Венко Андоновски напиша книга „ВАНЧО ЧИФЛИГАНЕЦ 60“

  • Креатор на темата Креатор на темата Brutus
  • Време на започнување Време на започнување
Член од
31 јануари 2014
Мислења
5.169
Поени од реакции
2.272
Ова е некоја онион вест?
"Венко Андоновски е автор на книгата „ВАНЧО ЧИФЛИГАНЕЦ 60“, дело со над 500 страни во кое проф. Ванчо Чифлиганец е опишан од неговото раѓање преку титов војник до неимар на цркви, се до создавањето на познатата градежна фирма. Според главниот рецензент на книгата претседателот на МАНУ академик д-р. Владо Камбовски, книгата го отсликува животниот пат и дело на проф. д-р. Ванчо Чифлиганец, неуморен неимар кој смислата и целта на сиот свој живот ги сосредочил во една централна точка-создавањето."
http://www.plusinfo.mk/vest/11152/venko-andonovski-napisha-kniga-vanco-cifliganec-60
 
Е Венко Венко со твојата гла...
 
Јас би му предложил да напише цел серијал за ликовите и делата на Штерјо Наков, Трифун Костовски, Хари Костов и тн.
А добро прашање беше и ова - Со каков импакт фактор е книгава? :-)
 
Јас бев еден од тие кои го бранеа ама изгледа не требало. Незнам дали може да падне пониско од ова, се погреба како автор.....
 
Ооооооооо Венко ти шупливо буко..
Дали денес критериум за да станеш универзитетски професор е да си првокласен морон?
Чифлиганец го погреба Скопје со неговиот бетон неестетски ускладен во творби кои ги нарекува згради, а токмаков тука му пишува хвалоспеви.
 
Јако, нема што.
Ја опљачкаа земјава и народов, сеа хвалоспеви ќе им пишуваат. Што е следно? Книга за Бранко?
Дали вака и за Мијалков и Грујо, Орце и компанија, утре, некој надобуден полтрон ќе беседи?
 
Венко Андоновски - македонскиот Пауло Којело

Не знам што толку сите гледаат нешо посебност во неговите дела. Дали е до нивниот хипстеризам и елитизам или пак....

Со онаа книгата 33,33 или Ќерката на математичарот или како и да беше го користи Тоше Проевски за да се промовира , демек нешо нешо за Тоше е книгава нешо нешо.

Се гледа дека си е лижигазец.
 
Венко лапнал еден стан во тој депресивниот кварт во Ново Лисиче, а може и некоја викендичка во Радовиш
 
Во мојата наредна книга - „ Последниот македонски лав “ од 749 страници ќе читате за животот и делото на најславниот и најдобриот македонски премиер - едниот и единствен Никола Груевски, кој со својата острумност и брзо дејствие успеа да се искачи на врвот на партијата што тонеше и да ја крене и да ги победи озогласените убијци на свемакедонштината и така наречените барони на транзицијата, носителите на црвената буржуазија - СДСМ. Неговото владеење беше мирно и просперитетно време за целата нација, а меѓу народот беше познат како „dear leader“.
Нека биде вечно здрав и жив.
 
Сигурно добил добра пара за оваа нарачка, може би од сите досегашни негови книги нема земено ни 5% од ова што сега му е платено. Сигурен сум дека бил исправен пред дилемата дали да држи до своето достоинство или да ги земе паричките од чифлиганец, па пресметал дека е подобро да ги лапне паричките. Тука и нарачателот е за секоја смеа, кој е тој толку интересен и значаен човек да за него се напише книга... Кого би го интересирала таа книга, кој би ја купил, кој би ја прочитал.... кого го боли кур за Чифлиганец? Се на се, и нарачателот и авторот се за секоја смешка и заебанција и човек може само да им фаќа сеир....
 
...Тука и нарачателот е за секоја смеа, кој е тој толку интересен и значаен човек да за него се напише книга... Кого би го интересирала таа книга, кој би ја купил, кој би ја прочитал.... кого го боли кур за Чифлиганец? Се на се, и нарачателот и авторот се за секоја смешка и заебанција и човек може само да им фаќа сеир....
Нарачателот е транзициски тајкун.
Сите транзициски "величини" (тајкуните и политичарите) си патат од delusions of grandeur.
 
Ова потсеќа на оние приказните за хировите на разни Романски и Руски сумњиви тајкуни што имаат по дома златна шољи и пепељари со дијаманти.
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom