- Член од
- 6 јули 2011
- Мислења
- 3.829
- Поени од реакции
- 7.711
@INDIJANEC123 Таквите како тебе се исклучок. Сите други го прават правилото. Ако од 10 луѓе 8 прават нешто, тогаш тоа е оправдана генерализација. Не ми беше целта да делам на ваши и наши, но не може да се затворат очи на работи кои секојдневно се случуваат. Доаѓа еден, со него влече уште најмалку 5 души. Доаѓа некој да инвестира и тој повеќето вработени ги влече од местото од каде што дошол. Галамат во автобус и по улица, мислиш го ослободиле градов. На интервју за работа намалуваат цена на труд (кај мене доаѓаа на интервју по 10 луѓе и само тие што беа надвор од Скопје преговараа за пониска плата). Во згради во Центар и Козле ѓубрето го оставаат пред врата во ходник или пред влез на зграда. Можам да те однесам кај такви сам да се увериш. Каде и да живееш ќе го користиш јазикот на тоа место или литературниот јазик, а не од инат ќе зборам на свој дијалект. Овие нешта сметаат. Не луѓето како луѓе. И уште ова. Англичаните не отишле во Северна Америка да бараат подобар живот, туку да окупираат.
Ти нели се жалеше дека не те примиле на работа во Шведска зашто не си знаел шведски? Значи, криво ти е што не те примиле на работа во туѓа држава чиј јазик не го знаеш, а мрчиш против некого што во матичната држава си го бара местото под сонцето?!