Windfucker
Телемит, Темплар, Масон, Сциентолог во целибат
- Член од
- 30 април 2010
- Мислења
- 8.459
- Поени од реакции
- 15.326
Никаде не наведов, ниту инсуинирав дека жените се неспособни, туку само споменав дека чуствуваат потреба од некој што би се однесувал заштитнички кон нив и би ги заштитил неа и нејзините потомци по секоја цена што воопшто не е срамота и не е знак дека истите се неспособни за да живеат сами.А има и уште една категорија на жени, од тие поспособните, кои сами си ги изгледале потомците, самохрани мајки ги викаат.
За самохраните мајки е уште поригидно ова што го мелам, тие целото свое битие го потрошиле на тоа за да нивниот потомок биде што посигурен.
Запрашај се зошто една самохрана мајка не влегува во нова врска и кои се нејзините стравови за такво нешто и ќе дојдеме до заклучок дека генетската предиспозиција за да си го заштите своето потомство е апликативна и во денешно време.
Од друга страна пак згодна девојка со куп додворувачи постара од 30 години која што воопшто не размислува за некакво семејство и нејзините врски се темелат на секс без воопшто да се приврзе емоционално кон некого е поспособна од самохрана мајка ако репер се зема мојата теорија за да ја валоризираме способноста од причина што истата успева да го победи нагонот за мајка.[DOUBLEPOST=1423152378][/DOUBLEPOST]
Дискусијата со Брав се сведе каква е природата на жената, а не каква е жената во моментот.Но, бидејќи ти реплицирам тебе, сигурно знаеш дека има разлика од женки - животни и женски род кај човекот. Ова што го тврдиш, според мене е сериозно поистоветување со животинскиот свет.
Ајде ти се молам, од каде заклучи дека во природата на жената е да најде некој кој ќе ја храни, што значи целосна зависност од некого, и нејзино признание за неспособност? Сосема спротивно од знаењата за човекот ( во кој спаѓа и жената, а не женката) дека секој припадник поседува способност за размислување, потреба за докажување, карактер од изградени ставови, научени норми и останати знаења.
Потребата на жената за подршка од спротивниот пол при одредени ситуации, е еднаква на истата таа потреба која ја има и кај машкиот род во одредени ситуации. Без разлика што вие мажите не сакате да го признаете истото, оти од некои како членот - Brav - ќе бидете окарактеризирани како „мекушарија“, што ќе ви биде силна повреда на егото.
И ме интересира, како тоа потомците се само потомци на жената - женката како што ја нарекуваш? Тоа размислување всушност прави слика за мажот дека е тој кој се расфрла со неговите семени течности и гени и ја потенцира неговата емотивна мизерија.
Потенцирањето дека единствената смисла на жената е само потомството и потчинувањето некому, за мене е бесмислена. И тоа размислување не е ништо друго освен затворање на мозокот и изразување ригидност.
Затоа сакам да се направи дистинкција за што всушност дискутираме тука.
Тука веќе може да правиме муабет за билдање ега и што е всушност жената во целокупниот општествен живот.
И ако прочита на крај и самиот спомнав дека од тие времиња има многу поминато и дека многу работи се изменети.
Кога ќе го погледнеш самото женско тело и физичките предиспозиции на жената ќе заклучиш дека во тие 35000 години колку што постоел хомо сапиенс барем според некои научни истражувања истата не била предодредена само да се храни и снаоѓа и лесно би била плен на останатите грабливци.
Единствена нешто што го правела жената во тие еве да речеме хипотетички еве 30.000 дури и повеќе години каде што почнала да се раѓа некаква свест дека постои нешто друго освен празнење и полнење на црева како приоритет било тоа да раѓа деца и се грижи својот маж да биде физички доволно јак за да донесе храна грубо кажано.
Не гледам дека има на некој камен во некоја пештера исклесано група на жени каде што ловат бизон и мажите стојат зад нив.
Нема ништо навредливо во тоа што на жената и било приоритет семејството во сите тие години.
Тоа би било како да се навреди некој маж кога би му рекле дека единствена негова цел за постоењето е да донеси храна за да си ги прехрани своите потомци.
Последно уредено: