемиско оружје кои одделно зедоа и по десетици илјади животи:

http://en.wikipedia.org/wiki/Halabja_chemical_attack
http://en.wikipedia.org/wiki/Iraqi_...he_Iran.E2.80.93Iraq_War.2C_1983.E2.80.931988

Инаку, класификацијата на хемиските оружја што ги користеше Садам се оружја за масовно уништување. Не секое хемиско оружје е оружје за масовно уништување.

Е каде беа САД и западот да го соборат Садам Хусеин тогаш ?

Или бидејќи и понатаму ја вршеше трговијата со нафта во долари, му дозволија да им пројде низ прсти, па го оставија за да го соборат после 15 години ?
 
:facepalm:
А? Хемиско оружје, нешто?
Ај сега прашај кај беше Сталин на одмор `52ра...
 
:facepalm:
А? Хемиско оружје, нешто?
Ај сега прашај кај беше Сталин на одмор `52ра...

А ? Преплашени биле дека Садам ќе го употреби хемиското оружје на нив ?

Леле извини, заборавив дека и американците се најобични смртници како мене и тебе.

Мислев дека беа најмоќната нација на светот, барем така ги нарекуваат во американските филмови, но очигледно и нив премногу сериозно ги сфаќам. :pos:
 
Kajgana Shop

Back
На врв Bottom