Факултет за Информатички Науки и Компјутерско Инженерство - ФИНКИ

  • Креатор на темата Креатор на темата ASimov
  • Време на започнување Време на започнување
Чек, деловна пракса не се уствари тие 3 месеци пракса што мора да ги реализираме сите пред дипломирање? :O
не не башка тие 3 работни пракси пред дипломирање и + деловна пракса ти е задолжителен предмет во 8ми семестар за нас со стара програма
 
Корисно ли е да се учи OpenGL ?
Ќе има ли корист за понатака кога ќе треба да се најде работа ?
Фала :D

Ако сакаш да се бавиш со векторска графика, да. (Игри, моделирање, симулации, на најразлични платформи)

Ако не, не.
 
не не башка тие 3 работни пракси пред дипломирање и + деловна пракса ти е задолжителен предмет во 8ми семестар за нас со стара програма
Толку време издржав на факултетов, и сега пред дипломирање ќе ме убие :S
 
Леле ако заебат нешо со ова деловна пракса да морам пак да одам ЌЕ СЕ ОТПИШАМ ЗНАЧИ ОД СРАЊЕВО.

П.С. Бегајте од Ристе Стојанов најголемо срање е на факултетов. :)
П.П.С. Се извинувам за хејтот крај на испитна е :)

Сосем ок си е Ристе, не заебавај :)
 
Инаку и јас мислам дека праксата шо ја праевме досеа 3 месеци уствари ќе биде Деловна Пракса предметот. Само вака демек формално постои како предмет со кредити. Во секој случај ќе ни е даеја кредити од праксата и да немаше предмет ваков.

Ама нешто се мислат чекаат официјален одговор СП финки.
 
Дали некој го има слушано Вовед во когнитивни науки ?
 
Инфо од Кулаков. После ваков одговор греота е да не запишеш.

Здраво,

Предметот по прв пат ќе се активира.
Јас сум инаку м-р по Когнитивни науки така што да ја проучувам оваа област ми е животна желба и имам доста што да кажам
Јас и го предложив предметот да се додаде во студиската програма, па се надевам дека ќе се активира.

Бидејќи не знам кој би можел да ги држи вежбите, предложив јас да ги држам и вежбите оваа година. Ама ова сеуште не е одлучено.

Така што материјалите за предавања и најверојатно и за вежби и за лабораториски вежби јас ќе ги спремам.
Замислувам предметот да го организирам како семинар, така што вежбите би биле дискусии околу разните теми и ќе ви ги делам материјалите однапред да се подготвувате.

На лабораториските вежби ќе пробаме на компјутер да направиме разни психо-физички експерименти за разни сетила, слушање, гледање, брзина на реакција и сл.
Лабораториските вежби ќе ги организираме во лабораторијата за интелигентна роботика (Барака 1) и тие би ги организирале само неколку пати споени по неколку часа.

Предзнаења не се потребни. Убаво е да се знае нешто од областа вештачка интелигенција (веројатно на студентите ќе им биде и положен предметот ВИ кој е сега во втора година).

Предметот е замислен како воведен во пошироката област.

Ќе се полага со тест и со семинарска работа и ќе има поени и за активност на часовите (пред с'е на вежбите и на лабораториските вежби).

Поздрав и се гледаме

Андреа
 
Фала ти многу. Ме интересира дали знаеш дали има повеќе луѓе што би го запишале ? Искрено се плашам да не не се активира :(
 
Јас знам за 4 сосе мене. Штета ќе е ако не се активира, многу интересно делува.
 
Дечки ве молам за брз одговор. Сакам да пријавам предмети вечерва и ги пријавив тие кои ги презапишувам, но од задолжителните од втора година не можам ниту еден да запишам, дека ги немам положено предметите. Е сега, може да запишам некој од изборните од втора? Ве молам за одговор, не сум од Скопје а утре ќе одам па да знам што да правам...
 
Кој сакаш изборен може да го запишеш.
 
^ Aма може да запишам изборен без да запишам задолжителен (бидејќи немам услов за задолжителните)..?
 
Последно уредено:
Избери изборен кој можеш да го запишеш, некој за кој исполнуваш услови.
 
Значи нема да ми прават проблем поради незапишани задолжителни. Фала многу
 
Kajgana Shop

Back
На врв Bottom