Криминалниот фонд за здравство не одобрува пари за малата Тамара!

Статус
Затворена за нови мислења.

levell5

Superlative Сasual Dating - Real-life Girls
Член од
29 јануари 2011
Мислења
397
Поени од реакции
219
На шител кој маркетинг си го тераат страшно. Родителите да се среќни позитивно е одлучено и за другото дете.Како си ја вртат само.Болни луѓе.Никаква одговорност не покажуваат. Овие не се луѓе што ја водат државата.Убијци.
 
Член од
2 август 2011
Мислења
383
Поени од реакции
653
Значи вака Тодоров, не може да убиеш дете и да речеш „Жал ми е“ свињо една безобразна.
 

leandra

Модератор
Член од
25 јануари 2007
Мислења
23.641
Поени од реакции
38.562
Видов вчера што се случило, срцето ми се стегна, неможев да заспијам мислејќи на ова јадно дете, што никому ништо не згрешило...
Незнам што да кажам, незнам каква клетва да изустам, за 30 000 евра, згасна животот на едно мало дете...
За 30 000 евра...
А толку пари на глупости се трошат...
Бугаркана за патни трошоци зема 25 000 евра еј за патни трошоци!
Пеачите од Србија на плоштади низ Прилеп, Скопје, Куманово, Струмица земаат над 30 000 евра.
Сервисот за ручање на Претседателот наш насушен чини повеќе од 10 000 евра.
Платите кои ги земаат месечно во Фондот се над 500 евра.

За што зборуваме? За убиство на деца во МКД? Ова е класично убиство. И колку деца чекаат на ред, на милостиња од Светиот Фонд.

И нему му е жал? Озбилно министере?
 
Член од
21 јануари 2009
Мислења
8.115
Поени од реакции
8.224
http://novatv.mk/index.php?navig=8&cat=18&vest=20158

Еве го можеби главниот виновник за смртта на малата Тамара.

Убијци!
Искрено, за оваа жена, ретко кој има лошо нешто да каже, и тоа зборувам за нејзини пациенти, односно родители на нејзини пациенти.
Не верувам дека баш таа би била личноста која би оспорила нечие лекување, знаејќи колку лично се вложува.
Меѓутоа... никогаш не се знае.
 
Член од
25 март 2012
Мислења
8.456
Поени од реакции
4.960
Викаа дека градат споменици за да се подигне националната свест, а има ли подобар начин за подигање на националната свест од помагањето и финансиски решавањето на овие случаеви...
 
Член од
12 март 2009
Мислења
19.988
Поени од реакции
16.043
денес сабајле на канал 5 имаше разни к*ро тресини се бунеа зошто да плаќале допринос за здравство и пензиско од хонорарот, па еден рече јас не сакам ни да користам здравство, друг кажа не ми треба пензија... никој не разбира дека кај нас здравството мора да биде на солидарна база, еве има луѓе што издвојувале за здравство на плата од 1000 евра па не биле никогаш на доктор а и пензијата е лимитирана на 36000 без обзир колку си издвојувал, но овие со дебелите хонорари само галамат. Проблемот наш е што сме независни во здравството од скапи увозни ресурси. Еве нека платите на врвните хирурзи бидат знатно помали ,не само од ЕУ туку и од регионот, соодветно на просечната плата, пак секој потребен елемент за лекување, било за операција, било реагенс за лабораториска анализа кој е од увоз од Европа и УСА е скап за нас. Има и бетер, н.пр. Бангла Деш не да немаат доволно ни доктори ни опрема ни лекови, туку им недостасува и супституција, нивните традиционални селски надри лекари, па владата нивна организира тие да дејствуваат и далечински, преку интернет а болните во села да одат во интернет кафе и таму да добиваат онлајн интервенција од надрилекарот.
А нашите проблеми допрва ќе доаѓаат, се повеќе сме изложени на неповолни работи, имаше епидемија на афлатоксинот на цел Балкан, исто така се заканува и нилската треска. А ооследици тек ќе има од големото загадување....
 

Cappie

Vincere non è importante: è la sola cosa che conti
Член од
29 мај 2008
Мислења
1.914
Поени од реакции
307
Ах таа кожна фотелја толку посакувана. Секакви :гомце::гомце: ќе се изнајадат, само да не станат од таму. Море кожата да им се залепи за истата, цел живот по нив да си ја влечат како полжави. :mad:
 

Рудници и

ООЗТ Рудници и железарница - Скопје
Член од
9 декември 2009
Мислења
12.145
Поени од реакции
18.173
Докторкава беше единствената која го прифати ризикот за транспорт на Јован Колоски до Љубљана кога сите колеги го отпишаа детето...како се заплеткала во ова, не знам.Ја натерале?

http://fokus.mk/sofijanova-jas-sum-potpishana-shto-ne-znachi-deka-se-soglasuvam-so-odlukata/


-Не сум претседавач на комисијата која одлучуваше за Тамара, само ја менував Анастасика Поповска која е всушност претседател на Второстепената комисија, но…

Фокус 10 фев 2015, 22:55

-Не сум претседавач на комисијата која одлучуваше за Тамара, само ја менував Анастасика Поповска која е всушност претседател на Второстепената комисија, но сум член во комисијата. Јас сум поптпишана на местото на Анастасика Поповска, што не значи дека се согласувам со одлуката. Одлуката дојде од повисоко ниво??? се чекаше да се отвори новиот спинален центар за таму да се лекува малата Тамара. Јас во тој период не бев во државата, а одлуката се донесе по телефон –изјави за ТВ НОВА докторката Аспазија Софијанова.

