Па тоа што имаш возило од VW не го прави брендот поиздржлив и подоверлив. Колку возила си сменил до сега и кои брендови за да можеш да споредуваш и да донесеш заклучок дека VW вреди за парите?
Јас до сега сум имал над 20 возила, претежно службени, кои сум ги возел секојдневно и сум изминал со нив бар по 10000km. Од VW пред неколку години имав Polo 2008 1.4TDI со кое изминав над 50000km. Во исто време имав и Fiesta MK6 која беше пдобра во секоја смисла, а посебно за управливост светлосни години разлика правеше. Тоа Поло е најгласниот автомобил во кој сум се возел после Југо/101/Фичо. Сабајле кога го палев моторот, мислев дека некој до мене во исто време има запалено приватна 12-ка.
Во моментов на располгање ми е службен Pasat 2012 2.0TDI highline. Пасатот покрај што мене ми е најгда лимузина во класата излезена во последниве 10 години, ме разочара со тврдатра и неудобна вожња. Једино A6 2012 со обични седишта е понеудобна лимузина од службениов Пасат, а воедно е и најголемо разочарување кое сум го доживеал од лимузина платена 60К+ евра. Во споредба со нив, имав Мазда 6 МК1 која своевремено кошташе помалку од нов Пасат, а беше многу помека, поуправлива и постабилна на свиоци, полесна за паркирање поради поголемиот ајншлаг, поефтина за одржување и имаше по-фин и по-мек на допир внатрешен ентериер од 6 години поновиов Пасат.
Покрај нив сестра ми има Golf VII 1.6TDI, ко за инат мој го купи. По-иридентистичко возило, нема и нема да има, ама тоа не е битно. Се на него ми е некако meh...просек, ама за тие пари имаше далеку подобар избор...