Ќе се полага државен испит во 2-ра и 4-та година (Студентски пленум)

  • Креатор на темата Атомската мравка
  • Време на започнување
Член од
21 мај 2008
Мислења
11.031
Поени од реакции
11.667
Студентите немаат начин како. За професорите ќе правиме муабет откако ќе се донесе законов.
Само ќе нафрлам можности: бојкот на настава, блокада на факултети, блокирања на улици. Тука сметам дека би имале подршка од дел од професорите. А ќе се види ректорот како е расположен. Без негова дозвола, полиција не смее да припари на универзитетски кампус. За непочитување на законот во моментов не може да се збори, пошто реално, конкретно државен испит, стартува за 2 ипол години негде. Ако случајно има пилот-проект дотогаш, бојкотирање на истиот (и така нема да има никакви реперкусии).

Иначе, фино што секојдневно нови ликови се појавуваат на темата, и имаат прилично силни аргументирани ставови. :D Лајк!

@ElNinho и другите, не обрнувајте внимание, нека пишуваат. :D
 
ElNinho

Мадридиста!
Член од
17 јули 2009
Мислења
20.967
Поени од реакции
57.725
Еве го она... она сдсмовското “ граѓанска непослушност “

Абе ко петтиот главен на Мустафа сте. Оној што кога ќе му отсечеш една глава, ми никнуваше нова, така и вие со јузериве. Ни со скок-пук и на двете не може човек да се оттараси од вас. :toe:
 
Член од
24 март 2010
Мислења
15.325
Поени од реакции
26.270
Само ќе нафрлам можности: бојкот на настава, блокада на факултети, блокирања на улици. Тука сметам дека би имале подршка од дел од професорите. А ќе се види ректорот како е расположен. Без негова дозвола, полиција не смее да припари на универзитетски кампус. За непочитување на законот во моментов не може да се збори, пошто реално, конкретно државен испит, стартува за 2 ипол години негде. Ако случајно има пилот-проект дотогаш, бојкотирање на истиот (и така нема да има никакви реперкусии).
Бојкотот на настава ако не е подржан од професорите ќе нема поента и ќе биде контрапродуктивен за тие што бојкотираат. Власта ќе издржи еден семестар, наредниот улогата на штрајкбрејкери ќе ја преземат родителите. Блокада на факултети или улици ќе ја разбијат десет билдери од УМС. Нема потраба од инволвирање на полиција и покажување на грди слики на студенти против полиција.
 
Член од
1 декември 2014
Мислења
2.332
Поени од реакции
4.623
Студентите, па зошто да не и професорите. Јас верувам. Да не верував, досега ќе се откажев, немаше да се замарам за ништо...
Научна фантастика е тоа иако бев на сите протести и поддржувам се, нема шанси.
 
Член од
21 мај 2008
Мислења
11.031
Поени од реакции
11.667
Бојкотот на настава ако не е подржан од професорите ќе нема поента и ќе биде контрапродуктивен за тие што бојкотираат. Власта ќе издржи еден семестар, наредниот улогата на штрајкбрејкери ќе ја преземат родителите. Блокада на факултети или улици ќе ја разбијат десет билдери од УМС. Нема потраба од инволвирање на полиција и покажување на грди слики на студенти против полиција.
Па Професорски пленум постои, они во старт треба повеќе храброст да имаат од нас. Ваљда ќе не' подржат.
А за ова билдери од УМС, досега имаа милион шанси, не го искористија тоа. Замисли сликата по медиуми, членови на владеачката партија физички ги нападнаа Пленумците. Да не зборам полиција ако случајно употреби сила на нас. Незадоволството ќе се произнесе повторно на улиците, можеби бројки поголеми и од 10 илјади.
 
GordonGoldader

Brother Nature
Член од
18 јануари 2014
Мислења
445
Поени од реакции
599
Бев јас на еден протест во Штип. ЕДЕН И ЕДИНСТВЕН.
Што се случи?
Од цела генерација бевме само 7 студенти. Заедно со студенти и фаци од нечии унии. На протестот бевме само 120 души преку сила. Останатите колеги си седеа на кафе и ни се смееја. Буквално ни се смееја што ние протестиравме.
Минеме покрај средношколци и ни свиркаат.
Тие шо беа најгласни на предавањата и вежби, се караа со професорите и асистентите за да не се полага тоа тогаш екстерно, си се смееја и се бранеа со тоа „ПРАВО НА ЛИЧЕН ИЗБОР ДАЛИ ЌЕ ПРОТЕСТИРАМЕ ИЛИ НЕ! ШО ИСПРАВАТЕ КРИВИ ДРИНИ!“.

И да излезам и пак да протестирам заради овие говеда, овие стоки шо чекаат некој да им заврши работа, за средношколците да им олеснам студирање... МОРЕ МАРШ У 3 П.М.

