Ќе се полага државен испит во 2-ра и 4-та година (Студентски пленум)

  • Креатор на темата Атомската мравка
  • Време на започнување
Член од
21 мај 2008
Мислења
11.031
Поени од реакции
11.667
Што значи тоа незаслужени дипломи? Намален критериум? На УКИМ порано знаеме како било, не било баш лесно, но сега откако се отворија милион приватни универзитети и фамозните дисперзирани (а знаеме кој дал акредитација на нив), мораше и УКИМ малце да попушти затоа што неговите студенти после имаа понизок просек во однос на другите. А збориме за 2/3 од студентите во државата кои се на тој факултет. Купени дипломи? Каде и колку? Анализа треба на тоа да се направи, не онака да се лупне фраза „Се купуваат дипломи“. Пандан на тоа е, „Владата краде“. Исто јака фраза, нели, силно звучи, со нула аргументација во неа.
 

Благоев

The Spartan General
Член од
8 јануари 2014
Мислења
1.357
Поени од реакции
2.087
За да се спротиставиш на моменталната извршна власт и нивните луди реформи треба да си барем 2 пати објективно подобар од нив во тврдењата. Обична гласност не помага. Пандани исто не помагаат. Треба паралелно конкурентен систем кој е подобар, подобро спремен.

Според Медле, студентите ќе спремаат нешто. Јас искрено сакам да видам дали ќе биде подобро. :)
 

Bojan Van Buuren

Колектор
Член од
11 април 2008
Мислења
8.394
Поени од реакции
12.058
Не ти е добра споредбата.
Комитите не се собраа 10000 пред собрание со јасна цел и намера. Овде имаше 10000 а главна цел им беа институциите на системот. Работата беше далеку од наивна. Знаеш зошто толпата е нестабилна ? Оти е толпа, маса народ, се движи по инерција. Потребна е само иницијална каписла и после само седни и гледај. Што мислиш многу треба за тоа?
И што те чуди дека споредувам. Општеството ни е поларизирано до коска, студнетските простеси беа критична маса, фалеше само каписла. На тоа додади ги и коментарите и повикувањата од некои и ете ти беља. Никој после нема да те праша што и како туку бираш страна. Затоа студентските протести секаде во светот ги гледаат како опасност по самиот систем. Не толку ради тоа што бараат студентите туку ради самите студенти кои претставуваат огромна маса на народ концентрирана на едно место и која за жал е лесно манипулативна.
Повици за насилства има секој ден. Имаше и колумна за убиство на премиерот пред некој месец, па тоа не значи дека утре некој стварно ќе го убие.
Пак ќе кажам, преувеличуваш.
Мислиш дека треба само да пукнеш со прсти и оп наеднаш сите луѓе во државава ќе почнат да се тепаат и да се убиваат. Не викам дека е нешто премногу тешко да предизвикаш немири, ама граѓанска војна сигурно не се предизвикува толку лесно како што мислиш ти. Пример еве ти го ова во Франција што се случи. Убиени 17 луѓе, па пак нема граѓанска војна. Може не е најидеален примеров, ама јбг :D

Што значи тоа незаслужени дипломи? Намален критериум? На УКИМ порано знаеме како било, не било баш лесно, но сега откако се отворија милион приватни универзитети и фамозните дисперзирани (а знаеме кој дал акредитација на нив), мораше и УКИМ малце да попушти затоа што неговите студенти после имаа понизок просек во однос на другите. А збориме за 2/3 од студентите во државата кои се на тој факултет. Купени дипломи? Каде и колку? Анализа треба на тоа да се направи, не онака да се лупне фраза „Се купуваат дипломи“. Пандан на тоа е, „Владата краде“. Исто јака фраза, нели, силно звучи, со нула аргументација во неа.
Лоша теза ти е болдот.
Тоа што на приватните ќе излегувале студентите со повисоки просеци од оние од УКИМ и дека затоа требало на УКИМ да се намалат критериумите, нема врска. И сега студентите од приватните имаат повисоки просеци од тие што се на УКИМ, па знаеме дека работодавачите им даваат предност на оние што завршиле на УКИМ, зошто реално се најквалитетни во државава.
Сеа може ќе дадам глуп пример, ама и Оксофрд треба да ги намали критериумите зошто секаде во светот се отвориле и секој ден се отвараат нови факултетит ?
 
Член од
21 мај 2008
Мислења
11.031
Поени од реакции
11.667
@Bojan Van Buuren Не мислам само оценувањето на додипломски, туку и критериумите за запишување на постдипломски и докторски. Порано на повеќето факултети требаше доста висок просек (негде 8.5 мислам беше, во зависност од факултетот). Сега како што гледам се запишуваат без разлика на просек (или можеби е симнат на 7.0, не сум сигурен за ова).

