Анархија

  • Креатор на темата Креатор на темата anarchy
  • Време на започнување Време на започнување
Да поедноставам,нормално дека Шкорпион овде глуми анархистички Че Гевара кога него сон му е таквиот живот,да не го судат за неговата изопаченост,и луѓето со слични профили,но среќа па,постои правото кое учи дека авторитетите постоеле од секогаш И ЌЕ ПОСТОЈАТ,како и нормите.

Не суди оти ќе ти биде судено, мислам дека некаде така пишуваше?

А да, во Библијата беше...
 
Тоа со народот,чисто се сомневам дека во опшеството наречено ,,Не се знае кој пие кој плаќа'' народот воопшто ќе има време во текот на мојот живот да дојде до моментот да ми суди,бидејќи истиот тој народ е составен од луѓе кои ќе бидат силувачи,убијци,манијаци,педофил и не знам што(не сите).Види го ова опшество каде има Закони па колку такви има,а не утре кога ќе нема тоа колку ќе се изродат.
Не знам дали примети, ама само што го опиша либералниот капитализам во најсирова форма.Оној демократскиот кон кој се стремиме.
Што се однесува до анархијата, закони постојат и во таков систем, а за судење ќе биде ептен полесно. Одиш со другарите да силуваш, убиваш шо ти знам шо ти е мерак да правиш и успут некој те укокува.Ко пес сред улица. Или може вршиш "live reenactment" на сцените од "I spit on your grave" .Некоја од споредните улоги, не онаа на анти-хероината.

Непрактичноста на анархијата има други корени.
 
Нема апсолутно никаква врска тоа со капитализам нити било каква форма на него,затоа што капитализмот е друга тематика,овде збориме за опшествено (не)уредување а не за економски системи,овде се збори за две сфаќања на правото,нормативистичкото и социологистичкото.

Не гледам филмови,нити пак на факултет ме учеле преку филмови,така да овие англиски фрази,ако сакаш,објасни ги на Македонски со моето прашање како ќе бидам казнет во анархија за кривично дело ? особено за оние тешките кривични дела.
 
Во најголема мера ефикасноста на специјализацијата во одредена сфера и психолошката околност - "Човечка состојба"(Бива вака да ја наречеме, баш фенси ми изгледа :oops:).Онаа цела група нерационални чувства од типот желби,надеж,завист,алчност.Сѐ она што ни го храни егото и не бутка полека во некој правец.

Нема апсолутно никаква врска тоа со капитализам нити било каква форма на него,затоа што капитализмот е друга тематика,овде збориме за опшествено (не)уредување а не за економски системи,овде се збори за две сфаќања на правото,нормативистичкото и социологистичкото.

Не гледам филмови,нити пак на факултет ме учеле преку филмови,така да овие англиски фрази,ако сакаш,објасни ги на Македонски со моето прашање како ќе бидам казнет во анархија за кривично дело ? особено за оние тешките кривични дела.

Иде лицето шо си го силувал, те прави двоцевка дур ти дремеш.Буквално. Не она преносното значење на двоцевка. Или некој "близок" на лицето. Како начин, ова е далеку поефективен од она шо го имаме денес.
 
Иде лицето шо си го силувал, те прави двоцевка дур ти дремеш.Буквално. Не она преносното значење на двоцевка. Или некој "близок" на лицето Како начин, ова е далеку поефективен од она шо го имаме денес.

Па после некој негов ќе те издвоцефкаши тебе, па после него ќе го издвоцефкаши некој твој братучед итн. Ефикасно?
 
Па после некој негов ќе те издвоцефкаши тебе, па после него ќе го издвоцефкаши некој твој братучед итн. Ефикасно?
Тоа е веќе друг муабет. Поставено беше прашањето "Како ќе бидам казнет?". Одговорот е доста едноставен. Ти мене, јас тебе итн. до бескрај. Ја завршува работата.
Колку е ефикасно? Тоа, кој е спремен да врши компаративна анализа , бујрум.:icon_lol:
 
Воопшто не е ефикасно. Ниту ја завршува работата, ниту доведува до некакво статус кво. Ако заглавиме на "јас не можам сам да го убијам тој што го убил мојот братучед" ќе најдам уште тројца и ќе ја завршам работата. После тие, твоите братучеди ќе треба да се групираат во 3+ група за да не убијат нас тројца и ќе има некоја глупа ескалација бидејќи нема кој да пресече освен целосен покољ. (здравиот разум одамна одлетал)
Ти текнува на сценава? :D
http://youtu.be/9ekGRK55iaM?t=1h20s
 
у превод, нула ефект има lex talionisot
Не баш. Во принцип казнените постапки се "чистење" на нередот после делото и спречување на истото да се повтори. Око за око ти еден од полошите начини да се оствари тоа. Ама знаеш шо викаат, стравот го чува лозјето.
 
Воопшто не е ефикасно. Ниту ја завршува работата, ниту доведува до некакво статус кво. Ако заглавиме на "јас не можам сам да го убијам тој што го убил мојот братучед" ќе најдам уште тројца и ќе ја завршам работата. После тие, твоите братучеди ќе треба да се групираат во 3+ група за да не убијат нас тројца и ќе има некоја глупа ескалација бидејќи нема кој да пресече освен целосен покољ. (здравиот разум одамна одлетал)
Ти текнува на сценава? :D
http://youtu.be/9ekGRK55iaM?t=1h20s

Сега ја опишуваш анархијата на ист начин како што е опишана во учебниците, а не како состојбата која дошла поради причините што ги спомнавме погоре и не како што во принцип треба да биде, ред без контрола.
 
(здравиот разум одамна одлетал)
Ти текнува на сценава? :D
http://youtu.be/9ekGRK55iaM?t=1h20s
Баш вака.Јас ќе те казнам, брат ти мене ќе ме казни, вујко ми брат ти и попапала маца. Поентата ми беше, казната ќе го стигне оној што се огрешил и тоа на начин кој е доста ефективен. Начин кој не признава ни средства, ни последици, ништо, ама ете. Во принцип MAD. Ама тоа ќе важи само за нас, остатокот од општеството можеби ќе функционира. Можеби другите ќе бидат доволно свесни и ќе останат надвор од нашиот конфликт, може ќе продолжат да го бараат тепихот.[DOUBLEPOST=1422729284][/DOUBLEPOST]
Сега ја опишуваш анархијата на ист начин како што е опишана во учебниците, а не како состојбата која дошла поради причините што ги спомнавме погоре и не како што во принцип треба да биде, ред без контрола.
За да се одржи ред, неопходна е контрола. Ако ја нема "процесот" ќе си тера по инерција. Веројатно постои некоја форма на самоконтрола и во анархистчкото општество?
 
Последно уредено:

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom