Фан клуб - РК Вардар

Манасков би го донел во Вардар за 1-2 години, кога ќе биде толку од Дибиров. Сега да го замени Марковиќ нема логика, и Дејан и Тимур се ист тип на играчи, брзи ниски, добри во напад, ужас во одбрана, Марковиќ е нешто поразлично од нив и Марковиќ плус еден од Тимур и Дејан би било за мене многу подобра и поизбалансирана опција.. Македа, Деревен, Алекс да остане, и во зависност од формата на Лацковиќ и колку ќе може да игра, евентуално плус еден специјалист за одбрана како партнер на Абутовиќ, и тоа е тоа
 
Абе туку гледам сега на инстаграм директорчево Марко става слика од Карабатич на утакмицава. Дан го договара за од наредна сезона ??? :icon_lol::icon_lol::icon_lol::icon_lol::icon_lol:
 
Единствен ли сум што мисли дека Дибиров игра сосема солидна сезона?
Полусезонава беше одличен, можеби и носител на нашата игра...
Немаше до толку излети како лани, а ниту Манасков ниту Марковиќ не му се рамни кога се работи за влез од мртва позиција, и во позиционен напад е многу пред нив.
Манасков има некои предности пред Марковиќ, побрз е и повеќе се движи во просторот околу пикерската позиција, па знае да изненади и од таму.
Марковиќ е класично олд скул крило, брз на контра, егзекуција при добра ситуација од крила и пред се подобар од Манасков во одбраната.
Недановски е побавна верзија од Марковиќ, инаку и Бутинот си е сосема солидно крило.

Тешко е да се споредат овие играчи, носење на Манасков би бил пред се популистички потег, за да имаме повеќе Македонци во составот.
Од друга страна Вардар во моментов нема некоја корист од него, реално Дибиров е избор број еден и со сегашнава форма не верувам да се смени тоа. За Манасков би било погубно доколку не игра стандардно во овие години, а ние реално не може да му го пружиме во моментов.
За некоја година сигурно би ни бил потребен, па дури и би бил лидер на лево крило, ама дотогаш треба константно да игра во некој Европски тим...

Засега нема потреба да менуваме крила и на лево крило и на десно сме одлично покриени.
На крај краева, многу пати сум рекол, не се добива клучен натпревар ако немаш добри бекови, џабе ти се добри крила или пикери...

Ние имаме одбрана која е Швајцарско сирење и ни требаат играчи кои се доволно корпулентни за игра во одбрана, и доволно солидни да играат во напад без да се прави промена на цела постава...
 
Целосно се слагам со Сабјата. Дибиров игра супер полусезона за нас, настрана што промашува пенали.

Можда игра слаба одбрана али затоа може да истрча контра и има прием каков што 95% од крилата не можат и нема да имаат.

Од тие минимум 7 гола што ги дава барем три гола се од позиција каде што ретко кое крило може гол да даде. Одлично и страшно брзо се уфрлува на пикер и има извореден осет за подавање до пикер кога се извлекува на позиција од среден бек. Се на се, летечки змај е:D
Не би ги потценувал неговите квалитети.... далеку е над Марковиќ или Манасков.
 
Тоа е тој стил бе

f7813.jpg


:zver:
 
Страшен играч добиваме со Македа и од голема помош ќе ни биде у одбрана дефинитивно а од друга страна што порастеретен Душебаев толку повеќе ќе може да пружи во напад.

Единствено што му фали на тимов освен што ќе треба да се дошминка одбраната уште малку е добар изведувач на седмерци.
 
Тапа сме со пенали зашто Дибиров ги изведува. Карачиќ сезонава е сосема солиден во изведените пенали, не знам негде дали може да се најде статистика...

Македа би било одлично засилување.
 
Абе туку гледам сега на инстаграм директорчево Марко става слика од Карабатич на утакмицава. Дан го договара за од наредна сезона ??? :icon_lol::icon_lol::icon_lol::icon_lol::icon_lol:
Шо збориш бе :DD

Ликов ако добие некоја позначајна улога во Вардар, треба сите колективно да се самоубиеме.
Врв му беше кога беше проблемот со законот за лични карти и кога на фудбал се бојкотираше, Марко кај Лико на статус почна да се расправа со фан кој го прати Вардар преку 20 години, и од тогаш го затнаа и сега кроти како јагне. До вчера цезар салати носеше од маса на маса, денес го нарекуваат директор во најголемото спортско друштво во Македонија :icon_lol:
 
Последно крило на светов да е Манасков не би сакал да го видам во дресот на Вардар.Ни тој,а ни другите мангупчиња од темната страна на градот.
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom