Дали има руси кои моментално живеат во територии под украинска контрола ?
Дали во тие територии се палат живи русите?
Кога Крим беше окупиран од Русија , дали во останатиот дел на Украина се палеа руси?
Ако пред тоа не биле палени руси, тогаш од каде иде претпоставката дека украинците ќе палат руси, и дека Русија мора да интервенира со окупирање на територии на соседна држава.
Колку запалени руси има во Крим? Нели викаш палењето на руси е причина за интервенција на Русија?
Дали е точно дека во Крим се убиени само 3 руси? (за 3ца убиени руси, окупиран цел Крим, јако оправдување нема што, да беше така лесно досега требаше во светот да има 500 држави)
Кај па ти го спомнуваш Крим. Ако Косово легално стана држава, тогаш и Крим легално се припои со Русија.
Бидејќи Одеса се случи после отцепувањето на Крим, палењето и крвничко убивање на 42 лица е оправдано ?
Запалени од истите тие кои го предводеа Мајдан, кои завзедоа министерски места во новата Украина.
Немаат украинците никого запалено во последно време, сега само бомбардираат.
Тие руси кои се под украинска контрола ја увидоа лекцијата по Одеса. Немаат право да се спротиставуваат на оваа "нова" бандеровска Украина, затоа што на нивните нацистички сонародници од западот не би им се допаднало тоа.
А знаеме што се случува, ако нешто не им се допаѓа
И секако дека Русија не ги помага сепаратистите само поради човекови права и слободи. Ја знаеме сите големата слика и улогата на твојата аватар слика во Мајдан. Да не се навраќаме на разговор кој бил правен пред 350 страни на темава.
Не ми се ни дискутира мене овде за правдини. На сите ни е јасно што се случува и зошто.
Така да, најубаво за темава би било да ги коментираме моменталните воени случувања, и што би се случувало во иднина.
Да зборуваме за тоа како ги плескаат бандеровците на бојното поле. Нема потреба од постојано дрвење со минатото, да го закопаме.