MEDDLE
уставен кривичар
- Член од
- 19 февруари 2008
- Мислења
- 1.995
- Поени од реакции
- 1.406
малку се...16.542.
малку се...16.542.
За да се спротиставиш на моменталната извршна власт и нивните луди реформи треба да си барем 2 пати објективно подобар од нив во тврдењата. Обична гласност не помага. Пандани исто не помагаат. Треба паралелно конкурентен систем кој е подобар, подобро спремен.....
Повици за насилства има секој ден. Имаше и колумна за убиство на премиерот пред некој месец, па тоа не значи дека утре некој стварно ќе го убие.Не ти е добра споредбата.
Комитите не се собраа 10000 пред собрание со јасна цел и намера. Овде имаше 10000 а главна цел им беа институциите на системот. Работата беше далеку од наивна. Знаеш зошто толпата е нестабилна ? Оти е толпа, маса народ, се движи по инерција. Потребна е само иницијална каписла и после само седни и гледај. Што мислиш многу треба за тоа?
И што те чуди дека споредувам. Општеството ни е поларизирано до коска, студнетските простеси беа критична маса, фалеше само каписла. На тоа додади ги и коментарите и повикувањата од некои и ете ти беља. Никој после нема да те праша што и како туку бираш страна. Затоа студентските протести секаде во светот ги гледаат како опасност по самиот систем. Не толку ради тоа што бараат студентите туку ради самите студенти кои претставуваат огромна маса на народ концентрирана на едно место и која за жал е лесно манипулативна.
Лоша теза ти е болдот.Што значи тоа незаслужени дипломи? Намален критериум? На УКИМ порано знаеме како било, не било баш лесно, но сега откако се отворија милион приватни универзитети и фамозните дисперзирани (а знаеме кој дал акредитација на нив), мораше и УКИМ малце да попушти затоа што неговите студенти после имаа понизок просек во однос на другите. А збориме за 2/3 од студентите во државата кои се на тој факултет. Купени дипломи? Каде и колку? Анализа треба на тоа да се направи, не онака да се лупне фраза „Се купуваат дипломи“. Пандан на тоа е, „Владата краде“. Исто јака фраза, нели, силно звучи, со нула аргументација во неа.
Ја сум од Скопје,бев на сите протести освен на оној вчера(дали и беше протест). Испитна е,побитно ми е тоа него да идам читам смешни досетки,да се сликам и да мрзнам на ладново.Да беа протестиве конкретни ќе жртвував еден испит али ова е чист позерај. Имаа подршка од 10 000 луѓе и решија концерт да праат место нешто асално, сеа коа се 300 души ќе се радикализираат... мало морген. Уште ова,за до целта и затвор се лежи ако стварно сакаш да успееш,таков човек кај нас нема и во скоро време нема ни да има.И ќе се сликаме и смееме и со еден пендрек по гз дома ќе не пратат бидејки никој не му е гајле дали протестов ќе успее туку само нешто да се дешава.Не можам да сфатам што прават Скопјани, ете едноставно не можам. На 5 минути од неговата куќа/стан се случува протест, кој тој го поддржува, ама ипак не излегува да учествува во него?!
Што е причината? Страв, студ, мрза?
Епа во тој случај, не заслужуваат/ме подобро!
Зарем само 500-1000 луѓе во цело Скопје не се согласуваат со погребувањето на високото образование?!
Додека беа студентите од внатрешноста во Ск, имаше масовни протести. Си отидоа сите по дома, Скопјани не излегуваат на протест.
Тоа е сосема нормално, кога за некои е лукративно да се протестира. Тие групации после вториот марш ги присвоија и студенстските протести. А не знаат ништо подобро отколку да гушкаат трговски центри или останати згради. Тоа им е врвот на кариерата.И ќе се сликаме и смееме и со еден пендрек по гз дома ќе не пратат бидејки никој не му е гајле дали протестов ќе успее туку само нешто да се дешава.
Ќе смислат... а не ќе спремат... Не очекувај револуција аман.. .. Нормално е да смислат нешто.. да согледаат дали згрешиле, што каде згрешиле, во која насока да одат, кои опции им се на располагање.. имаат ли немаат ли поддршка, од кого.. како да добијат.. така иде тоа.. уствари така иде и со секое движење.. не знам што е тоа чудно...За да се спротиставиш на моменталната извршна власт и нивните луди реформи треба да си барем 2 пати објективно подобар од нив во тврдењата. Обична гласност не помага. Пандани исто не помагаат. Треба паралелно конкурентен систем кој е подобар, подобро спремен.
Според Медле, студентите ќе спремаат нешто. Јас искрено сакам да видам дали ќе биде подобро.
Никој не ќути, ниту има намера да ќути.Чоек, па тука лежи и најголемиот проблем... Не знам сеа зошто, после се она вчера, дури и оние што нешто као ги поддржуваа студентите, одма критички као, „Еј ви рековме нема да успее“, „Ви зборевме вака, онака“, „„Кај сте, шо ве нема, спластнавте, се изморивте?“.. или „Брука едвај 1000 души излеговте“ и сл исл..
Не ми е јасно која е таа малограѓанштина... Од дома бре сите се експерти... Го усраа градов со споменициве,.. ќутат молчат.. го усраа со бароков.. ќутат молчат... студентиве, шо велиш, на 5 минути од дома им протестираат, ќутат молчат.... Лично ко за по дома нешто се политиканти, а декларативно се никој и ништо... Денес - утре, Некој од популистиве, пак на тие „декларативци“ ќе им тури трунка солена надеж над лута рана, и ќе ги залаже.. и пак ќе поверуваат.. и кругот оп на почеток.. не иде така..
Така да .. не е проблемот во студентиве, како направиле што направиле.. Туку се сведува на тоа што обичниот, оној индивидуалецот, граѓанинот не го препозна и уште не го препознава она што студентите го направија и го прават... едноставно граѓански и политички се мртви, граѓаниве кај нас.. тотално тотално тотално тотално тотално анемични....
Не дека нешо Грујо и компанија се трудеа многу против студентиве.. они си тераа како до сега.. ништо поише.. и чоече дури пари на реклами фукнаа за државен испит, глупости истрескаа на ТВ, изманипулираа со изјави.. па чоече глуп да си, шо се вели, ќе сфатиш дека некој те гледа у очи и те лаже.. ама не.. дома било боље... па ќе чекаме некој да не искупи од греојте, и не крене од столици - да дошол вистинскиот момент!
така да.. дечкиве - студентиве, трба да се остаат на раат... ќе смислат нешто они..
хахахахаххаахахха јако јако ти беше ова.. )))))).. нема што...Никој не ќути, ниту има намера да ќути.
Неписмените, властодршци- клептократи ја укинаа автономијата на Универзитетот.
Тоа го сторија за да ги продожат студиите и на тој начин да ја „ намалат “ невработеноста.
Досегашното искуство покажува дека властодршците се „ глуви “и нема никаков смисол масовно да се демонстрира пред зградите на владата собранието и слично.
Во наредниот период студентите треба да организираат протесни собиранки, протесни прошетки, протесни игранки, протесни музички концерти и тн. На тој начин ќе се придобие уште поголем дел од граѓанството. Понатаму треба да се спроведе бојкот на предавањата на професорите-издајници.
И властодршциве ќе паднат како скапани круши
Впрочем се согласувам со тебе: „така да.. дечкиве - студентиве, треба да се остаат на раат... ќе смислат нешто они.. “
Nos sumus hic...