Помош, проблеми, прашања, совети...

Prestapnik

Кондураџија
Член од
10 јануари 2015
Мислења
418
Поени од реакции
342
4690K е подобар ако го земеш оверклокувањето во предвид. Ако не оверклокуваш тогаш во перформанси тие два процесори се слични, но FX 8350 троши драстично повеќе електрична енергија и драстично повеќе грее што значи дека ќе имаш доста поголема бука поради вентилаторите за ладење.

Секако дека не се исплати да ја промениш платформата и да потрошиш релативно многу пари за незабележителни, ако не и никакви, промени во перформансите на системот. Ако правиш надградба тогаш смисла има само i7, но и тоа е неисплатливо. Подобро чувај пари за поголем апгрејд каде покрај промената на платформата за појак процесор, ќе ја надградиш и графичката картичка или ќе ставиш уште една. Евентуално, ако немаш SSD, веднаш инвестирај пари во него и ќе добиеш драматично пореспонсивен систем при вчитување и запишување на податоци.
 
Skorp

That guy...
Член од
30 јуни 2010
Мислења
1.206
Поени од реакции
2.328

Fala na odgovor. Imam SSD taka da spored moe mislenje uste procesor mi fali ali se dvoumam koj da go zemam :/
 
Prestapnik

Кондураџија
Член од
10 јануари 2015
Мислења
418
Поени од реакции
342
Со FX8350 ќе добиеш до 20% подобри перформанси во игри во однос на 8120. 8350 во твојот случај е единствена логична надградба и е далеку поисплатлив затоа што не бара промена на матична плоча. 4690 нема ништо повеќе да ти понуди во перформанси во однос на 8350, но бара промена и на матична плоча што значи поголема загуба на пари. Ако одиш на Intel варијанта тогаш исклучиво купувај i7 4790/4770.
 
Ako vekje se resham za i7, koja maticna da ja kombiniram so nego. Daj mi link od set/anhoch ako sakash? Da ne e preskapa samo.
 
Prestapnik

Кондураџија
Член од
10 јануари 2015
Мислења
418
Поени од реакции
342
Ако не оверклокуваш купи матична плоча со B85 чипсет. Јас би ти препорачал да е со digital PWM, на пример Asrock B85M-Pro3 која ја има во СЕТ. Ако сакаш поквалитетно аудио и LAN барај од моделите на Asus, прашај што има на лагер и отвори спореди ги на нет. На памет не ги знам моделите, ниту знам што имаат на лагер.
Ако оверклокуваш тогаш матична со Z97 чипсет, почнувајќи од Asus Z97-C. Има подобро аудио и подобар LAN од основниот модел. Ако сакаш поквалитетна, а не скапа тогаш земи Maxmius VII Ranger.
 
Rodeo

Thrillseaker
Член од
15 април 2007
Мислења
243
Поени од реакции
36
Ako vekje se resham za i7, koja maticna da ja kombiniram so nego. Daj mi link od set/anhoch ako sakash? Da ne e preskapa samo.
Здраво,
Би ти препорачал да почекаш ,,малку'', Интел и АМД имаат најавено нови процесори за 2015/2016 со доста подобрена архитектура (Intel Skylake, AMD Zen). Ако до сега си издржал со FX 8120, сигурно нема да ти смета да го имаш уште 8-9 месеци.
Би било штета сега да дадеш 10000 ден. за FX 8350 или 19000 ден. за i7 и 5000-6000 ден.за нова матична. Како што гледам имаш GTX 970 и претпоставувам дека скоро сите игри ги играш на максимум, така да би ти препорачал да си останеш со FX 8120, па за некоја година прави промена на матична и процесор.
Поздрав
 
