Листа на теретани (локација, цени, рецензии)

  • Креатор на темата Креатор на темата Acid
  • Време на започнување Време на започнување
Дали знае некој да ми предложи теретана околу Симпо до хотел Карпош?
 
препорачајте некоја теретана во Прилеп (си дојдов пред 2 недели и врска неам кај се сеа теретаниве низ градов).
Порано одев кај Мики што имаше теретана онде кај Војдан Чернодрински театарон, знај некој кај има отворено тој чоек теретана сега?
Најдобра ти е во катната долу, крши ирскиот паб. 900 денари членарина, најскапа но најјака.
 
Последно уредено:
Море шо лепо изглеа :D Али буџетот е пресуден. Са паре знае некој?
http://synergyfitness.mk/pricing-2/
еве ценовник, али многу шашаво наредени се цените и нејасно. Мене ми е вкомшии, ќе се јавам секако да прашам посебно за 3 месеци да се плати однапред колку би ме чинело :)
 
http://synergyfitness.mk/pricing-2/
еве ценовник, али многу шашаво наредени се цените и нејасно. Мене ми е вкомшии, ќе се јавам секако да прашам посебно за 3 месеци да се плати однапред колку би ме чинело :)
Не да е шашаво.
едно месечна 3000
(Y) home gym it is
 
Не да е шашаво.
едно месечна 3000
(Y) home gym it is
мене ме збуни делот со тримесечна и шестмесечна.
Мислам дека ако платиш за 3 месеци или 6 овој месец добиваш 30% попуст, али додека не отидам таму не верувам по тоа што читам по порталите.[DOUBLEPOST=1423159763][/DOUBLEPOST]Или јас сум неписмен, или овие имаат утка со нулите.
 
w8kt2f.jpg

еве до 21ви има 30 посто, ако го фатиш попустот за 3 или 6 месеци испаѓа околу 1700-1800 месечно,уште поефтино ако одиш од 7 до 16, ценава со попуст е на место, ама пак однапред пак плакањето не ми се допаѓа
 
Хахах како бе на место со 3 месеци унапред плаќање 1800 месечно - ја сум неарен или шо е работава?
Со тие пари унапред од 7650 моеш да ги инвестираш во домашна теретана.
Замисли 16.800 да даеш ти унапред за 12 месеци. Али јбг, нема да бидеш виден така.
Мислам дека ваква теретана е луксуз за македонсик стандард. На ценава на теретанава коа ќе лупнеш суплементи и исхрана ќе добиеш една цела просечна македонска плата, а да не збориме дома сметки да плаќаш или да искочиш навечер. А девојка да имаш или пу пу скраја да е жена и деца, никако. Ќе се хранат на воздух.

Разбирам дека фраеров лупнал голема инвестиција, ама цениве у мкд се претеризам. Месечна карта во америка во теретана од ваков ранг не е повеќе од 2000 денари, а стандардот им е апла повисок.

Помодарство ми е ова.
 
Гранд плаза беше скоро дупло поскапо пред некоја година. Точно што имало за таа цена не знам, мислам дека беше само фитнесот.
Башка вакви центри мора со регуларна опрема, вип style.... скапо ама јако е
 
Последно уредено:
Кај се преселив во Аеродром упм, се скапи теретани брее. Се мислам во Капитол иако ми е на 20мин пеш, да земам тоа 30 тренинзи 2100 денари и да одам 3 пати неделно оти месечниве чланарини упм секаде. Под 1500 не најдов никаде низ Аеродром, за разлика од Кисела вода каде кај Тоше или во Атанасовски од 700-1000 кога сакаш (нормално хард кор кај тоше и без тушеви)
 
Господа, без да бидам сфатен погрешно морам да Ви кажам дека фитнес центарот кој го коментирате погоре е за одбрана клиентела, поради што и цените се онакви какви што се.

Секој има право на свој избор каде и во какви услови ќе вежба.
Нема никаква поента да опточнувате типични балкански муабети на темава.
 
Господа, без да бидам сфатен погрешно морам да Ви кажам дека фитнес центарот кој го коментирате погоре е за одбрана клиентела, поради што и цените се онакви какви што се.

Секој има право на свој избор каде и во какви услови ќе вежба.
Нема никаква поента да опточнувате типични балкански муабети на темава.

Да, типичен балкански муабет е ова е прескапо за наш стандард. Зашто се нема пари. Мислам нормално е да луѓе со просечни примања ќе искоментираат така. Не е форумот само за мислења со поента.
 
Колку е месечната чланарина во Фитнес клуб Фит ?
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom