bitushanec
Борец за човекови права
- Член од
- 17 јануари 2006
- Мислења
- 3.741
- Поени од реакции
- 814
Се предлага да се укине ограничувањето на највисоката основица за пресметка и плаќање на придонесите по основ на плата, на приходи остварени од договори за дело, авторски договори или друг вид на договор со кој е определен надоместок за извршена работа.
Во сите европски држави постои максимална основица до која може да се плаќаат задолжителните придонеси, зошто најголемата висина на пензиите од државните фондови е ограничена обично до максимум 2-3 месечни плати.
Целта на ограничувањето на највисоката основица за пресметка и плаќање на придонеси е да им се обезбедат основните човекови права на еднаквост и правичност на лицата со високи примања, зошто со ограничувањето на висината на државната пензија, лицата со високи приходи добиваат далеку помал процент од просекот на своите приходи врз основа на кои се определува висината на пензијата во споредба со лицата кои добиваат нормални плати и надоместоци. Не е праведно и дискриминирачки е, некој, кој со труд заработува 20.000 ЕУР месечно да плаќа месечни придонеси и даноци од 7500 евра, а притоа во иднина да прима најголема пензија од 700 евра и да добива исти здравствени услуги како и оној кој уплаќал придонеси од 50 евра.
Доколку се укине највисоката основица за пресметка и плаќање на придонесите, лицата со високи примања ќе бидат дискриминирани да плаќаат придонеси за пензии и здрвствени услуги за останатите обврзници, а ќе добиваат многу помала пензија од она што учествувале во полнењето на фондот.
И до сега Македонија имаше во Европа највисока месечна основица од 6 бруто плати за пресметка и плаќање на придонесите во однос на бројот на бруто платите кои влегуваат во максималната основица. Во Германија на пример, највисоката основица за пресметка и плаќање на задолжителните придонеси е 2 бруто плати. Наместо Македонија да ги следи европските искуства и да ја намали највисоката основица за пресметка и плаќање на придонесите на ниво на земјите од ЕУ, кај нас дури се размислува таа да се укуне.
Укинувањето на највисоката основица за пресметка и плаќање на придонесите ќе ја направи Македонија лидер со највисоки давачки и неконкуретна на пазарот на трудот, посебно зошто до нас е Бугарија, земја во ЕУ, каде не се плаќаат придонеси на надоместоци/хонорари, а персоналниот данок на доход е 10%.
Кој странски инвеститор ќе дојде во Македонија да плаќа највисоки придонеси на надоместоците и платите за своите раководители и менаџерски тимови?
Се планира отварање на слободни финансискии зони во Македонија, а како платите и надоместоците во финансискиот сектор се многу високи, кои финансиски организации би дошле во Македонија да плаќаат највисоки придонеси за своите вработени?
И да не ги заборавиме фриленсерите кои остваруваат приходи од странство, многу од нив и премногу добро заработуваат и се “премија“ за Македонија со нивните приливи од странство, па со високите придонеси постои опасност фриленсерите да се иселуваат од Македонија.
Се надевам дека власта убаво ќе размисли за несогледливите економски и финансиски последици доколку го укине ограничувањето на највисоката основица за пресметка и плаќање на придонесите и државава да биде позната во светот како првак по највисоки придонеси за плата и надоместоци. И придонесите се јавна давачка како и даноците, така што не ќе може после да се вели дека Македонија имала најниски даноци во Европа