Не добија компензација, него добија трампа.Полска била многу поисточно.
Каква врска има ова со муабетот ? И каков амин му дале на Хитлер за поделбата на Полска (затоа што тоа е темата на разговорот) ???
Па тие на 3ти септември поради Полска му објавуваат војна (Британија и Франција).
Си мочлеа затоа што другото значи нова светска војна. Плус фактот што Чехословачка во тоа време има армија која што може да пружи одреден отпор и добро утврдена граница - но паѓа без испален куршум.
Свесен си дека едвај 20 години беа пројдени од последната така ? Треба да имаш малце поголемо познавање за историјата од просто извртување на општо познати факти за тоа какви последици има оставено првата светска војна врз Европа и зашто пробуваат да избегнат втора.
Молчеа 38ма,а после тоа беа единствени кои му објавија на Хитлер војна за разлика од некого кој му се приклучи како сојузник и нападна друга држава. Комично е тоа што пробуваш Советската инвазија на Полска да ја израмниш или да ја релативизираш со Британското и Француското нереагирање во случајот со анексијата на Чехословачка.
На крајот од краиштата не мора ни да му објават војна на Хитлер затоа што тој никогаш немаше план да тргне на нив. Можеа како пичкици да си седат на страна и да гледаат како парчосува уште една земја,но одлучија дека е доста. Нешто што не може да се каже за некој друг кој се става да дотепа полумртовец заедно со нациститe.
п.с Ти честитам уште еднаш успеа да ја насочиш дискусијата каде што не треба и да пишуваш работи кои немаат никаква врска.
п.п.с Што ќе кажеш за Финска ?
Да бре, и твоите идоли САД и го украдоа Косово на Србија за да ги задоволат Албанците, бидејќи се плашеа од нова балканска војна, која би можела да прерасне во нова европска војна.
Се е за заштита на мирот, нема никакви интереси во позадина.
Па не верувам дека заслугите за насочување на дискусијата каде што не треба се целосно мои.
Напротив, јас само потенцирав, или подобро кажано, се обидов да ја потенцирам бесмисленоста на одбраната на животот и делата на Степан Бандера како борец за етнички чиста Украина, бидејќи на крајот на краиштата, тој не убивал само комунисти, туку убивал припадници на било која националност кои се бореле за слободна Украина - во границите на Советскиот Сојуз, се разбира, но сепак слободна Украина - против нацистите, но за Бандера доколку тие не биле Украинци по националност и доколку не се бореле за слободна и независна Украина, тогаш биле непријатели кои треба да бидат истребени, со што заслужува да биде во ист кош со воени злосторници како нацистите.
Притоа потенцирав дека добар дел од Русите кои биле убивани од злосторниците предводени од Бандера, сепак се бореле за Украина и во руската граѓанска војна од 1917 до 1922 година, и во Втората Светска Војна, а денешните следбеници на Бандера ги повторуваат неговите злосторства врз денешното руско цивилно население во Украина.
Но на тебе и на таквите како тебе очигледно многу ви значат тие 20 години разлика помеѓу 1919 и 1939, па затоа подобро е да му се попушти на Хитлер, кому му е гајле за Чехословачка ?
Е па, за жал, и денес живееме во исто такво време.
Кому му е гајле за Србија ?
Кому му е гајле за Македонија ?
Кому му е гајле за христијанското население во Сирија, во Ирак, во Нигерија и во други држави ?
Но бидејќи сето ова е оф-топик, ќе те замолам да реплицираш во соодветна тема, бидејќи не планирам да заработувам казнени поени од администраторите/модераторите само бидејќи реплицирам на твоите оф-топик коментари.
Ова ко Тито ја создаде Македонија, а сега му ги рушиме спомениците.
Не ја создал Македонија, но ги признал Македонците како народ, за разлика од југословенските кралеви пред него, кои вршеле бел терор врз Македонците.
Но ете, кој не си учи од сопствената историја, осуден е истата да му се повтори.