Само екстерни, само повеќе и повеќе малтерирања за вакви пасивни копелиња шо чекаат се некој друг да им заврши работа а притоа им го отежнуваат истото.
 
Член од
24 март 2010
Мислења
15.325
Поени од реакции
26.270
Па Професорски пленум постои, они во старт треба повеќе храброст да имаат од нас. Ваљда ќе не' подржат.
А за ова билдери од УМС, досега имаа милион шанси, не го искористија тоа. Замисли сликата по медиуми, членови на владеачката партија физички ги нападнаа Пленумците. Да не зборам полиција ако случајно употреби сила на нас. Незадоволството ќе се произнесе повторно на улиците, можеби бројки поголеми и од 10 илјади.
За професорите ќе правиме муабет на истава тема, кога ќе пројдат измените.

Досега немаше потреба. Зошто некој би разбивал студенти што протестираат против закон? Ама толпа „платеници на СДСМ кои не можејќи да се помират со поразот го парализираат главниот град и универзитетот на кои студираат 40000 студенти“ е сосема друга приказна. Студентскиот пленум веќе никогаш нема да ја достигне масовноста од првите два марша. (секако, тоа е моја претпоставка)
 
Член од
21 мај 2008
Мислења
11.031
Поени од реакции
11.667
За професорите ќе правиме муабет на истава тема, кога ќе пројдат измените.

Досега немаше потреба. Зошто некој би разбивал студенти што протестираат против закон? Ама толпа „платеници на СДСМ кои не можејќи да се помират со поразот го парализираат главниот град и универзитетот на кои студираат 40000 студенти“ е сосема друга приказна. Студентскиот пленум веќе никогаш нема да ја достигне масовноста од првите два марша. (секако, тоа е моја претпоставка)
Не го парализираат главниот град и универзитетот, туку го користат уставното загарантирано право на протест. И повторно ќе протестираме против донесувањето на законот. :) И тоа никако нема да го сфатиме како пораз. Не сме на избори. :D Да не се сфатиме погрешно, ова се мои размислувања, не знам што ќе се случува понатаму.
А тоа „толпа платеници на СДСМ“ на Курир и остали куропушачи ко нив, да. Тоа навикнавме, така да веќе не ни обрнуваме внимание. Било каква употреба на сила од нас, од УМС/полиција, лошо ќе биде за нив.

Бев јас на еден протест во Штип. ЕДЕН И ЕДИНСТВЕН.
Што се случи?
Од цела генерација бевме само 7 студенти. Заедно со студенти и фаци од нечии унии. На протестот бевме само 120 души преку сила. Останатите колеги си седеа на кафе и ни се смееја. Буквално ни се смееја што ние протестиравме.
Минеме покрај средношколци и ни свиркаат.
Тие шо беа најгласни на предавањата и вежби, се караа со професорите и асистентите за да не се полага тоа тогаш екстерно, си се смееја и се бранеа со тоа „ПРАВО НА ЛИЧЕН ИЗБОР ДАЛИ ЌЕ ПРОТЕСТИРАМЕ ИЛИ НЕ! ШО ИСПРАВАТЕ КРИВИ ДРИНИ!“.

И да излезам и пак да протестирам заради овие говеда, овие стоки шо чекаат некој да им заврши работа, за средношколците да им олеснам студирање... МОРЕ МАРШ У 3 П.М.

Само екстерни, само повеќе и повеќе малтерирања за вакви пасивни копелиња шо чекаат се некој друг да им заврши работа а притоа им го отежнуваат истото.
Искрено, ја воопшто се зачудив што некој излезе во Штип (бастионот). Покрај толку притисоци и слични видови на репресија...нејсе, многу глупо од тие што се смееле, еве јас прв пат слушам за тоа. А за тие што ги спомна=лицемерие на кило.

Во Скопје беше поинаку, и самиот знаеш.
 
Член од
21 ноември 2007
Мислења
10.760
Поени од реакции
9.540
Чистo се сoмневaм декa пoкрaј сите случувaњa изминaтиoв периoд дa имa грaѓaнскa непoслушнoст. Не генерaлизирaм, нo сигурен сум декa гoлем дел oд студентите не би ризикувaле семестaр или испити рaди истoтo бидејќи реaлнo имa студенти, рoдители нa студенти и прoфесoри кoи не мислaт кaкo пленумoт.
 
Член од
24 март 2010
Мислења
15.325
Поени од реакции
26.270
Не го парализираат главниот град и универзитетот, туку го користат уставното загарантирано право на протест. И повторно ќе протестираме против донесувањето на законот. :) И тоа никако нема да го сфатиме како пораз. Не сме на избори. :D Да не се сфатиме погрешно, ова се мои размислувања, не знам што ќе се случува понатаму.
А тоа „толпа платеници на СДСМ“ на Курир и остали куропушачи ко нив, да. Тоа навикнавме, така да веќе не ни обрнуваме внимание. Било каква употреба на сила од нас, од УМС/полиција, лошо ќе биде за нив.
Досега протестите беа одлично водени. Првите два беа безгрешни, имаш одлична бројка на цивилизирани студенти кои протестираат мирно и достоинствено, притоа не сметаат на никому и имаат чисто студентски барања. На третиот ја заебавте малце со мешање на политички говори, ама небитно, не го расипува генералниот заклучок. Оттука, симпатиите на јавноста се на страна на студентите.