Нејсе, како може дипломата да биде незаслужена ако ти ги исполнуваш барањата на професорот и си добиваш оценката која ја заслужуваш според тие барања. Не би рекол дека има голем број на незаслужени оценки, може ќе се деси некој да се протне, на било каков начин, препишување, барем на мојот факултет - нема теорија. Крај краева, не ти е важна само теоријата која си ја научил за време на студирањето. Сакаат подобар кадар (преку подобро знаење)? Вложете повеќе пари, обезбедете му на секој студент после дипломирањето или магистрирањето пракса од бар 6 месеци, да се запознае како е во практиката и слично. Можеби звучи нереално, али мора да се оди во тој правец, не кон ваква проверка на знаење, која нема никаква смисла во себе. (освен тоа што е противуставна).

Иначе, се задржавме на државниот испит, а колку други :гомце: пикнаа со измениве. Тоа со импакт факторот е чист идиотизам (да, треба повеќе трудови, ама треба и повеќе пари да вложи Владата, пошто тие трудови коштаат пари, како и во текот на нивно изработување, така и за самото објавување). Тоа со странец ректор/декан да не го коментирам, пошто мислам дека знам до што може да доведе тоа. Надлежностите на тој нов Одбор се спротивни на законските одредби во кои е дефинирана автономијата и академската слобода.
 

Bojan Van Buuren

Колектор
Член од
11 април 2008
Мислења
8.394
Поени од реакции
12.058
У секој случај, симнување на критериуми (било какви) само за да не „заостанат“ во просекот со приватните, за мене нема тежина.
За другиот дел од постот се слагаме :)
 
Член од
18 јануари 2011
Мислења
1.605
Поени од реакции
748
Со овој глупав народ можеш да владееш како сакаш, вакви закони во светот само овдека може да се донесе,абе едноставно дури и шеријатски закони може да се донесе,ама затоа во сеседна Грција или пак во Турција вакви закони неможеш да донесеш,не само таму па и во Франција неможеш да донесеш оти демонстрантите со молотови ќе го запалат собранитето од темел до чатија ,а ќе имаше и еден куп полицајци ранети. А овдека во ова мала и кукавичка земја можеш да владееш како сакаш бидејки едноставно овдека владееш со овци а не со народ. Овдека не е Грција,Турција,Франција или некоја друга земја,овдека нема да излезат со молотови,туку со панкарти и со свирчиња, е па драги мои ради тоа Грујо со ова темпо ќе владее уште 100 години и ќе донесе секакви закони по желба.
 
Член од
17 август 2011
Мислења
10.358
Поени од реакции
18.473
Не можам да сфатам што прават Скопјани, ете едноставно не можам. На 5 минути од неговата куќа/стан се случува протест, кој тој го поддржува, ама ипак не излегува да учествува во него?!
Што е причината? Страв, студ, мрза?
Епа во тој случај, не заслужуваат/ме подобро!

Зарем само 500-1000 луѓе во цело Скопје не се согласуваат со погребувањето на високото образование?!
Додека беа студентите од внатрешноста во Ск, имаше масовни протести. Си отидоа сите по дома, Скопјани не излегуваат на протест.
Ја сум од Скопје,бев на сите протести освен на оној вчера(дали и беше протест). Испитна е,побитно ми е тоа него да идам читам смешни досетки,да се сликам и да мрзнам на ладново.Да беа протестиве конкретни ќе жртвував еден испит али ова е чист позерај. Имаа подршка од 10 000 луѓе и решија концерт да праат место нешто асално, сеа коа се 300 души ќе се радикализираат... мало морген. Уште ова,за до целта и затвор се лежи ако стварно сакаш да успееш,таков човек кај нас нема и во скоро време нема ни да има.И ќе се сликаме и смееме и со еден пендрек по гз дома ќе не пратат бидејки никој не му е гајле дали протестов ќе успее туку само нешто да се дешава.
 
Член од
24 март 2010
Мислења
15.325
Поени од реакции
26.270
И ќе се сликаме и смееме и со еден пендрек по гз дома ќе не пратат бидејки никој не му е гајле дали протестов ќе успее туку само нешто да се дешава.
Тоа е сосема нормално, кога за некои е лукративно да се протестира. Тие групации после вториот марш ги присвоија и студенстските протести. А не знаат ништо подобро отколку да гушкаат трговски центри или останати згради. Тоа им е врвот на кариерата.
 

MEDDLE

уставен кривичар
Член од
19 февруари 2008
Мислења
1.995
Поени од реакции
1.406
За да се спротиставиш на моменталната извршна власт и нивните луди реформи треба да си барем 2 пати објективно подобар од нив во тврдењата. Обична гласност не помага. Пандани исто не помагаат. Треба паралелно конкурентен систем кој е подобар, подобро спремен.

Според Медле, студентите ќе спремаат нешто. Јас искрено сакам да видам дали ќе биде подобро. :)
Ќе смислат... а не ќе спремат... Не очекувај револуција аман..:ROFLMAO: .. Нормално е да смислат нешто.. да согледаат дали згрешиле, што каде згрешиле, во која насока да одат, кои опции им се на располагање.. имаат ли немаат ли поддршка, од кого.. како да добијат.. така иде тоа.. уствари така иде и со секое движење.. не знам што е тоа чудно...

И тоа е проблемот со повеќето овде што ве читам.. Очекувате да Студентите не кренат и извадат од говнава во кои сме влезени у државата... абе ај! :)))

И после се чудиме зошто малку излегле, колку излегле.. па нешто калкулираме, пребрјоуваме... небаре купуваме грав и ориз на пазар...