Prestapnik

Кондураџија
Член од
10 јануари 2015
Мислења
418
Поени од реакции
342
Да чека година и кусур за да направи апгрејд нема поента.
Што се однесува до новите процесори и на Intel и на AMD, нема да излезат годинава и ќе бараат нова матична плоча и нов DDR4 RAM.
AMD Zen нема никаква поента затоа што ќе биде уште еден патетичен обид да се приближат до Intel, прашање е дали ќе има перформанси на ниво на Ivy Bridge. За потрошувачка, колка сака нека ја оптимизираат архитектурата, ама со инфериорен производствен процес ќе си троши и ќе си грее далеку повеќе од било кој Intel-ов процесор со ист број на јадра и слични перформанси.
Skylake ќе донесе подобрувања, но нема да е ништо драматично во однос на Haswell. Од подобрувањата кои се шпекулираат, во просек може да биде побрз за 10-15% на иста фрекфенција. Па така финансиски гледано за некој кој веќе има Haswell нема да има поента промена на комплет платформа. А дури и да го земе Skylake, инвестицијата воопшто не е разумна бидејќи тој процесор е предобар за графичката која ја има. Би имало смисла кога би ставил две графички од наредна генерација врзани во SLI или crossfire.
Па така единствен логичен и исплатлив апгрејд, и тоа сега, е FX8350. Таа надградба нема да го чини 10000 денари туку 4000-5000 максимум. Стариот процесор ќе му го проценат 6000-7000 и ќе доплати 4000-5000 денари.
 
Здраво

Како прво ја ругаш идната архитектура на АМД а подолу во постот го советуваш да купи FX8350?. Не велам дека е слаб процесор, но според твојата логика ако Skylake е 15% побрз од Haswell, тогаш зашто да надоградува на Vishera, кога и таа е 10-15% побрза од Bulldozer. Плус преку оверклок на FX 8120 може да ги достигне перформансите на FX8350 за ,,беспари''
Разликата помеѓу Sandy Bridge, Ivy Bridge, Haswell и Haswell Refresh не беше голема, затоа и многу корисници, како и мене останаа со Sandy Bridge. Skylake ќе биде доста подобар и побрз бидејќи ќе користи нов сет на инструкции, подобрени контролери за меморија и независен регулатор на волтажа.
Околу Skylake, матичните што ќе ги користи, чипсет 100 или Sunrise Point, ќе користат DDR3 или DDR4. Така што Skorp ќе може да ја искористи истата меморија. DDR4 се најавува како единствена меморија подржана во идната архитектура на Intel наречена Cannonlake.
Јас лично, не би надоградил на FX8350 или Haswell.
Поздрав.
 
Prestapnik

Кондураџија
Член од
10 јануари 2015
Мислења
418
Поени од реакции
342
Како прво ја ругаш идната архитектура на АМД а подолу во постот го советуваш да купи FX8350?.
Ја ругам затоа што од Athlon64 наваму вадат fail процесори и раскажуваат приказни за некој иден производ кој исто така кога ќе излезе е fail, но тогаш зборуваат за невиден процесор кој допрва требало да го извадат но ќе доцни неколку години и така. FX8350 му го препорачувам како најисплатлива и единствена логична надградба на платформата која веќе ја поседува. За се останато ќе мора да смени цела платформа.

Не велам дека е слаб процесор, но според твојата логика ако Skylake е 15% побрз од Haswell, тогаш зашто да надоградува на Vishera, кога и таа е 10-15% побрза од Bulldozer.
Затоа што процесорот кој го има, FX8120, не e доволно брз за да ја храни графичката картичка која ја има, GTX970, па така со надградба на процесор со ~20% подобри перформанси во просек ќе извлече повеќе фрејмови од графичката карта. Надградбата од FX8120 до FX8350 може да ја направи веднаш и ќе го чини 4000~5000 денари со што во нареднава година и кусур ќе ужива бенефит од неа. Надградбата од FX8120 на SkyLake ќе го чини 40000~50000 денари, а бенефитот ќе треба да го ужива по година и кусур кога ќе пристигне Skylake кај нас, при што графичката картичка ќе му биде застарена, новите игри кои тогаш ќе бидат актуелни ќе бидат позахтевни, а Skylake процесорот ќе биде многу побрз од графичката картичка за да може да има бенефит од инвестицијата.

Плус преку оверклок на FX 8120 може да ги достигне перформансите на FX8350 за ,,беспари''
За да го оверклокува FX8120 треба:
1) Да има соодветна матична плоча
2) Да му е погоден примерокот за оверклок
3) Да си купи сериозен кулер (за случајов неминовна е Noctua NH-D14 која чини 4000 денари).
Во игри Vishera во просек има за 15-20% повеќе min FPS и за 10-15% повеќе avg FPS од Zambezi на иста фрекфенција. FX8350 има турбо фрекфенција од 4.2GHz, па така оверклоквуан FX8120 да ги постигне перформансите на FX8350 во игри ќе треба да работи на над 4.8GHz. А за тоа ќе мора да си купи саглам кулер кој ќе го чини исто како и доплата која би ја дал за FX8350.
Нејсе, и FX8350 се оверклокува и тоа доста повеќе од FX8120.

