Иванов ги потпиша указите за законите од образованието
Еве го нашиот „државник“.
Генерално не сме изненадени иако мал дел од мене се понадева дека ќе му чукне во тоа главата. Нејсе...
„
Претседателот на Република Македонија Ѓорге Иванов врз основа на сите извршени анализи и консултации во изминатиот период, како и од констатациите произлезени од бројните средби со најдобрите студенти од сите универзитети во Република Македонија што редовно се одржуваа изминатите шест години“
Кои најдобри студенти бе? Еден од тие најдобри студенти на УКИМ, просек 10.00 од Правен факултет седеше карши него во Вила Водно, али ок, небитен е он. Ааа, да не се мисли на школата за „лидери“?
„
Претседателот Иванов доби цврсто уверување од предлагачот на законите дека во наредниот период ќе биде организирана сеопфатна стручна расправа за најсуштествените прашања од сферата на високото образование со релевантните субјекти од оваа област, претставници на студентите и меѓународни експерти за високо образование. Од сите овие активности и инклузивен дијалог ќе произлезе целосно нов закон за високо образование, стои во соопштението од Кабинетот.“
Ајдее мајката, ајде ќе си играме курташак со високо образование, ај малку државен испит, ај малку импакт фактори, па за некое време ново законче.
И кога ќе биде тоа ново законче, 100% ќе има пак „јавна дебата“.
„Претседателот Иванов смета дека само на овој начин Република Македонија ќе може да се приближи кон современите меѓународни научни достигнувања, стои во соопштението од Кабинетот на претседателот Ѓорге Иванов.“
Пари требаат Хорхе, пари. Ама кој да ги даде...битно за други работи се има. Али ок, со државниов испит, само што не сме станале Финска.
Ќе ги замолам сите членови да ја држат дискусијата на ниво, да не провоцираат отварајќи прашања кои не се во склоп на оваа тема. Ако сакате нешто да продискутирате со некој член, а да не е државниот испит, бујрум, имате приватни пораки и други средства за комуникација. Јас овој пат нема да враќам на такви прашања/постови. Фала.