Во моментот кога ќе почнат да се блокираат улици, тогаш ќе почне да се делува против други граѓани. Ако сме искрени, никој не сака да доцни на работа, или да заглави на раскрсници кога се враќа од работа, а уште помалку сака блокиран град кога итно му е потребен доктор. Без разлика дали агендата на тие што ги блокираат улиците е искрена. И на стечајците беше, ама кога почнаа да блокираат влезови на Скопје и да кршат ретровизори на луѓе кои брзаат за да стигнат на време во Клинички, ги изгубија сите симпатии. Истото ќе се случи и со вас ако се одлучите на тој чекор. Прво ќе ве остават недела до две, да досадите на сите и да почнат да ве пцујат, па после ќе пратат луѓе да ве истепаат и тргнат од улица, за да ги соберат аплаузите на јавноста.
 
Bojan Van Buuren

Колектор
Член од
11 април 2008
Мислења
8.394
Поени од реакции
12.058
За професорите ќе правиме муабет на истава тема, кога ќе пројдат измените.

Досега немаше потреба. Зошто некој би разбивал студенти што протестираат против закон? Ама толпа „платеници на СДСМ кои не можејќи да се помират со поразот го парализираат главниот град и универзитетот на кои студираат 40000 студенти“ е сосема друга приказна. Студентскиот пленум веќе никогаш нема да ја достигне масовноста од првите два марша. (секако, тоа е моја претпоставка)
Ако ги гледаме работите од страна на болдот, тогаш МВР се најповикани да интервенираат, зошто секое блокирање на УКИМ како институција при пласирање на такви вести дека „платеници на сдсм блокираат државен универзитет“ и стоење на МВР на страна ќе значи пораз на државата и државниот суверенитет. Тоа дали ќе даде ректорот одобрение или не, и вака и така не се почитува затоа и во вакво случај никој ништо нема да го праша ректорот (бар ја така глеам на работите).
 
Член од
24 март 2010
Мислења
15.325
Поени од реакции
26.270
Ако ги гледаме работите од страна на болдот, тогаш МВР се најповикани да интервенираат, зошто секое блокирање на УКИМ како институција при пласирање на такви вести дека „платеници на сдсм блокираат државен универзитет“ и стоење на МВР на страна ќе значи пораз на државата и државниот суверенитет. Тоа дали ќе даде ректорот одобрение или не, и вака и така не се почитува затоа и во вакво случај никој ништо нема да го праша ректорот (бар ја така глеам на работите).
Полиција против народ е секогаш грда слика. И пред Собрание кога СДСМ собираше народ тие луѓе можеа да бидат спречени од полиција ако правеа нешто, ама тогаш ќе имаше видеа какви што има за настаните во Струга. Толпа против толпа со полиција како медијатор помеѓу двете е многу полесно за менаџирање на последиците.
 
Член од
19 март 2011
Мислења
18.984
Поени од реакции
40.199

Почнаа премногу безнадежно да ти звучат постовите. Мислам безнадежно за соговорниците. Кажи им како, а не како не.
 
Bojan Van Buuren

Колектор
Член од
11 април 2008
Мислења
8.394
Поени од реакции
12.058
Полиција против народ е секогаш грда слика. И пред Собрание кога СДСМ собираше народ тие луѓе можеа да бидат спречени од полиција ако правеа нешто, ама тогаш ќе имаше видеа какви што има за настаните во Струга. Толпа против толпа со полиција како медијатор помеѓу двете е многу полесно за менаџирање на последиците.
Затоа реков, зависи како ќе ги поставиме работите.
Ако го гледаме блокирањето како акт кој е поттикнат од самите студенти без мотивација од било која партија, тогаш интервенција на МВР и оди на нејзина штета, заради тоа што го кажа во постов.
Од друга страна, ако ги поставиме работите од гледна точка дека „сдсм со платеници ја блокира работата на УКИМ“, тогаш МВР е најповикана да реагира, зошто според мене таа група нема да може да се дефинира како народ.

Шо знам може па и лошо размислувам. Во секој случај, во државава во последните 9 години имало ситуации кај што државата реагирала против народ, па тоа не им наштетило на политичарите. Во некоја понормална држава може тоа ќе беше казнето, ама кај нас еве не е. Затоа дури и да реагира полицијата против студентите при вакво сценарио, нема да има некоја лоша реакција меѓу народот.
 
Kajgana Shop

На врв Bottom