За жал, жртва на „балансот“ во тимот на Ван Гал со овие формации, се баш оние играчи од типот на Ди Мариа, Мата, Фалкао можеби. На играчи како Ди Мариа и Мата им треба брза игра, силно темпо каде ќе се ствара многу празен простор за трчање и додавање топки. Ви текнува на утакмиците како што беа онаа на Реал во финалето, оние од светско, утакмицата против Германија каде растури у поим Ди Мариа? Ви текнува колку простор имаше за трчање? Ди Мариа е прав бисер во такви игри. Исто и Мата.
И што правиме ние? Едно старечко бавно темпо, речиси позиционен напад, сите статични, топки во нозе и се ствараат ситуации каде еден Мата да треба да прими топка во место, завртен со грб кон голот, со двајца силувачи качени на него. Мислам хелоу.
Исто е и со Ди Мариа. Пикнат е таму во таа гужвата каде и нема што да прави.
И од каде после шанси? Од Џонс??????
Него ајде се надевам дека оваа е некоја транзитна фаза и дека ќе се склопи формација со која ќе се игра на јаките страни на играчите.