НОВА „ХРИСТОВА ЖИВА ЦРКВА“ БАРА РЕГИСТРАЦИЈА ВО МАКЕДОНИЈА

  • Креатор на темата Креатор на темата глагол
  • Време на започнување Време на започнување
Член од
21 ноември 2012
Мислења
1.174
Поени од реакции
744
ЌЕ ИСТЕРУВА ЃАВОЛИ И ЛЕЧИ ОД МАГИИ: НОВА „ХРИСТОВА ЖИВА ЦРКВА“ БАРА РЕГИСТРАЦИЈА ВО МАКЕДОНИЈА
30/01/2015
Бркањето ѓаволи од луѓето може да стане официјална дејност на една верска организација доколку надлежниот суд реши да го прифати барањето за регистрација на новата „Христова жива црква“, која тоа го става во центарот на својата дејност. Практично, тоа ќе биде прва „специјализирана“ црква, која, освен со тоа, ќе се занимава и со исцелување на болните, ослободување од проклетствата и со растурање магии.

Регистрирањето на новата верска организација практично ќе значи дека во земјава ќе добиеме и прв егзорцист – лице што е специјализирано за истерувањето на духовите од луѓето.
egzorcizam.jpg


„Дневник“ вчера објави дека 72 граѓани поднеле барање за регистрација на нивната црква која треба да ја зголеми листата од триесетина верски организации во земјава. Kако главен старешина на оваа црква е наведен Kонстантин Kајшаров, во македонската јавност е познат како сестрана личност, која, меѓу другото, се занимава и со помагање на луѓето кои имаат здравствени проблеми преку посебни терапии, а во што е вклучена и христијанската молитва.

Инаку, Ватикан минатата година официјално го признал меѓународното здружение на егзорцисти, група од 250 свештеници од 30 земји, кои се занимаваат со истерување духови.
 
Колку ќе кошта истерувањето на духови? Мене ова ми изгледа како бизнис повеќе.

Добро е понекогаш да се посетува психијатар.
 
Егзорцизмот ми беше само хоби до сеа. Еве кај ќе се вработам! Yey!
 
Егзорцизмот е прилично заебана работа и сега еволуира во однос на неговата примена и усовршување и применување на техниките.
Малкумина се во светов кој што можат и се бават со оваа струка.
Добро е што ќе има и тука!
Многу луѓе има кој што медицински ги дијагностицираат како болни од шизофренија а всушност се работи за демони и слични заебанции.
[DOUBLEPOST=1422631047][/DOUBLEPOST]
Колку ќе кошта истерувањето на духови? Мене ова ми изгледа како бизнис повеќе.

Добро е понекогаш да се посетува психијатар.
Заеби психијатар.... фати си добра ебачица.
За џабе дрога, време и пари.
Не е дека е лошо да посетуваш психијатар.. али тука ние Македонците сами сме си психијатри.
 
Јас би им дал се` што ќе посакаат само за да им го изгледам уште еднаш трејлерот (првото видео тука).
Аоо кој бил овој Константин.
Типов едно време снимаше документарки кај што лови духови во таа "опседнатата" куќа во Црниче. Вели "овде на местово осеќам ниски вибрации, осеќам некој студ во телово, се ежам", демек го осеќал духот. А тоа пука промаја на сите страни, ни врати ни прозорци во куќата. :pos:

Јас би му дозволил да работи. Нека го дупи народов ко е глуп, нека им зема пари. Иначе, овој е добар пример за Кон Артист. :D
 
САМО ПРВИТЕ 50 СЕКУНДИ ВИ ГИ Препорачувам ништо повеќе да не се мачите цело иако и цело е добро :pos:

 
Коки златен врати се во Бугарија и продолжи да снимаш спотови, не ти требаат вакви работи. Тие што не те знаат скапо би те платиле, но тие што те знаат денар не би фрлиле за тебе.

Ова мислиш министерство е, служба за ова, центар за она, институт за тоа :tapp:
 
Со оглед дека гостуваше до сеа на МТВ и Сител, како „пастор“, ќе добие регистрација. Лудост, лудост.

 
Си нашол типацов овци за стрижење .. Како што разбрав пред пола саат наплаќал по 3000 денари од сесија а требало минимум 5 пати да се оди за да се "излечите" .
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom