Психолог или психијатар?

Член од
30 декември 2012
Мислења
4
Поени од реакции
0
Возраст
29
Здраво, ја започнувам оваа тема со тоа што имам едно недоразбираме, а тоа потекнува баш од ваквите форуми или статии што излегуваат секојдневно по интернет комуникацијата.
Имам голема забуна од тоа што е психолог, а што е психијатар?
Пред да почнам да истражувам за ова си имав зацртано во главата дека психолог е специјалист кој можеш добар муабет да си направиш со него и да ти е рамно све. Односно знаев дека на секој психолог му треба психолог, односно на секој му треба. Затоа и ги поштувам Американците највеќе бидејки секој втор граѓанин оди.
А психјатар знаев дека е лице кое ти ги решава психичките проблеми, и доколку е потребно ти дава посебна дијагноза.. па сега?
 
Психијатрите се доктори кои потоа специјализираат психијатрија и имаат лиценца да препишуваат лекови.
Психолозите ја немаат таа лиценца и како и самиот суфикс „логија“ се (или би требало да бидат) научници кои ја проучуваат психата додека пак „јатрија“ е суфикс за медицинско практикување.
Има и други видови на „специјалисти“ за ментално здравје и некои измешани комбинации од горенаведените. Има психолози кои потоа специјализираат клиничка психологија и/или идат на некои комбинации од магистерски/докторски студии поврзани со невронаука/неврологија. За нив не знам како идат лиценците околу давање дозволи за да можат да препишуваат лекови.
Али најважните и најопштите разлики се тие иако и двете професии се поврзани со „менталното здравје“.
 
Психологот никогаш не може да препишува лекови. Тој се служи пред се, со психотерапија.
Тоа е најголемата разлика, всушност, и самото тоа што психијатрите се доктори (мораат да имаат завршено општа медицина за да специјализираат психијатрија).
Во однос на праксата, психологот има многу поширок обем во својата работа, додека психијатарот скоро секогаш е врзан за патологијата.
Друг момент што е ексклузивно врзан за психијатријата (иако се изучува и во психологијата) е органското потекло на менталните болести (пр. шизофренијата), а психологијата многу повеќе внимание обрнува на социјалното потекло на болестите, нарушувањата, девијациите итн..[DOUBLEPOST=1422832884][/DOUBLEPOST]П.С. Зборувам за Македонија. Во некои држави клиничките психолози можат да препишуваат лекови, меѓутоа единствено тие - ниту една друга ,,бранша,, на психолози не може.
 
Теодор, тебе најверојатно ти треба психолог.
А доколку би ти требал психијатар, тоа би ти кажал психологот.
 
Јас само совет би ви дал пред да се интересирате и прашувате дали сте за психолог или за психијатар не сум бил ни на едното ни другото, ама ве советувам да спортувате активно, да се дружите со позитивни луѓе, да читате книги, и да не се заљубувате многу зошто и ќе повредите и ќе бидете повредени, затоа со ум, батали што викат со срце кога може да ти се сјебе цела психа!
Ниту психолог ниту психијатар го има правилното решение за вас, вистинското решение е во вас внатре, затоа откријте го.
 
Ниту психолог ниту психијатар го има правилното решение за вас, вистинското решение е во вас внатре, затоа откријте го.
Всушност за ова се и обучени психолозите. Тие не го знаат одговорот на секое прашање што ве мачи. Тие ги знаат прашањата што треба да ги постават за човекот сам себе да си ги одговори, и спрема одговорите да си извлече заклучок. А одговорите се во човекот внатре.
Психијатрот е доктор. Исто е обучен да ти ги извлече решенијата од твојте петици кај што ги криеш од страв или срам, и не си ги покажуваш на самиот себе. Само тој тргнува од веќе болниот дел на психата и веќе дојдените психо-соматски симптоми и последици и колку што е можно ги лечи.

Психијатар - тргнува од болниот дел на личноста и бара начин да излечи или ублажи.
Психолог - тргнува од здравиот дел на личноста и посочува начини како максимално да се искористат предностите на таа личност за што поквалитетен живот.
 
Има разлика.
Психолог е човек кој се занимаваат со објаснување и предвидување на човечките и животинските дејства, расположенија, мисли, чувства, мотивации, односи, можности и патологии. Народно тоа би се кажало, човек со кој можеш да поразговараш и да добиеш совет кога имаш некое душевно потиснување/вознемирување.

Психијатар е човек кој се занимава со настанувањето, развојот и манифестирањето на болестите на човековата личност кои произлегуваат од субјективниот индивидуален живот и неговите односи со околината. Всушност се занимава со дијагностицирање и лекување на менталните растројства кај луѓето. Психијатарот е доктор на медицина.

Или со други зборови како што кажа некој член погоре...
Најпросто кажано би дошло на следниов начин:
Кај Психолог идеш дур е време.
Кај Психијатар идеш кога е касно.

Но бидејќи луѓето ги мешаат поимите психијатар и психолог, честопати можат за истата работа да се обратат и кај двајцата. И незначи дека човек е будала ако отишол на психолог или психијатар.

:)
 
Mnogu ubava tema. Kaj nas ke te napraat budala ako odis I na dvete. Sum slusnal oti Amerite cesto gi posetuvat I dvata I imaat promeni vo zivotot.
 
На западот сите одат што имаат потреба, и фала богу никој ништо нема замерка. Тука ако отидеш на психолог, крај нема живот за тебе, означен си и утре со прст, еве го болниот. Тоа е пошто народот е глуп и не знае кое што е, не од друго.
 
Психијатрија јас имам идено и ми има помогнато
 
Дали може некој да ми препорача добар психијатар и колку пари би ме коштало да одам онака на чисто информативен муабет да направам со него ?
Не е дека имам потреба од лечење туку имам потреба од муабет.
Благодарам на инфромацијата.
 
Др. Ирена од Еквилибриум. Цената е 1500-2000 по разговор мислам дека.
 
Др. Ирена од Еквилибриум. Цената е 1500-2000 по разговор мислам дека.
Тоа е многу скапо, фала ти многу за инфромација и ако имам 2000 денари вишок ќе идам, ќе направам муабет и ќе го споделам искуството тука.
 
Сите ние имаме потреба од психолог, само ако одиш во Македонијава одма че бидиш обележан а тоа е баш супер по моја логика. Да видиме колку сме здрави со разумот :)
 
Kajgana Shop

Back
На врв Bottom