Пресвртница за Украина

Дали ја оправдувате воената агресија на Русија над Украина?

  • Вкупно гласачи
    733
Член од
13 јули 2006
Мислења
15.443
Поени од реакции
18.431
Да бе, се е пропаганда на КГБ, вклучувајќи го и тоа што го спомнуваш дека Нацистичка Германија и Советскиот Сојуз ја започнале Втората Светска Војна како сојузници.
Како беше она, историјата ја пишуваат .... дрн дрн

Ама фактите се тука, во кој дел сум во криво? Не ја поделија Полска?
 
RTM

Член од
4 септември 2008
Мислења
844
Поени од реакции
214
Како беше она, историјата ја пишуваат .... дрн дрн

Ама фактите се тука, во кој дел сум во криво? Не ја поделија Полска?
Година порано Германиjа и Полска поделиха Чешка.
И?
 
TheTrooper

Психијатриски случај
Член од
27 април 2009
Мислења
6.830
Поени од реакции
6.384

Колку што успеав да сфатам некои членови тврдат дека за Бандера не било битно кога, колку време и од какви мотиви бил колаборационист со Германците, битно е дека бил во одреден момент поради тоа со право е означен како фашист/нацист.
Истото може да се каже и за СССР, иако на крај завршуваат на различна страна со нацистите,сепак до 41 немаат никаков проблем со нив.
Напротив дури и делеле заедно земји и војувале со заеднички непријатели и Сталин имал доста високо мислење за Хитлер.

Овие работи може да се вртат на милион различни начини. Ниту втората светска војна не е целосно црно-бела.....како и многу други работи и во нејзе има многу кои се наоѓаат во сивиот дел.
 
Член од
24 април 2008
Мислења
10.963
Поени од реакции
12.381

Ја поделија Полска, но Полска подоцна доби компензација со припојување на територии од источна Германија кон нејзините западни територии.

Но најважното во сето ова не е самата поделба на територии, туку фактот дека САД и Велика Британија како ослободители на светот од фашизмот, дадоа амин за ваквата поделба.

И погоди уште што ?

Истиот амин му го дадоа и Велика Британија и Франција - не и САД, бидејќи во овој период беа неутрални - на Хитлер за да ја анектира Судетската област од Чехословачка, но не и цела Чехословачка. Но подоцна Хитлер ја окупираше цела Чехословачка, а Велика Британија и Франција си продолжија да молчат и покрај тоа што Хитлер го прекршил договореното од Минхенскиот Договор од 1938 година, а како што знаеме, молчењето значи одобрување.
 
Член од
13 јули 2006
Мислења
15.443
Поени од реакции
18.431
Година порано Германиjа и Полска поделиха Чешка.
И?
Тогаш не почна Втора светска војна.

Зборувам само за еден неоспорен факт, дека Германија и СССР ја започнаа војната како сојузници, со окупирање на територии.

И слободно може да се каже дека заеднички ја започнаа војната.[DOUBLEPOST=1422477480][/DOUBLEPOST]

Што врска има ова што го напиша со муабетот кој го водиме, исто како претходно што лупна дека Украина немала држава до 1917 година па русиве имале право на тие територии.

Ние немавме држава до 1945, сакаш да кажиш дека ние немаме право на државност сега и србите, бугарите и грците имаат право?
 
Член од
24 април 2008
Мислења
10.963
Поени од реакции
12.381
Што врска има ова што го напиша со муабетот кој го водиме, исто како претходно што лупна дека Украина немала држава до 1917 година па русиве имале право на тие територии.

Ние немавме држава до 1945, сакаш да кажиш дека ние немаме право на државност сега и србите, бугарите и грците имаат право?
Не гледам ништо спорно во ова што го спомнуваш, со исклучок на тоа дека ние Македонците не сме имале право на државност.

Да, Украинците немале своја држава се до 1917 година, исто како што и ние Македонците не сме имале своја држава се до 1944 година.

Се разбира, при ваквото изложување на фактите, не се земаат во предвид Илинденско Востание и Крушевска Република и слични бунтови, бидејќи сите тие завршиле неуспешно.

И исто како што Русите гинеле заедно со Украинците за време на граѓанската војна во Русија од 1917 до 1922 година и за време на Втората Светска Војна за слободна Украина во границите на Советскиот Сојуз, така и Србите гинеле заедно со македонските партизани за слободна Македонија во границите на Југославија.

Е сега, тоа што нивните политички убедувања не се совпаѓале е друга приказна, но останува фактот дека заедно се бореле и заедно гинеле за заедничка кауза, за разлика од Степан Бандера и неговите соборци, исто како и овие денешни украински нео-нацисти кои се идентификуваат себеси со Бандера.

Ајде ти спомни друга држава на Украинците која постоела пред 1917 година, а да била национална држава на Украинците ?
 
Последно уредено:
Член од
29 јуни 2014
Мислења
25.691
Поени од реакции
42.280
Тогаш не почна Втора светска војна.

Зборувам само за еден неоспорен факт, дека Германија и СССР ја започнаа војната како сојузници, со окупирање на територии.

И слободно може да се каже дека заеднички ја започнаа војната.[DOUBLEPOST=1422477480][/DOUBLEPOST]

Што врска има ова што го напиша со муабетот кој го водиме, исто како претходно што лупна дека Украина немала држава до 1917 година па русиве имале право на тие територии.

Ние немавме држава до 1945, сакаш да кажиш дека ние немаме право на државност сега и србите, бугарите и грците имаат право?
ленин ја создаде украина и им даде на тие територии да бидат републики. Баш тој на кој што му ги рушат спомениците низ цела држава
 
Human

Explorer
Член од
10 октомври 2009
Мислења
12.397
Поени од реакции
5.023
Што би рекол Inglorious, со проста логика, сосема е на место да се каже дека Германија и СССР ја започнале Втора Светска војна како сојузници.
:несвест:
Што е следно, Украина ја ослободи Европа?
 
Член од
10 јуни 2005
Мислења
413
Поени од реакции
145
Европската демократија на дело.Скапаници!. Секојдневие на децата во Горловка-Украина криејќи се од гранатирањето на украинските фашисти

TheTrooper

Психијатриски случај
Член од
27 април 2009
Мислења
6.830
Поени од реакции
6.384
Ја поделија Полска, но Полска подоцна доби компензација со припојување на територии од источна Германија кон нејзините западни територии.
Не добија компензација, него добија трампа.Полска била многу поисточно.

Но најважното во сето ова не е самата поделба на територии, туку фактот дека САД и Велика Британија како ослободители на светот од фашизмот, дадоа амин за ваквата поделба.
Каква врска има ова со муабетот ? И каков амин му дале на Хитлер за поделбата на Полска (затоа што тоа е темата на разговорот) ???
Па тие на 3ти септември поради Полска му објавуваат војна (Британија и Франција).

И погоди уште што ?
Истиот амин му го дадоа и Велика Британија и Франција - не и САД, бидејќи во овој период беа неутрални - на Хитлер за да ја анектира Судетската област од Чехословачка, но не и цела Чехословачка. Но подоцна Хитлер ја окупираше цела Чехословачка, а Велика Британија и Франција си продолжија да молчат и покрај тоа што Хитлер го прекршил договореното од Минхенскиот Договор од 1938 година, а како што знаеме, молчењето значи одобрување.
Си мочлеа затоа што другото значи нова светска војна. Плус фактот што Чехословачка во тоа време има армија која што може да пружи одреден отпор и добро утврдена граница - но паѓа без испален куршум.

Свесен си дека едвај 20 години беа пројдени од последната така ? Треба да имаш малце поголемо познавање за историјата од просто извртување на општо познати факти за тоа какви последици има оставено првата светска војна врз Европа и зашто пробуваат да избегнат втора.
Молчеа 38ма,а после тоа беа единствени кои му објавија на Хитлер војна за разлика од некого кој му се приклучи како сојузник и нападна друга држава. Комично е тоа што пробуваш Советската инвазија на Полска да ја израмниш или да ја релативизираш со Британското и Француското нереагирање во случајот со анексијата на Чехословачка.

На крајот од краиштата не мора ни да му објават војна на Хитлер затоа што тој никогаш немаше план да тргне на нив. Можеа како пичкици да си седат на страна и да гледаат како парчосува уште една земја,но одлучија дека е доста. Нешто што не може да се каже за некој друг кој се става да дотепа полумртовец заедно со нациститe.

п.с Ти честитам уште еднаш успеа да ја насочиш дискусијата каде што не треба и да пишуваш работи кои немаат никаква врска.

п.п.с Што ќе кажеш за Финска ?
 