Според Софијанова, одлуката за лекувањето на деветгодишната Тамара Димовска, која почина вчера, се договарала по телефон, затоа што таа не била во државата во тој момент.

Софијанова објаснува дека не била претседавач на Комисијата, туку само ја менувала доктор Анастасика Поповска, инаку мајка на министерот за надворешни работи, која била болна во тој период.

Битоно тука и се оние стандардни објави за 3000 вработени, одбрана на Македонија, Заев е бабарога итн.
Што би рекла Јанкулоска во муабет со Ставрески - најдобро е да ја префрлиме топката да ни е нас мирна главата...
 
Последно уредено:
Член од
13 декември 2011
Мислења
504
Поени од реакции
816
http://novatv.mk/index.php?navig=8&cat=18&vest=20158

Еве го можеби главниот виновник за смртта на малата Тамара.

Убијци!
Може наивно, ама јас сепак мислам дека ни таа, ни Тодоров се виновни.
Виновен е Грујо и оклето што сакаат да си играат диктаторчиња, да ја пљачкаат државата меѓудругото и на грбот на болните.
Не верувам дека овие луѓе не сакале да ја испратат Тамара на лекување, едноставно наредено им е да кратат средства.
 
Член од
29 јануари 2015
Мислења
7.278
Поени од реакции
20.260
Може наивно, ама јас сепак мислам дека ни таа, ни Тодоров се виновни.
Виновен е Грујо и оклето што сакаат да си играат диктаторчиња, да ја пљачкаат државата меѓудругото и на грбот на болните.
Не верувам дека овие луѓе не сакале да ја испратат Тамара на лекување, едноставно наредено им е да кратат средства.

Ете сега ја префрлаат топката. Не беше Петко, Станко беше. Не беше Станко, Ѓуро беше.

Некој мора да преземе одговорност! Некој мора да одговара пред суд за убиство.

Највеќе не бива за префрлање на топка, а замисли тапа сме во спорт.
Лудилово мора да престане.
 
Член од
21 јануари 2009
Мислења
8.115
Поени од реакции
8.224
Може наивно, ама јас сепак мислам дека ни таа, ни Тодоров се виновни.
Виновен е Грујо и оклето што сакаат да си играат диктаторчиња, да ја пљачкаат државата меѓудругото и на грбот на болните.
Не верувам дека овие луѓе не сакале да ја испратат Тамара на лекување, едноставно наредено им е да кратат средства.
Мислам дека сите би ги обвинила, а најмногу Тодоров (лично или не вмешан, одговорен е, ако не знае да си ги координира подредените, нека си отстапи место на некој друг), меѓутоа чудно ми е за Софијанова.
Не личи тоа на неа, едноставно.
 
Член од
13 декември 2011
Мислења
504
Поени од реакции
816
Да одговара нема никој, тоа сигурно. Особени не кога бараме оставка на facebook, а штурци свират пред мин. за здравство.
 
Член од
12 март 2009
Мислења
19.988
Поени од реакции
16.043
Може наивно, ама јас сепак мислам дека ни таа, ни Тодоров се виновни.
Виновен е Грујо и оклето што сакаат да си играат диктаторчиња, да ја пљачкаат државата меѓудругото и на грбот на болните.
Не верувам дека овие луѓе не сакале да ја испратат Тамара на лекување, едноставно наредено им е да кратат средства.
таа работа е од секогаш така, мора да се кратат средства. Јас се сеќавам на случаи во ех Ју, во армија го пратила воено-лекарска комисија како способен, а тој имал дупка во главата ( како дете го удрил коњ, дел од коската му ја здробил, требало да му се вгради златно лимче, ама немал пари таткому па само кожата му ја прекриле преку мозокот)... го ослободија по 3 месеци служење ... а плочка не му вградија иако тогаш златото беше многу поефтино, ако беше проблемот до тоа... а имаше тогаш пари, за наоружување, 3-та армија во Европа, за паради, за чопоративно шетање низ цел свет, ама овакви ситни работи мал милион....
.. а црн бисер од комуњарскиот период е од еден скопски ех гигант, каде на еден работник ми се фати раката меѓу валци; валците ги исклучија, требаше да се демонтираат, околу 16ч работа, сите колегите беа спремни ама раководството не дозволи да запре производството и по наредба му ја исекоа раката.... си остана без рака...
 
Статус
Затворена за нови мислења.

Kajgana Shop

На врв Bottom