Како прво ја ругаш идната архитектура на АМД а подолу во постот го советуваш да купи FX8350?.
Ја ругам затоа што од Athlon64 наваму вадат fail процесори и раскажуваат приказни за некој иден производ кој исто така кога ќе излезе е fail, но тогаш зборуваат за невиден процесор кој допрва требало да го извадат но ќе доцни неколку години и така. FX8350 му го препорачувам како најисплатлива и единствена логична надградба на платформата која веќе ја поседува. За се останато ќе мора да смени цела платформа.
Не велам дека е слаб процесор, но според твојата логика ако Skylake е 15% побрз од Haswell, тогаш зашто да надоградува на Vishera, кога и таа е 10-15% побрза од Bulldozer.
Затоа што процесорот кој го има, FX8120, не e доволно брз за да ја храни графичката картичка која ја има, GTX970, па така со надградба на процесор со ~20% подобри перформанси во просек ќе извлече повеќе фрејмови од графичката карта. Надградбата од FX8120 до FX8350 може да ја направи веднаш и ќе го чини 4000~5000 денари со што во нареднава година и кусур ќе ужива бенефит од неа. Надградбата од FX8120 на SkyLake ќе го чини 40000~50000 денари, а бенефитот ќе треба да го ужива по година и кусур кога ќе пристигне Skylake кај нас, при што графичката картичка ќе му биде застарена, новите игри кои тогаш ќе бидат актуелни ќе бидат позахтевни, а Skylake процесорот ќе биде многу побрз од графичката картичка за да може да има бенефит од инвестицијата.
Плус преку оверклок на FX 8120 може да ги достигне перформансите на FX8350 за ,,беспари''
За да го оверклокува FX8120 треба:
1) Да има соодветна матична плоча
2) Да му е погоден примерокот за оверклок
3) Да си купи сериозен кулер (за случајов неминовна е Noctua NH-D14 која чини 4000 денари).
Во игри Vishera во просек има за 15-20% повеќе min FPS и за 10-15% повеќе avg FPS од Zambezi на иста фрекфенција. FX8350 има турбо фрекфенција од 4.2GHz, па така оверклоквуан FX8120 да ги постигне перформансите на FX8350 во игри ќе треба да работи на над 4.8GHz. А за тоа ќе мора да си купи саглам кулер кој ќе го чини исто како и доплата која би ја дал за FX8350.
Нејсе, и FX8350 се оверклокува и тоа доста повеќе од FX8120.
Разликата помеѓу Sandy Bridge, Ivy Bridge, Haswell и Haswell Refresh не беше голема, затоа и многу корисници, како и мене останаа со Sandy Bridge.
Haswell рефреш уште не е излезен. Разликата во перформанси меѓу Sandy и Haswell на иста фрекфенција е околу 15% во просек, но ако ги земеш и разликите во фрекфенциите кај десктоп варијантите i7-2700 vs i7-4790 разликата во перформанси е околу 30%. Но не е само процесорот во прашање, туку целиот систем. Платформа на Haswell има еден куп прдности во однос на онаа на SB кои многу влијаат на перформансите. На пример на Haswell платформа со Z87/Z97 има повеќе SATA3 и USB3 порти. Па така на Z87/Z97 можеш да врзеш повеќе од две SSD-а во RAID0 и сите да работат на SATA3 интерфејс. За разлика од Sandybridge кој има PCI-e 2.0 конторлер, Haswell има PCI-e 3.0 кој испорачува двојно поголем проток што игра улога кога се врзани две high-end графички картички како AMD R9 290/290X. Тука е и нативниот USB3.0 вграден на самиот чипсет, кој секогаш имал подобри перформанси од било кој after-market контролер додаден на P67 матичните плочи. Значи голема рaзлика меѓу P67/Sandy и Z97/Haswell има, но не и голема разлика помеѓу Z77/Ivy(кои имаат PCI-e 3.0 и нативно USB3) и Z97/Haswell.
Skylake ќе биде доста подобар и побрз бидејќи ќе користи нов сет на инструкции, подобрени контролери за меморија и независен регулатор на волтажа.
Придобивките во CPU перформанси ќе бидат поради новите инструкциски сетови и дополнителните егезкутирачки единици. Skylake ќе има драстично подобар GPU од Haswell и само таму ќе одигра улога поголемиот проток кој треба да го донесе DDR4. Освен кај ultra-low-power варијантите, кај сите останати деривати регулаторите за напон ќе ги исфрлат од пакувањето и ќе се вратат на стариот, pre-Haswell, дизајн каде што тие се наоѓаа на матичната плоча. Со тоа ќе се намали работната температура на процесорот, а за сметка на тоа ќе се покачи севкупната потрошувачка на енергија на системот. Покрај ова Skylake ќе има низа подобрувања за енергетската ефикасност.
Околу Skylake, матичните што ќе ги користи, чипсет 100 или Sunrise Point, ќе користат DDR3 или DDR4.
Тие матични ќе имаат нов тип на мемориски слотови - UniDIMM чии модули ќе бидат можат да бидат направени од low power DDR3 или DDR4 чипови. Ако се случи, поентата ќе биде да им се овозможи на производителите на меморија да ги исчистат залихите од DDR3 чипови при што UniDIMM со low power DDR3 ќе бидат ефтини, а со DDR4 ќе бидат скапи. Стандардни DDR3 модули физички нема да може да се закачат и таква варијанта нема да постои, па ни Skorp нема да има можност да си ги искористи старите мемории.
Овде можеш да читнеш за тоа. И во минатото Intel правел вакви трипер комбинации ко на пример со FB-DIMM. Јас не би се зае*авал со таква трипер комбинација туку ќе си купам матична со DDR4 кој знам дека ќе го искористам и за наредната платформа и лесно ќе можам да го продадам.