Самата викаш...
...ne tolku od mojte roditeli kolku od baba mi i dedo mi...
..., па веднаш и ќе го добиеш одговорот.
Како времето оди се понапред и понапред, така и луѓето се повеќе ќе стануваат диви, ладни, лицемерни, штетници. Не само баба ти и дедо ти, туку и баба ми и дедо ми, па речиси и сите наши баби и дедовци повеќе се сакаат/сакале, одколку нашите родители.
Во времето на младоста на баба ти и дедо ти се знаело која е животната цел. Да создадеш топол дом и потомство. 90% се земале на принципот ,,Еј ај да се земеме" иако не се познавале. Но во текот на градењето дом, создавањето потомство... се запознавале, па бракот не им бил досаден, бидејќи од ден на ден се повеќе и подобро се запознавале и засакувале. Тогаш они знаеле да се задоволат со малку, а ние денес со нешто повеќе одколку некој друг.
Во времето на мајка ти и татко ти, почнале луѓето повеќе да се делат политички и спрема тоа кој каков е. Животната цел им била, да создадат топол дом, потомство, но и капитал, но сепак тоа да биде нешто повеќе одколку некој друг. Во времето на нашите родители започнало она израмнување на мажот и на жената, но тоа е на многу погрешен начин. Во општеството мажот и жената се исти, а дома ако жената зуцне ќе се крене рака врз неа. Но сепак родителите се од оние генерации кога важело она ,, што ќе речат комшиите", па затоа и на добро или на лошо бракот некако тера, а љубовта и почитта се свела на ниво ,,деца имаме, за нив живееме, нашето поминало, ќе трпиме".
Јас, ти или било кој друг чија младост припаѓа на денешницава сме 98% различни од бабите, дедовците и родителите. Нашата животна цел е да биде се по мое, ако не биде ќе згазам некого, да соберам пари, да изградам куќа/купам стан, да завршам образование, да се вработам, да создадам пари, а она на тема љубовта, ќе биде, ама страв ми е.
На сите ни е страв од тоа, иако 90% ќе негираат. Живееме во време кога мажи и жени не се делиме, рамноправни сме, но сите знаеме дека секој од секој е поголем гад, лицемер и може да ти нештети, само за да ја добие користа и да ја оствари целта. Па како еден маж би почитувал една таква жена, а не па да е сигурен дали таквата личност е за земање во брак или како една жена би почитувала таков маж, а не па да е сигурна дали таквата личност е за земање во брак.
Маж, жена, сеедно, ако сакаш да бидеш сакан и почитуван во денешницава, треба да имаш јака работна функција, пари и да бидеш ,,магичната ламба"..... пред сите личиш добро, но ако те протријат со магија напаѓаш, т.е. треба да бидеш одличен лицемерен играч, секако за да опстанеш.
Така да како и да гледаш, дали статусот на еден маж или на една жена, денес е сведен на најниско ниво, што е навистина жално. Пополека се губи човечноста
