Ќе се полага државен испит во 2-ра и 4-та година (Студентски пленум)

  • Креатор на темата Атомската мравка
  • Време на започнување
Член од
24 март 2010
Мислења
15.325
Поени од реакции
26.270
Почнаа премногу безнадежно да ти звучат постовите. Мислам безнадежно за соговорниците. Кажи им како, а не како не.
Како е многу долга тема. Стотина симулации треба да направат, за да дојдат до добро решение, а имам чувство дека не ги прават воопшто.

Ама ај, првите чекори што треба да ги направат е да искомуницираат сериозно со професорите, да добијат ветување од нив дека тие би биле носители на некаков граѓански отпор, да изнајдат начин истиот да не е финансиски захтевен, професорите да одбиваат да ги оценат и тие што запишале, бидејќи ако продолжат да предаваат и оценуваат тогаш овие што бојкотираат само губат. И најбитно, да направат муабет со родителите и да им објаснат дека тие 2-3 семестри мора да им ги простат. Бидејќи најголем проблем на студентите е што не се финансиски независни и родителите едвај чекаат да завршат за да почнат да креираат пари самите. Мислам дека последново би било најголем проблем.

Ако ги исполнат предусловите, после би стекнале позиции и би им било многу полесно да дејствуваат само во рамките на универзитетот и со мирни протести.
 
Член од
19 март 2011
Мислења
18.984
Поени од реакции
40.199
Како е многу долга тема. Стотина симулации треба да направат, за да дојдат до добро решение, а имам чувство дека не ги прават воопшто.

Ама ај, првите чекори што треба да ги направат е да искомуницираат сериозно со професорите, да добијат ветување од нив дека тие би биле носители на некаков граѓански отпор, да изнајдат начин истиот да не е финансиски захтевен, професорите да одбиваат да ги оценат и тие што запишале, бидејќи ако продолжат да предаваат и оценуваат тогаш овие што бојкотираат само губат. И најбитно, да направат муабет со родителите и да им објаснат дека тие 2-3 семестри мора да им ги простат. Бидејќи најголем проблем на студентите е што не се финансиски независни и родителите едвај чекаат да завршат за да почнат да креираат пари самите. Мислам дека последново би било најголем проблем.

Ако ги исполнат предусловите, после би стекнале позиции и би им било многу полесно да дејствуваат само во рамките на универзитетот и со мирни протести.
Значи, никако. Ова што го напиша е во доменот на научната фантастика. За ова е потребна воља, солидарност, истрајност, сила, сите оние особини од кои сме лишени како племе.
 
Член од
24 март 2010
Мислења
15.325
Поени од реакции
26.270
Значи, никако. Ова што го напиша е во доменот на научната фантастика. За ова е потребна воља, солидарност, истрајност, сила, сите оние особини од кои сме лишени како племе.
Шкариќ на Нова ја раскажа приказната за некои што можеле пред 800 години. http://www.cl.cam.ac.uk/~rja14/unauthorised.html

Ама да, ние најверојатно не можеме.
 
Член од
21 мај 2008
Мислења
11.031
Поени од реакции
11.667
За жал, ќе морам да се сложам со двајцата. Решението што го напиша Инглориус е во доменот на нешто што може да има ефект, но нас ни фали солидарност, плус ќе игра и економскиот момент. Воопшто да не запишеме семестар, државата нема да ја боли, факултетите ќе трпат кои и онака не добиваат нешто многу од државата.
 

Рудници и

ООЗТ Рудници и железарница - Скопје
Член од
9 декември 2009
Мислења
12.177
Поени од реакции
18.245
Па Професорски пленум постои, они во старт треба повеќе храброст да имаат од нас. Ваљда ќе не' подржат.
А за ова билдери од УМС, досега имаа милион шанси, не го искористија тоа. Замисли сликата по медиуми, членови на владеачката партија физички ги нападнаа Пленумците. Да не зборам полиција ако случајно употреби сила на нас. Незадоволството ќе се произнесе повторно на улиците, можеби бројки поголеми и од 10 илјади.
Можда мислеше на ‘позадинска обработка‘, не јавно.Доста такво искуство е акумулирано последниве години...
 

Bojan Van Buuren

Колектор
Член од
11 април 2008
Мислења
8.394
Поени од реакции
12.058
Го гледам интервјуто или обидот за интервју на Васко Ефтов на Ванковска и имам само да кажам „тешко на било кое движење што ќе ја има Ванковска како поддржувач“.
Доблесно е да признае дека згрешила и да се повлече, да биде морален поддржувач, а борбата да ја води друг. Она е изглеа навикната само на колумни и фејсбук статуси во кои мудрува и се прави експерт пар екселанс, на ситуации во кој нема некој одма да и постави прашање за се тоа што го кажува, а во ситуации кога Ефтов ја бомбардира со прашања кои уствари и ние самите ги поставуваме, бега. Срамота е тоа за нејзе. Се дур не признае дека згрешила и да ја предаде борбата на другите, ова движење е осудено на пропаст.
 
Член од
20 септември 2011
Мислења
8.146
Поени од реакции
8.544
Денеска прошетав до Плоштадот и гледам, во уличката каде се наоѓаат кафето Тренд поставуваат „ барокни фасади “
Сите згради се со скелиња и на сите поставуваат „ барокни фасади ’
И си помислив , сега кога властодршците ќе почнат да ги тестираат студентите, ќе постават прашање - Кои фасади се најубави - а студентите траба да одговорат - “ барокните фасади ’
Кој одговори нешто друго - паѓа
Така е кога власта сака да испрашува студенти
 

Bojan Van Buuren

Колектор
Член од
11 април 2008
Мислења
8.394
Поени од реакции
12.058
Денеска прошетав до Плоштадот и гледам, во уличката каде се наоѓаат кафето Тренд поставуваат „ барокни фасади “
Сите згради се со скелиња и на сите поставуваат „ барокни фасади ’
И си помислив , сега кога властодршците ќе почнат да ги тестираат студентите, ќе постават прашање - Кои фасади се најубави - а студентите траба да одговорат - “ барокните фасади ’
Кој одговори нешто друго - паѓа
Така е кога власта сака да испрашува студенти
Коа го спомна ова ме потсети на нешто друго што е оф топик, ама ако сака некој модератор нека го избрише :D

Жерновски кој е против проектот Скопје 2014, пред некој период имаше мислам изјава во која го напаѓа Коце дека не му дава да ги прави фасадите што гледаат накај плоштадот туку му ги дал фасадите што гледаат накај Рекорд. Абе да не знаеш дали да се смееш или да плачеш :pos:
 

Red Man

we do what we want!
Член од
6 јуни 2007
Мислења
2.057
Поени од реакции
1.947

Незнам дали сте ја виделе најновата епизода Во Центар на Васко Ефтов, во која прави интервју со проф. Ванковска....
На почетокот вика целта на Груевски е да се заборави на студентите, а да се зборува за битката меѓу професорите. А самиот тој жестоко настроен прави интервју со професор од професорскиот пленум, со што самиот ја исполнува целта на премиерот, во медиумите позастапени да бидат професорите од студентите... а со самото тоа и наштетува на репутацијата на пресветните пленуми. Мене ме разочара со овај потег, на сметка на проф Ванковска и нејзината ситуација со Груевски, пробува само да профитира на личен план и да добие вакво интервју со „спектакуларен“ крај како овој што мислам дека однапред му бил испланиран. Ставив дислајк, ставете и вие кои ги поддржувате студентскиот и професорскиот пленум, а воедно и препорачајте на други поддржувачи на студентскиот пленум да го направат истото, за да му се стави до знаење на г. Ефтов дека вакви емисии од личен интерес не се добредојдени. Поздрав и одиме утре заедно кон успех!!!
 
Последно уредено:

мкд владе

arch-enemy
Член од
21 ноември 2009
Мислења
19.350
Поени од реакции
24.027
Ништо , давајте друг пленум ( во цацко стил ).
Ајде вака сега малцe ретроспектива.
Ајде што ме баниравте по незнам кој пат ради оваа тема, нека ви биди и служи на чест.
Ако се сеќавате ви напоменав уште тогаш дека појавувањето на некои фаци на протестот ( или како и да го нарекувате )кои народот генерално неможи да ги смисли и дека ќе го поврзи со тоа што го поврза и ке ви се удри од глава го исмејувавте. Демек видите донесовме тешка артилерија сега, нека се држат, ке ги растуриме.
Грешка во чекори, и тоа катастрофална.
После пу пу неважи.
Нема бе деца неважи. И точно деца сте, наивни. И за тоа се смеевте, па глуп сум, па наивен, па партиски , па штаб ова она.
Незнам колку време пред тоа исто ви реков дека ке бидите и сте топовско месо, колатерална штета. И на тоа се смеевте. Уште се смеете или некако ви спласна еуфоријата?
Можите да проверите комотно, стојам на тоа што го реков. Само слеп и наивен нема да признае дека сум бил во право. Испаднавте наивни како француска собарка. Боли вистината, ама тоа е, така се расти. Едноставно немате искуство, стаж, животни лекции, километража или како сакате наречетего. Како јас сега само да сум положил или полагам за камион а немам ни 5 км искуство да се токмам со некој шофер што ја поминал цела Европа со камионот. Јас него ке му држам лекции за возење, ке му го објаснувам патот за Малме. Глупост на квадрат. И наседнавте како деца мали, ве изманипулираа до коска.
И пак не ви иди умот. Едноставно не можете да се помирите со пораз. Како ги нарекуваат таквите, лоши губитници или ?

@true blue Постот за кој ме банираа. Никој воопшто не се ни потруди да ме сфати, па ни ти. Толку бевте заслепени. Само ве посоветував( малце индиректно за да ви проработи сивата материја во главата) да не наседнете на некои тука кои директно ве повикуваа на нереди и на насилство. Истите тие кои се на топло и комотно некаде којзнае каде и на кои на крај на памет би им паднало да учествуваат во истите, да си ја ризикуваат кожичката и положбата, туку само подбуцнуваат. А вие наивни до немајкаде ке наседневте и нормално ке го примевте за сите пари. И тоа за што, за туѓи гајлиња.
Сеуште ве читам и можам да заклучам дека уште не ја научивте лекцијата. Уште упорно не ја гледате големата слика, нити ке ја видите. Уствари ке ја видите по неколку години кога ке осозреете, а тоа е дека сте како што реков топовско месо или во на Мирка стил корисни идиоти. Дури имаат потреба ке ве користат, после никому ништо. Па уште и од кој и на што наседнавте, резили. Ги запустија во два потези( а ги запустија пошто толку им се можностите) Повеќето после видовте колку е сатот, ама пуста гордост, кој сака да признае дека ве изиграја како последни будали.

@Ернесто ЧЕ Гевара Кажи колку е добро кога влегуваш во некој кафич и гледаш таму сите педери, а и за чудо и ти педер. Сите исто мислење со тебе, исти ставови, исти желби и потреби. Се чувствуваш како бубрег во лој, како меѓу свои, прифатен и разбран. И сакаш да веруваш дека во секој кафич е така, сите се како тебе , сите го делат твоето мислење и став. И ти влегува некој стрејт и ти расипува филм. Одиш кај газдата со плачење и му викаш овде некој не е наш, избркајго. Е таков став имаш ти и многу други кои немаат ист став и мислење како твоето. Ви ја расипуваат сликата во која сакаш упорно да веруваш водејќи се од тоа дека чим овој кафич е полн со педери тогаш сигурно и другите исто така се полни со педери( другите во меѓувреме избркани да не ти расипуваат просек). Не дете, не го делат со тебе сите истиот став и размислување. ( она со педерите не си го сфаќај буквално ).

@Благоев цело време те читам, јака ти душа. Те изнавреѓаа за сите пари, од лајно подолу те направија( и на драга кајгана дури пишуваше), а ти упорно се трудиш да им објасниш нешто. Добро досега не сфати дека тие или барем повеќето не дека не сфаќаат што им објаснуваш туку се прават дека не сфаќаат. Најобично лицемерие е во прашање. Едноставно не сакаат да им се провери веќе стекнатата оценка ( не знаење). И јас не би сакал да сум на нивно место. Еве и зошто:
Каков феил ќе напраев сабајлево, аиии. :pos:
Имено, уште во петокот видов дека полагам на 12ти и викам со среќа нека ми е, нема теорија да го спремам испитов за два дена така да ќе отидам ревијално на полагање, да видам што прашања ќе има. И вчера случајно ја отварам страницата на факсот да видам од колку саат полагам и гледам дека сум гледал во грешен предмет. :lolzz: Мојот се вика економско планирање и се полага на 27 месецов, а сум гледал во деловно планирање. :D

