Исчитав едно добри 10 страни од темава сигурно, жестока дискусија има. И добив неколку впечатоци и морам да ги споделам.
Не можам да ги сфатам овие што ги одобруваат ваквите врски или едновечерни авантури. Дали со тоа сакаат да докажат дека се различни од останатите, дека имаат современи размислувања? Добив таков впечаток, баш дека глумат оригиналност. Е сеа, глумејќи оригиналност се повеќе и повеќе се губи истата. Се споменуваше верата нешто, како може да е верата променлива. Ако нешто во кое верувам јас е променливо, значи дека не верувам во истото. И каква личност сум јас ако се откажувам од моите верувања за да бидам со одредена личност. Ваквите постапки се карактеристични за слаб карактер. Тоа ти е исто како, ај ќе речам дека верувам во ова за да им се допаднам на другите, а кога нема да ми одговара не верувам во истото. (и не се работи само за вера/религија, туку за многу работи, верата ми е како пример во случајов)
Против сум и јас, и не поради патриотски причини и слични срања, туку онака ете преовладува можи македонското во мене. Имаше еден член поназад пишано дека од ваквата врска ако дојде до брак, па и деца, едноставно за мене такво дете не припаѓа нит во едната нација нит во другата. Ни ќе биди христијанин, ни муслиман, тогаш се осеќа ваљда целата тежина на ситуацијава.
А муабетите од типот "јас ќе правам што сакам, ако не му се допаѓа на некој нека не се замара" и слично, не сум сигурна и вие колку верувате во ова. Ако една особа не ја интересира мислењето на нејзините родители или најблиски, не е во ред мислам, со главата во ѕид удирате со ваквите размислувања. (примерот за свадбата, ако не им се допаѓала на родителите нека не доаѓаат) И за ова не знам колку веруваат во истово, тие што го кажале. И да би дошло до таква ситуација, баш ме интересира како би реагирале.