Ќе се полага државен испит во 2-ра и 4-та година (Студентски пленум)

  • Креатор на темата Атомската мравка
  • Време на започнување
Член од
31 јануари 2014
Мислења
5.169
Поени од реакции
2.272
Одлично. Веќе го запизиле теркот при основањето на овие здруженија - загрижени се за сосотојбите и плус веднаш имаат на албански соопштение. Слично лого, исти лајкови само чекам да достават барање до минситерстовото па да коментирам. Студентите доставија 10 страни документ од кој 9 беа посветени на автономијата на универзитетот, средношколците претпоставувам ќе достават свои предлози за начинот на кој треба да функционираат средните школи, наставните програми, изборот на професори и директори и други специфични проблеми кои се дел од работата на образовните експерти.
 
Scirea

ZARDOZ
Член од
4 август 2010
Мислења
27.609
Поени од реакции
88.074
Матуранти од Битола не влегоа на тестирање

Само пет минути пред почетокот на екстерното тестирање, закажано за 9.30 часот, матурантите од средното техничко училиште „Ѓорги Наумов “ во Битола си заминаа дома. Учениците чии професори во целост петти ден штрајкуваат, велат дека ги поддржуваат нивните барања.

Ваквата атмосфера ги крена на нозе надлежните во Битола, кои веднаш отишле во училиштето да зборуваат со матурантите да се вратат на тестирање за да не ги сносат последиците од нивната одлука.

-Ние бевме подготвени за тестирање, но децата кои дојдоа не влегоа, нека се подзамислат малку оние кои се одлични по успех, зошто ова значи за нив негативна оценка. Ние и утре ќе ги чекаме на тестирање – вели директорот на училиштето, Драган Стојановиќ.

Во средното техничко училиште професорите цврсто стојат на ставот дека штрајкот треба да продолжи сè додека не се исполнат нивните барања.

– Екстерното мора да се укине – велат тие.

Од канцеларијата на СОНК во Битола велат дека денеска на штрајкот им се приклучиле и дел од училиштата кои минатата недела не се одлучиле на ваков чекор.

– Сè поголем е бројот на наставици кои се приклучуваат на штрајкот. И во оние училишта каде имаше притисоци од претпоставените да не се штрајкува и тие од денеска стапија во штрајк. Повеќе од 40 наставници од ОУ „Даме Груев“ денеска се со нас, а подрршка имаме и од учениците, матуранти кои не отидоа на тестирање – вели Фанче Јошевска, претседателка на СОНК во Битола./META

Член од
28 март 2006
Мислења
17.812
Поени од реакции
12.303
Ме интересира дали во законот во делот за екстерно има решение за неполагање во случај на виша сила (од протести до други вонредни состојби, непогоди и слично). Затоа што овој дел од муабетот
-Ние бевме подготвени за тестирање, но децата кои дојдоа не влегоа, нека се подзамислат малку оние кои се одлични по успех, зошто ова значи за нив негативна оценка. Ние и утре ќе ги чекаме на тестирање – вели директорот на училиштето, Драган Стојановиќ.
не ми штима некако
 
Последно уредено:
Член од
24 март 2010
Мислења
15.319
Поени од реакции
26.252
Ме интересира дали во законот во делот за екстерно има решение за неполагање во случај на виша сила (од протести до други вонредни состојби, непогоди и слично). Затоа што овој дел од муабетот

не ми штима некако
Протест не е виша сила, туку избор.
 
Член од
21 мај 2008
Мислења
11.025
Поени од реакции
11.666
Одлично. Веќе го запизиле теркот при основањето на овие здруженија - загрижени се за сосотојбите и плус веднаш имаат на албански соопштение. Слично лого, исти лајкови само чекам да достават барање до минситерстовото па да коментирам. Студентите доставија 10 страни документ од кој 9 беа посветени на автономијата на универзитетот, средношколците претпоставувам ќе достават свои предлози за начинот на кој треба да функционираат средните школи, наставните програми, изборот на професори и директори и други специфични проблеми кои се дел од работата на образовните експерти.
Еве се организира и Средношколски Пленум. За овие ништо моментално не знам кога и како започна но ќе биде интересно :)
Темата е за државен испит, да се задржиме за тоа. Имам што да кажам на ова на Брутус, ама нема за да не ја задлабочам дискусијата. Ве молам држете се до темата, насловот е јасен. :) За Средношколски пленум можете да зборите во темата за екстерното тестирање.