И така навидум се спасив од паѓање, а на 27ми ќе видиме колку сум се спасил. :D


Па овој по еден месец да го прашаш за што полагал и добил оценка појма ќе нема не пак по две години да го прашаш. Тој сега врска си нема ни што полага ни кога, не пак да научил. Да читаш какви се исповеди има таму во врска со факултетите и полагањето и тебе на крај на памет би ти паднало проверка на оценка па колку сака нека бидат лесни прашањата. Едноставно неможи да има толку лесни прашања колку некои појма си немаат од тоа што полагале. Па другите кои стварно учеле и имаат знаење ги бранат и се солидализираат. Да незнаеш ставрно кој е поглуп, глупиот или тој што го следи и слуша:toe:

Толку сега засега, сега повелете сложно и здружно заложете се за банирање. Да не ви кварам просек де.
 

Con Artist

the man with the key
Член од
1 мај 2012
Мислења
5.342
Поени од реакции
21.700
За греота Ванковска. Јас мислам да смени фризура, повеќе среќа ќе ја прати.
 
Член од
21 мај 2008
Мислења
11.031
Поени од реакции
11.667
Не знам дали некој го вреѓал Благоев ја колку што мисслам, лично не. Прво нема зошто пошто културно се однесува и не лепел етикети. Второ дава конструктивни мислења и за дел сме на иста линија, за дел не.
Мислам дека ти зборев дека не можеже да забраниме на ликови кои сакаат да искористат ситуација, да маршираат со нас. Ниту тоа не' уништи, ниту ние сме "готови". Зборев за ова прочитај ме страна-две поназад.
Каков пораз?! На избори сме? :D
Збориш за незнаење (споено се пишува пошто е глаголска именка)...ајде кажи колку студенти од сите во РМ положуваат со врски, пари или што и да е. Но, ок, испит од ваков тип сигурно ќе донесе знаење.
А кој тоа нас не' искористува? Неспособен Зајко? Он бомби поставува сеа не го чепкај. :)
 

Благоев

The Spartan General
Член од
8 јануари 2014
Мислења
1.357
Поени од реакции
2.087
@Благоев цело време те читам, јака ти душа. Те изнавреѓаа за сите пари, од лајно подолу те направија( и на драга кајгана дури пишуваше), а ти упорно се трудиш да им објасниш нешто. Добро досега не сфати дека тие или барем повеќето не дека не сфаќаат што им објаснуваш туку се прават дека не сфаќаат. Најобично лицемерие е во прашање. Едноставно не сакаат да им се провери веќе стекнатата оценка ( не знаење).
Нека навредуваат, се надевам дека некој ден ќе седнеме на пиво со сите нив, и се надевам дека и во лице ќе ми го кажат истото. Драга Кајгана ретко ја читам (речиси никогаш), освен кога ми доаѓа јас да постирам, па прочитам што има на тековната страна. Баш ме интересира како ме имаат оквалификувано, затоа што нели јас сум виновен што ќе треба некој да полага државен испит. Ако не те мрзи, да ми покажеш. :)

Тру Блу, имаше испади од некои членови за лични квалификации за нивото на мојата интелегенција, ама не сум јас човек чие его зависи од некој форум. :)[DOUBLEPOST=1421220863][/DOUBLEPOST]
Ако не забележа досега, академската заедница е еден од најголемите извори на егоцентризам и елитизам во Македонија. Емисијата е чист показател на истото.

Инаку тука пред скоро 3 години малку се продискутирало за растечкиот проблем во образованието.
http://forum.kajgana.com/threads/Елитистички-балон-или-Општествена-движечка-сила-–-Образование-2012.64909/
 
Последно уредено:
Член од
31 јануари 2014
Мислења
5.169
Поени од реакции
2.272
Не, тој е апологет на образованието.
 

Kajgana Shop

На врв Bottom