Разликата помеѓу Sandy Bridge, Ivy Bridge, Haswell и Haswell Refresh не беше голема, затоа и многу корисници, како и мене останаа со Sandy Bridge.
Haswell рефреш уште не е излезен. Разликата во перформанси меѓу Sandy и Haswell на иста фрекфенција е околу 15% во просек, но ако ги земеш и разликите во фрекфенциите кај десктоп варијантите i7-2700 vs i7-4790 разликата во перформанси е околу 30%. Но не е само процесорот во прашање, туку целиот систем. Платформа на Haswell има еден куп прдности во однос на онаа на SB кои многу влијаат на перформансите. На пример на Haswell платформа со Z87/Z97 има повеќе SATA3 и USB3 порти. Па така на Z87/Z97 можеш да врзеш повеќе од две SSD-а во RAID0 и сите да работат на SATA3 интерфејс. За разлика од Sandybridge кој има PCI-e 2.0 конторлер, Haswell има PCI-e 3.0 кој испорачува двојно поголем проток што игра улога кога се врзани две high-end графички картички како AMD R9 290/290X. Тука е и нативниот USB3.0 вграден на самиот чипсет, кој секогаш имал подобри перформанси од било кој after-market контролер додаден на P67 матичните плочи. Значи голема рaзлика меѓу P67/Sandy и Z97/Haswell има, но не и голема разлика помеѓу Z77/Ivy(кои имаат PCI-e 3.0 и нативно USB3) и Z97/Haswell.

Skylake ќе биде доста подобар и побрз бидејќи ќе користи нов сет на инструкции, подобрени контролери за меморија и независен регулатор на волтажа.
Придобивките во CPU перформанси ќе бидат поради новите инструкциски сетови и дополнителните егезкутирачки единици. Skylake ќе има драстично подобар GPU од Haswell и само таму ќе одигра улога поголемиот проток кој треба да го донесе DDR4. Освен кај ultra-low-power варијантите, кај сите останати деривати регулаторите за напон ќе ги исфрлат од пакувањето и ќе се вратат на стариот, pre-Haswell, дизајн каде што тие се наоѓаа на матичната плоча. Со тоа ќе се намали работната температура на процесорот, а за сметка на тоа ќе се покачи севкупната потрошувачка на енергија на системот. Покрај ова Skylake ќе има низа подобрувања за енергетската ефикасност.

Околу Skylake, матичните што ќе ги користи, чипсет 100 или Sunrise Point, ќе користат DDR3 или DDR4.
Тие матични ќе имаат нов тип на мемориски слотови - UniDIMM чии модули ќе бидат можат да бидат направени од low power DDR3 или DDR4 чипови. Ако се случи, поентата ќе биде да им се овозможи на производителите на меморија да ги исчистат залихите од DDR3 чипови при што UniDIMM со low power DDR3 ќе бидат ефтини, а со DDR4 ќе бидат скапи. Стандардни DDR3 модули физички нема да може да се закачат и таква варијанта нема да постои, па ни Skorp нема да има можност да си ги искористи старите мемории. Овде можеш да читнеш за тоа. И во минатото Intel правел вакви трипер комбинации ко на пример со FB-DIMM. Јас не би се зае*авал со таква трипер комбинација туку ќе си купам матична со DDR4 кој знам дека ќе го искористам и за наредната платформа и лесно ќе можам да го продадам.
 
Член од
19 август 2013
Мислења
29
Поени од реакции
1
имам проблем околу џојстициве. Купив еден џојстик од Сетек, се вика Sqonyy (???)... идам дома, го приклучувам и ми вика USB Device Not Recognized. Пробав да го унинсталирам УСБ порто преку Device Manager, пак неможи. Го пуштив на лаптоп, чини, го препуштам на компјутеро, чинеше околу 10 минути, се исклучи (престана да работи) и од тогаш неможам да го напрам, пробав на лаптоп, исто ми вика USB Device Not Recognized. Помагајте што да правам.
 
Prestapnik

Кондураџија
Член од
10 јануари 2015
Мислења
418
Поени од реакции
342
Оди во СЕТ и рекламирај го. Барај да го сервисираат во разумен рок или да ти дадат друг. Доколку е без гаранција, а од кога си го купил до сега не поминале 15 дена и ја чуваш фискалната сметка повикај се на Член 50 од Закон за заштита на потрошувачите и закани се дека ќе викнеш Пазарна Инспекција доколку не постапат по став 1 од тој член. Должни се да ти го заменат со друг, ист таков исправен производ или да ти вратат пари.

