Не те разбрав убаво, тоа дека задната станува тврда, сакаш да кажеш ако малку ја стиснеш одма блокира тркало ??
Тоа видеото што си го постирал, тоа е кога има воздух во системот. Ако е така ќе ти пропаѓа рачката и ќе биде многу мека кочницата, нема добро да кочи.
Кај тебе, мое мислење, е фабрички дефект/маана кај сите Promax хидро кочници. Знам и други што се жалат на ова, ги сервисирале (се испушта глицерин), но решението било привремено. Пак истото се случува !?!?!.
Ако не сакаш нон-стоп да се зезаш, ако си во можност замени ги со Shimano или Avid и ич да не му се секираш во иднина. Толку од Promax-от.
Тоа што свири задниот диск, може да зависи од повеќе фактори. Или е нечист, или е крив, или се контаминирани плочките (замастени). Пробај со 90% алкохол и чисто крпче да го исчистиш дискот, а ако се замастени плочките, тогаш најдобро да ги смениш за нови.[DOUBLEPOST=1423123478][/DOUBLEPOST]
Сега и ти треба да се решиш, сакаш точак на старо или нов. На старо повеќе ќе добиеш за парите (подобри делови и рамка), но сепак ќе биде стар/возен точак. Тука треба многу да се внимава.
Нов точак, за парите, ќе земеш поосновен модел со пониска класа на делови. Многу е битно каде ќе го возиш. Ако ти е повеќе за на асфалт и лесни offroad терени, ќе ти заврши работа. И да, земи си 29-ка или 27,5-ка, 26-те веќе нема да се произведуваат. За изборот на големина, треба да пробаш на лице место, сите се ралични во геометријата, така ќе знаеш кој најдобро ти лежи.
За парите од нови еве го изборот :
Trek X-Caliber 4 - на попуст
Specialized Pitch 650b
Specialized Hardrock - на попуст
Пробај и во Бајкмаркет, може да имаат наекоја Merida или Scott на промоција.
За на старо барај по сајтовите за огласи или на Sporty sale на FB.