Утре што ќе излезе, студентите се криви затоа што не им успеал протестот?!

свашта...

Бај Д веј, искрено сакаш да видиш, или ќе преземеш нешто? ;)
 
Член од
20 септември 2011
Мислења
8.146
Поени од реакции
8.544
Чоек, па тука лежи и најголемиот проблем... Не знам сеа зошто, после се она вчера, дури и оние што нешто као ги поддржуваа студентите, одма критички као, „Еј ви рековме нема да успее“, „Ви зборевме вака, онака“, „„Кај сте, шо ве нема, спластнавте, се изморивте?“.. или „Брука едвај 1000 души излеговте“ и сл исл..

Не ми е јасно која е таа малограѓанштина... Од дома бре сите се експерти... Го усраа градов со споменициве,.. ќутат молчат.. го усраа со бароков.. ќутат молчат... студентиве, шо велиш, на 5 минути од дома им протестираат, ќутат молчат.... Лично ко за по дома нешто се политиканти, а декларативно се никој и ништо... Денес - утре, Некој од популистиве, пак на тие „декларативци“ ќе им тури трунка солена надеж над лута рана, и ќе ги залаже.. и пак ќе поверуваат.. и кругот оп на почеток.. не иде така..

Така да .. не е проблемот во студентиве, како направиле што направиле.. Туку се сведува на тоа што обичниот, оној индивидуалецот, граѓанинот не го препозна и уште не го препознава она што студентите го направија и го прават... едноставно граѓански и политички се мртви, граѓаниве кај нас.. тотално тотално тотално тотално тотално анемични....

Не дека нешо Грујо и компанија се трудеа многу против студентиве.. они си тераа како до сега.. ништо поише.. и чоече дури пари на реклами фукнаа за државен испит, глупости истрескаа на ТВ, изманипулираа со изјави.. па чоече глуп да си, шо се вели, ќе сфатиш дека некој те гледа у очи и те лаже.. ама не.. дома било боље... па ќе чекаме некој да не искупи од греојте, и не крене од столици - да дошол вистинскиот момент! :facepalm:

така да.. дечкиве - студентиве, трба да се остаат на раат... ќе смислат нешто они.. ;)
Никој не ќути, ниту има намера да ќути.
Неписмените, властодршци- клептократи ја укинаа автономијата на Универзитетот.
Тоа го сторија за да ги продожат студиите и на тој начин да ја „ намалат “ невработеноста.
Досегашното искуство покажува дека властодршците се „ глуви “и нема никаков смисол масовно да се демонстрира пред зградите на владата собранието и слично.
Во наредниот период студентите треба да организираат протесни собиранки, протесни прошетки, протесни игранки, протесни музички концерти и тн. На тој начин ќе се придобие уште поголем дел од граѓанството. Понатаму треба да се спроведе бојкот на предавањата на професорите-издајници.
И властодршциве ќе паднат како скапани круши
Впрочем се согласувам со тебе: „така да.. дечкиве - студентиве, треба да се остаат на раат... ќе смислат нешто они..
Nos sumus hic...
 

MEDDLE

уставен кривичар
Член од
19 февруари 2008
Мислења
1.995
Поени од реакции
1.406
Никој не ќути, ниту има намера да ќути.
Неписмените, властодршци- клептократи ја укинаа автономијата на Универзитетот.
Тоа го сторија за да ги продожат студиите и на тој начин да ја „ намалат “ невработеноста.
Досегашното искуство покажува дека властодршците се „ глуви “и нема никаков смисол масовно да се демонстрира пред зградите на владата собранието и слично.
Во наредниот период студентите треба да организираат протесни собиранки, протесни прошетки, протесни игранки, протесни музички концерти и тн. На тој начин ќе се придобие уште поголем дел од граѓанството. Понатаму треба да се спроведе бојкот на предавањата на професорите-издајници.
И властодршциве ќе паднат како скапани круши
Впрочем се согласувам со тебе: „така да.. дечкиве - студентиве, треба да се остаат на раат... ќе смислат нешто они.. “
Nos sumus hic...
хахахахаххаахахха јако јако ти беше ова.. :))))))).. нема што...

мада не мислев на тоа... колку шо популистиве се глуви толку се инертни .. мазгине не се толку инертни ко они... ама ај..

поентата ми беше.. премногу се очекува од студентите кај нас.. кога моќта за „клоцкање на инаетливото и глуво дебело магаре“ е сепак кај нас.. не е само да се седи дома и пред компјутер да се плука, или пред маало да се дискутира као не чини.... јеби га треба да се преземе нешто..

побогу, па ни јас не знам што треба да се направи.. .неам магично решение :). .али факт е дека сме заспани и опиени од „рекламни кампањи и популизам“.....

Е сеа измеѓу она што го велиш „никој не ќути и ниту има намера да ќути“ и „делување“ има огоромен празен простор.... е проблемот е што со тоа, со тој простор?!

Иначе се слагам со тебе.... целосно..
 

Kajgana Shop

На врв Bottom