Замена со друг производ​

Член 50​

Потрошувачот има право кај трговецот кај кој е купен производот да го замени производот што има соодветен квалитет, а што не одговара во однос на формата, големината, моделот, бојата, бројот или од други причини освен во случај на купен производ изготвен по нарачка од потрошувачот врз основа на писмен договор.

Потрошувачот правото од ставот 1 на овој член може да го оствари во рок од 15 дена од денот кога производот е купен.

Замена на производот со соодветен квалитет се врши ако производот не бил употребуван, ако е сочуван изгледот на производот, употребните својства, пломбите, фабричките етикети, како и фискалната сметка за производот или сметкопотврда кои на потрошувачот му биле издадени заедно со производот.

Ако во моментот на поднесувањето на барањето од потрошувачот трговецот нема соодветен производ (производ што ќе одговара на неговите потреби), потрошувачот има право по свој избор да бара:

- да го раскине договорот и да бара враќање на платениот паричен износ или

- да го замени производот со соодветен кога ќе има таков производ.

Трговецот е должен да го извести потрошувачот кој барал замена на производот дека има таков производ за продажба во рок кој не може да биде подолг од 30 дена од денот на приемот на барањето.
 
Член од
19 август 2013
Мислења
29
Поени од реакции
1
Оди во СЕТ и рекламирај го. Барај да го сервисираат во разумен рок или да ти дадат друг. Доколку е без гаранција, а од кога си го купил до сега неAASпоминале 15 дена и ја чуваш фискалната сметка повикај се на Член 50 од Закон за заштита на потрошувачите и закани се дека ќе викнеш Пазарна Инспекција доколку не постапат по став 1 од тој член. Должни се да ти го заменат со друг, ист таков исправен производ или да ти вратат пари.
Оди во СЕТ и рекламирај го. Барај да го сервисираат во разумен рок или да ти дадат друг. Доколку е без гаранција, а од кога си го купил до сега не поминале 15 дена и ја чуваш фискалната сметка повикај се на Член 50 од Закон за заштита на потрошувачите и закани се дека ќе викнеш Пазарна Инспекција доколку не постапат по став 1 од тој член. Должни се да ти го заменат со друг, ист таков исправен производ или да ти вратат пари.
супер... фала на советот, дури утре одам да го вратам, ама ќе има врска ако паковката му ја нема? ја фрлив во огнот мислејќи нема да ми треба:D
 
Cak

Член од
22 април 2009
Мислења
212
Поени од реакции
18
супер... фала на советот, дури утре одам да го вратам, ама ќе има врска ако паковката му ја нема? ја фрлив во огнот мислејќи нема да ми треба:D
Mora da se ima apsolutno se od uredot za da moze toj ured da vleze vo RMA procedura,
 
Член од
25 февруари 2009
Мислења
1.565
Поени од реакции
417
супер... фала на советот, дури утре одам да го вратам, ама ќе има врска ако паковката му ја нема? ја фрлив во огнот мислејќи нема да ми треба:D
опаковката ќе ти треба ако си ги сакаш одма парите назад, нели во рок од 15 дена може да го вратиш производот како што бил спакуван комплет.

а вака за сервис нема врска, однеси го само џојстикот во најлонче со гаранцијата и фискалната и кажи дека не работи.
 
Член од
19 август 2013
Мислења
29
Поени од реакции
1
опаковката ќе ти треба ако си ги сакаш одма парите назад, нели во рок од 15 дена може да го вратиш производот како што бил спакуван комплет.

а вака за сервис нема врска, однеси го само џојстикот во најлонче со гаранцијата и фискалната и кажи дека не работи.
така и направив, му реков ја фрлив опаковката во оган, и ми дадоја нов џојстик без опаковка, ми рекоја и тие ќе ја фрлат таја во оган :D[DOUBLEPOST=1422111475][/DOUBLEPOST]
Mora da se ima apsolutno se od uredot za da moze toj ured da vleze vo RMA procedura,
Изгледа немало врска овде, мене ми требаше само да му го вратам џојстикот со намера да ми дадат нов, што чини. И така и направија, само што ми вратија без паковка, како јас го вратив, така и тие ми дадоја :D, барем новиов работи сега.
 
Kajgana Shop

На врв Bottom