Јас сум за повеќе деца, јас сум растен така, а исто и сопругата они се пет
. Огромна е разликата, сега кога сме возрасни дупло повеќе си помагаме. Прекрасно е чуството кога имаш кај да се јавиш да се радуваш и на среќата на твоите најблиски. Некако посилен си и во друштво кога си мал, имаш постар брат да се фалиш
. Едно дете, мислам дека од тинтрање, тресење над него и ексклузивната љубов од родителите ги прави, некако понежни (фигуративно, себични) ова од примери го кажувам, ама не е генерално така. Самото тоа што, брат ми прв доби точак, ја морав да чекам да се докажам дека заслужувам. Тоа ми давало дополнителна мотивација, да осетам дека морам да делам нешто, да морам да мислам и за друг и да му помогнам. Се е тоа поврзано, ама по мене само оправдување за едно дете е биолошкиот фактор на родителите, се друго е глупо да се бара како оправдување, бидејќи ако имам две деца ќе работам и повеќе ако треба да донесам и за двете. Ама кој како си ја сваќа оваа работа. Од повеќе браќа и сестри никогаш неможаш да бидеш зијан во животот.