Извинете, не сте биле само вие, туку и сите мислења на оваа страна. Држете ја дискусијата до државниот испит и другите промени во ЗВО.
 
Последно уредено:

Bojan Van Buuren

Колектор
Член од
11 април 2008
Мислења
8.394
Поени од реакции
12.058
Ај некој да ми посочи во кој член (или нека го копира тука) пишува кога ќе се спроведе првиот државен испит за студентите на втор циклус ?
Нели имаше информација дека првиот државен испит ќе се спроведе учебната 2017/18 и дека ова нема да ги „фати“ студентите што ќе запишат мастер во учебната 2015/16.
У меѓувреме добив информација од професор дека и студентите кои ќе запишат мастер во учебната 2015/16 ќе бидат тестирани.
 
Член од
21 ноември 2007
Мислења
10.753
Поени од реакции
9.520

Мислам дека вгодина е пилот државен испит што во тој случај ја фаќа 2015/16 ама резултатите нема да бидат земени во предвид.
 
Con Artist

the man with the key
Член од
1 мај 2012
Мислења
5.335
Поени од реакции
21.659
Ај некој да ми посочи во кој член (или нека го копира тука) пишува кога ќе се спроведе првиот државен испит за студентите на втор циклус ?
Нели имаше информација дека првиот државен испит ќе се спроведе учебната 2017/18 и дека ова нема да ги „фати“ студентите што ќе запишат мастер во учебната 2015/16.
У меѓувреме добив информација од професор дека и студентите кои ќе запишат мастер во учебната 2015/16 ќе бидат тестирани.
Член 27.
http://www.mon.gov.mk/images/documents/zakoni/Predlog_Zakon_za_izmena_i_dopolnuvanje_na_Zakonot_za_visokoto_obrazovanie.pdf
 
Член од
21 мај 2008
Мислења
11.025
Поени од реакции
11.666
2016/17 за додипломски, 2017/18 за постдипломски. (ова е на крајот од тие учебни години) Така да, лага е тоа дека сегашните студенти нема да ги фати државниот испит. Како и да е, дискутирано е тоа.

Иначе, што се тиче мене, пилот-државен испит (под претпоставка дека ќе дојде до тоа) треба да се бојкотира масовно.
 
RickyLFC9

Модератор
Член од
28 март 2012
Мислења
19.565
Поени од реакции
41.148
Иначе, што се тиче мене, пилот-државен испит (под претпоставка дека ќе дојде до тоа) треба да се бојкотира масовно.
Абе лесно е вака да кажеш. Али имај во предвид дека 95% од луѓето ќе видат дека е лесно, дека без гајле ќе го положат, дека знаат, нема да ризикуваат парите што ги дале да им пропаднат у вода ради некој нивни идеал, па залагањето против принципот паѓа у вода.
 
Член од
21 мај 2008
Мислења
11.025
Поени од реакции
11.666
Абе лесно е вака да кажеш. Али имај во предвид дека 95% од луѓето ќе видат дека е лесно, дека без гајле ќе го положат, дека знаат, нема да ризикуваат парите што ги дале да им пропаднат у вода ради некој нивни идеал, па залагањето против принципот паѓа у вода.
Тој т.н. пилот проект, нели нема да се рачуна, што ти ја знам...комотно да не се појави никој, каков знак ќе им даде тоа на тие од власта? Нема лесно-тешко, едноставно, нема воопшто да се влезе на евентуалното полагање, па не да ги разгледаме прашањата.
 
Член од
21 ноември 2007
Мислења
10.753
Поени од реакции
9.520
Oвaa испaднa трoјaнскиoт кoњ и вo студентскиoт и прoфесoрскиoт пленум.
 
Kajgana Shop

На врв Bottom