Фан клуб - РК Вардар

исто и јас сакав да пишам уште пред СП за него кај изчезна? некој го познава?

Странство е отиден :) али мислам дека кога ќе се ослободи од обврски, ќе пушти абер на форумов.

Не сум сигурен дали сеуште пишува за шпанскиот ракометен вебсајт, мислам дека и тоа му е во мирување за сега.

Али успеал да го гледа Вардар на гостувањето во Веспрем :icon_lol:
 
Терминот на утрешниот натпревар е променет. Натпреварот започнува во 20.15ч. СОБИР 18.00ч МАЈЧИН ДОМ.
ЕДЕН ЖИВОТ - ЕДНА ЉУБОВ !

За тие што прашуваат за членски, останати се уште неколку, првите што ќе стигнат на собир ќе може да купат, а останатите кога ќе стигне втората тура.
П.С
 
Велко ослободен од Металург, време е да го вратиме назад. Нека не ве лаже формата од СП, и Обрван кажа дека добил издишани балони, а те како ни треба солиден дефанзивец. Моментално сме само на Абутовиќ како стабилен дефанзивец, Растворцев не го бројам, исто и хрватот...
Со малку работа, Раул ќе го врати назад Велко.
 
Неаме никакво ќар, не може да игра во ЛШ, за Сеха и Македонска не ни е потребен.
 
Неаме никакво ќар, не може да игра во ЛШ, за Сеха и Македонска не ни е потребен.
За следната сезона, оваа година секако од ниеден играч немаме ќар, а играчи се договараат од сега.
 
Чудна работа што го откачиле Велко а посебно пикерот Никола. Сеа мислам дека се без пикер што е барем просек...

А за Велко да би го земале стварно незнам...некако не ми е подобар играч од Абутовиќ, на моменти знае многу трапаво и споро да изигра... Посебно сега има очајна сезона. Али можда има шанса Раул да изделка од него квалитетен дефанзивец за тандем со Илија...
 
Утре за време на собирот како и за време на натпреварот ќе има поставено кутија за донации, а со тоа сите членови на навивачката група Комити, како и сите хумани луѓе ќе имаат можност да донирааат парични средства за настраданите од поплавите низ Македонија. Бидете хумани и помогнете на оние на кои им е најпотребно. За Македонија се работи ! Македонија над се !
 
Kajgana Shop

Back
На врв Bottom