SaltNPepa
Other's envy, owner's pride!!!
- Член од
- 14 септември 2012
- Мислења
- 1.945
- Поени од реакции
- 2.524
Контакт и локација за ветеринар во Аеродром/Ново Лисиче/К.Вода ?
И кученцево е 2 месеци,денес земено,видов има некое црно бубаче,девојката од пет шоп ни кажа дека е вошка,дали е опасна за луѓе или за кутрето ? ни даде обичен шампон,ни кажа дека мора прво да се избања кутрето па да и стави ампула,и не советуваше да ја оставиме 1-2 дена дома,пошто сега е под стрес и уплашена,да не настине да не сме ја бањале денес,да ја бањаме за 1-2 дена, па после 1-2 дена откако ќе ја избањаме да и стави ампула.Треба така или да го избањаме одма кутрето ?
И колку од прилика ќе не чинат почетниве вакцини,и од кога може да се шета надвор ?
Го копирав мислењево и во оваа тема, а остана прашањето за ветеринар во соодветната. Ако е болва не плаши се ништо страшно, само провери го и ако има очисти го. Можеш да земеш Неопетроид прашок кој не е отровен за топлокрвни животни и да го нафлиташ, моментално ги убива болвите, но не штити. За бањање, ако го бањаш ќе го чуваш дома неколку дена бидејќи е бебе. Јас не сум баш за бањање во овој период. Поарно прашокот па идете на ветеринар тој ќе му стави ампула. Вакцините се движат некаде 500-600 ден.