Член од
13 јули 2006
Мислења
15.443
Поени од реакции
18.431
ленин ја создаде украина и им даде на тие територии да бидат републики. Баш тој на кој што му ги рушат спомениците низ цела држава
Ова ко Тито ја создаде Македонија, а сега му ги рушиме спомениците.
 
Член од
24 април 2008
Мислења
10.963
Поени од реакции
12.381
Не добија компензација, него добија трампа.Полска била многу поисточно.

Каква врска има ова со муабетот ? И каков амин му дале на Хитлер за поделбата на Полска (затоа што тоа е темата на разговорот) ???
Па тие на 3ти септември поради Полска му објавуваат војна (Британија и Франција).

Си мочлеа затоа што другото значи нова светска војна. Плус фактот што Чехословачка во тоа време има армија која што може да пружи одреден отпор и добро утврдена граница - но паѓа без испален куршум.

Свесен си дека едвај 20 години беа пројдени од последната така ? Треба да имаш малце поголемо познавање за историјата од просто извртување на општо познати факти за тоа какви последици има оставено првата светска војна врз Европа и зашто пробуваат да избегнат втора.
Молчеа 38ма,а после тоа беа единствени кои му објавија на Хитлер војна за разлика од некого кој му се приклучи како сојузник и нападна друга држава. Комично е тоа што пробуваш Советската инвазија на Полска да ја израмниш или да ја релативизираш со Британското и Француското нереагирање во случајот со анексијата на Чехословачка.

На крајот од краиштата не мора ни да му објават војна на Хитлер затоа што тој никогаш немаше план да тргне на нив. Можеа како пичкици да си седат на страна и да гледаат како парчосува уште една земја,но одлучија дека е доста. Нешто што не може да се каже за некој друг кој се става да дотепа полумртовец заедно со нациститe.

п.с Ти честитам уште еднаш успеа да ја насочиш дискусијата каде што не треба и да пишуваш работи кои немаат никаква врска.

п.п.с Што ќе кажеш за Финска ?
Да бре, и твоите идоли САД и го украдоа Косово на Србија за да ги задоволат Албанците, бидејќи се плашеа од нова балканска војна, која би можела да прерасне во нова европска војна.

Се е за заштита на мирот, нема никакви интереси во позадина.

Па не верувам дека заслугите за насочување на дискусијата каде што не треба се целосно мои.

Напротив, јас само потенцирав, или подобро кажано, се обидов да ја потенцирам бесмисленоста на одбраната на животот и делата на Степан Бандера како борец за етнички чиста Украина, бидејќи на крајот на краиштата, тој не убивал само комунисти, туку убивал припадници на било која националност кои се бореле за слободна Украина - во границите на Советскиот Сојуз, се разбира, но сепак слободна Украина - против нацистите, но за Бандера доколку тие не биле Украинци по националност и доколку не се бореле за слободна и независна Украина, тогаш биле непријатели кои треба да бидат истребени, со што заслужува да биде во ист кош со воени злосторници како нацистите.

Притоа потенцирав дека добар дел од Русите кои биле убивани од злосторниците предводени од Бандера, сепак се бореле за Украина и во руската граѓанска војна од 1917 до 1922 година, и во Втората Светска Војна, а денешните следбеници на Бандера ги повторуваат неговите злосторства врз денешното руско цивилно население во Украина.

Но на тебе и на таквите како тебе очигледно многу ви значат тие 20 години разлика помеѓу 1919 и 1939, па затоа подобро е да му се попушти на Хитлер, кому му е гајле за Чехословачка ?

Е па, за жал, и денес живееме во исто такво време.

Кому му е гајле за Србија ?

Кому му е гајле за Македонија ?

Кому му е гајле за христијанското население во Сирија, во Ирак, во Нигерија и во други држави ?

Но бидејќи сето ова е оф-топик, ќе те замолам да реплицираш во соодветна тема, бидејќи не планирам да заработувам казнени поени од администраторите/модераторите само бидејќи реплицирам на твоите оф-топик коментари.

Ова ко Тито ја создаде Македонија, а сега му ги рушиме спомениците.
Не ја создал Македонија, но ги признал Македонците како народ, за разлика од југословенските кралеви пред него, кои вршеле бел терор врз Македонците.

Но ете, кој не си учи од сопствената историја, осуден е истата да му се повтори.
 
Kajgana Shop

На врв Bottom