Единствен ли сум што мисли дека Дибиров игра сосема солидна сезона?
Полусезонава беше одличен, можеби и носител на нашата игра...
Немаше до толку излети како лани, а ниту Манасков ниту Марковиќ не му се рамни кога се работи за влез од мртва позиција, и во позиционен напад е многу пред нив.
Манасков има некои предности пред Марковиќ, побрз е и повеќе се движи во просторот околу пикерската позиција, па знае да изненади и од таму.
Марковиќ е класично олд скул крило, брз на контра, егзекуција при добра ситуација од крила и пред се подобар од Манасков во одбраната.
Недановски е побавна верзија од Марковиќ, инаку и Бутинот си е сосема солидно крило.
Тешко е да се споредат овие играчи, носење на Манасков би бил пред се популистички потег, за да имаме повеќе Македонци во составот.
Од друга страна Вардар во моментов нема некоја корист од него, реално Дибиров е избор број еден и со сегашнава форма не верувам да се смени тоа. За Манасков би било погубно доколку не игра стандардно во овие години, а ние реално не може да му го пружиме во моментов.
За некоја година сигурно би ни бил потребен, па дури и би бил лидер на лево крило, ама дотогаш треба константно да игра во некој Европски тим...
Засега нема потреба да менуваме крила и на лево крило и на десно сме одлично покриени.
На крај краева, многу пати сум рекол, не се добива клучен натпревар ако немаш добри бекови, џабе ти се добри крила или пикери...
Ние имаме одбрана која е Швајцарско сирење и ни требаат играчи кои се доволно корпулентни за игра во одбрана, и доволно солидни да играат во напад без да се прави промена на цела постава...