Џонс со изданијата вчера, кога непречен од никого, под никаков притисок од противнички фудбалер 3-4 пати даде пас на нога на противнички играч. Еднаш Рохо го извади, еднаш самиот си ја исправи грешката, во другите 2 наврата, не ми текнува што стана.
Дечково, заедно со Еванс ке пољубат излезна врата ако продолжат вака. Џонс нема утакмица да не направи грешка по која или примаме гол, или противникот прави гол шанса.
Рохо вчера немаше загубен дуел и ова му беше најдобриот натпревар откако е кај нас, што е одлично, иако игравме против аматери. Ме радува и тоа што почна да ги спушта топките, без да ја рока секоја напред.
Ди Мариа почнува да ми бива енигма со неговата преголема слобода во играта. Баш ме занима каков му е процентот на шутнати топки, во поглед на топки кои ишле во рамки на гол.
Вториот brain fart од вчера се корнерите на Џонс. 3 корни изведе, и сите 3 едвај дојдоа до прва статива.
Ова не е од вчера, и против QPR на ист начин ги изведе. У тим кој вреди 200 милиони фунти, немаш играч кој може саглам да ти изведе корнер? Блинд, Јанузај, Ерера... Де Геа да го ставиш да изведува, подобар центаршут ке извади.
Ди Мариа иста прича. Не претставуваме никаква опасност од корнер.
Задњи 2 гола што ги памтам а ги дадовме од корни се голот на Фалкао против Стоук, и на Вида против Баерн од ерата на Мојсо.
Некои работи очигледно ке мора да се сменат. У задњи 6 утакмици, само 1 гол имаме во прво полувреме.
Нема никаква синергија во тим што вреди толку пари. Не играат како едно.
@аце_настески ,
што е причината ради која не би го играл Ерера прв состав?