Најбрзо лекување на модрица

  • Креатор на темата Креатор на темата iphone help
  • Време на започнување Време на започнување
Член од
5 февруари 2013
Мислења
444
Поени од реакции
96
Возраст
35
како најбрзо да ја излекувам модрицата.. сега е при крај жолта е, али до утре некако да помине.. мачкам алвен има ли др начин за уште побрзо да помине
 
Модрица ко модрица сама ќе си помине, што толку ја брзаш за да мора до утре да ти помине:D

Шала на страна, земи коцка мраз во едно ќесе и држи ја на местото на модрицата. Можеш да ставиш и облога од зелка (исчукај го листот и стави го на местото/врзи го со најлонска фолија) или облога од компир (свари го, згмечи го ко пире, додај му ептен малку вода и стави на место).

:)
 
крема/маст од невен, али германската што е, никако оние нашине срања. еве оваа: http://www.beauty-kraeuter.de/bilder/produkte/gross/Melkfett-mit-Ringelblumenextrakt.jpg

ние ја користиме со години и на малово абе кога и да падне го мачкаш и ако ти се верува и модрици и изгреботини и се се повлекува абе за не полн час. е сеа не знам дали се продава у аптека ако можеш од тука да на нарачаш: http://rsi-mk.com/

еве и од кај да ја нарачаш: http://rsi-mk.com/prodazba/drf-05/
 
- Ќе земиш Толчник и еден кромид. Кромидот ќе го исчистиш и ќе го истолчиш убаво и тоа во некое крпиче и ќе го ставиш на местото кај што ти е модрицата и држи така колку можеш да издржиш.
Ако сакаш, во кромидот можеш и лебни трошки да истрошиш.
 
како најбрзо да ја излекувам модрицата.. сега е при крај жолта е, али до утре некако да помине.. мачкам алвен има ли др начин за уште побрзо да помине
Кратко и Јасно - Мраз друга опција, да земеш Ice power, знам дека го има во еурофарм, секогаш кога одам на натпревари, верувај ми и многу поопширни рани одминуваат.
 
Имам слушнато дека парче месо се става на модринка за да помине али тоа е за партизански услови. Мене ми има помогнато Синедол гелот за модринка оток и болка битребало да го има во сите аптеки.
 
Модрица односно оток најбрзо се симнува со облоги од ладна ракија. Неколку пати ми се има случено да превиткам нога да ми отече до степен едвај да се движам и во рок од 6-7 часа со менување на облоги од ладна ракија отокот да спадне на половина од првичниот, а по 2-3 дена (во однос колку често менуваш облоги) како да не било ништо.
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom