Онака, чисто информативно.
Бил Гејтс им овозможува подобар живот на околу 130,000 поединци вработени кај него, со плата од околу $100,000 во просек, на годишно ниво. Тоа ти се 130,000 семејства на кои Бил Гејтс им пружа подобар живот и финансиска состојба.
За добротворните каузи да не почнувам. Основач (заедно со жена му) е на најголемата добротворна фондација во светот. Околу 40
милијарди долари донации за развој на науката, подобрување на здравјето, образованието и намалување на сиромаштијата во земјите во развој, донации за борба против епидемии, ХИВ и тн.
Придобивки од технологијата која ја развива со Microsoft имаат уште милијарди други луѓе ширум светот.
И според тебе овој човек е злобниот капиталист кој направил милиони на грбот и потта на другите?
Овој човек го споредуваш со некоја калуѓерка која помагала на болните со колективно молење на Господ?
Но, како што кажа претходно, секој различно си го дефинира успехот.
За некоја, успех е да има свој бизнис. За друга, успех е да има сопруг/дечко со свој бизнис.
За некоја, успех е да се пресели во Скандинавија и да живее паразитски живот на социјална помош. За друга, успех е да го промени светот.