Ќе се полага државен испит во 2-ра и 4-та година (Студентски пленум)

  • Креатор на темата Атомската мравка
  • Време на започнување
Член од
1 март 2010
Мислења
7.888
Поени од реакции
14.441
Се молат сите спамери политички на темава да не се замлатуваат премногу затоа што ке им се смејат.

Ако некој има 50 мислења неможе да биде спамер, за тоа треба 3000-5000.

И без плачење и барање да се одстрани некој од темата што сака да си го напише своетпо мислење,

И не ми влегујте у некој себичен филм дека политичките теми ви припаѓаат на вас поради вашата навика да си штанцате постои по 5000 и кусур или пак дека сте некојси авторитет политилки релевантен на форумов.

Вие не сте ништо повеке од насилни плачковци и вашите мислења немаат ама баш никаква подкрепа ниту пак сенс, затоа и напаѓате како некои хиени и потоа од кога ке ви вратат соодветно барате да се банира за наводни спамееи.

И не ви е прв пут тоа да го праите исто како и што плукате на владата за вашиот неуспех личен во животот.

Со должна почит кон другите кои не се такви...нетолерантни џукели дегутантни.
...плачковци пис аут...:pos:
Се познава одма кој положил матура по мајчин јазик со препишување :icon_lol:.

Уште чекам аргументи како ќе се подобри квалитетот на студентите и како ќе се реши ситуацијата со наводното продавање дипломи со испитов. Дојде на темава, пиша нешто без врска поддршка за владата, Сорос, уа предавници и пис аут. Не бива така. Ако си се зафатил со нешто терај го до крај. Тука сум јас, не бегам никаде, слободно пукај, те чекам. Само те молам цитирај ме нареден пат, имај форумска култура ако веќе си се зачленил.
 
Последно уредено:

Hyperz

Изгубен во времето и просторот...
Член од
13 август 2011
Мислења
715
Поени од реакции
423
Аха значи сега постои и учење на памет без разбирање. Значи тестовите с вусшност бескорисни? Или не знам, тие што учат општествени науки како на пример историја се бескорисни луѓе пошто треба да памтат едн куп податоци. Тестот е потврда за знаењето.
За купените дипломи да имаше еден куп луѓе што заврија со врски и со среќа/молење. После тоа некои од нив се уозбилија почнаа пракса и се вклопија некако. Не е фер.
Последно државата инвестира во високото образование и сака да знае кај идат парите. Исто така е заинтересирана за тоа какви "кадри" произведува како држава. Иначе според тебе зошто би и било гајле и за средношколците? Зошто е забрането самоубиство и самопвредување и тн. да не ја ширам темата....
Ова ке ти дојде како шок, ама... да, постои учење на памет без разбирање.
Ајде да ги оставиме општествените науки за момент, кажи ми како програмерското знаење ке го оцениш со 5 прашања?
Можеш да ме провериш дали ја знам синтаксата на јазикот, и тука застанува листата на работи што може да се тестираат со прашања.
Со 5 прашања нема да можеш да тестираш како размислувам, нема да можеш да видиш дали на правилен начин ги решавам проблемите.
Факт е дека на техничките факултети се учат работи кои што неможе да се тестираат со 5 multiple choice прашања.
Секој обид да се направи такво нешто ке значи лоши резултати, ... од другата страна ке има и повеќе пари за у буџетот ама тоа не е поентата. Ако веќе имаш толку голема желба да правиш тестирање ке си најдеш друг соодветен модел.
Кога веќе збориме за соодветен модел за тестирање, ке се навратам на прашањето што го прескокна:
Имам многу колеги кои што паѓаат на инженерските предмети, математика,програмирање... и еден куп други предмети каде што се бара разбирање на материалот што се учи, но тоа не им е пречка да имаат по 100 поени на предметите каде што има еден куп набројувања,дефиниции... работи што се учат напамет.
Сите, буквално сите колеги што имаат знаење отворено велат дека имаат потешкотии со материјалот што треба напамет да се знае, а државниот испит е токму тоа, напамет научени прашања и одговори.
Како ова придонесува кон подобро образование?
За купените дипломи... мило ми е што луѓето се уозбилиле и сватиле дека им треба знаење.
Дали е фер? Секако дека е, јас сум потрошил 4 години одбирајќи предмети што ке ми донесат знаење од областите што ме интересираат, неможе некој што ја купил дипломата за 4 месеци да дојде до тоа ниво на знаење.
Можат да ја купат дипломата но не и знаењето, јас повторно имам огромна предност.
Во идеални услови, добро би било дипломата да има некое значење, ама за тоа да се случи потребни се други реформи, државниот испит каков што е во никој случај неможе да помогне.
Државата и нејзината желба да види какви кадри произведува...
Што ако државата ги следи студентите по завршувањето на факултетот?
За колку време пронашле работа?
Колку од нив нашле работа?
Колку од нив ги продолжиле студиите во странство?
Колку од нив отишле во странство веднаш по студирањето?
Доволно е овие прашања да ми ги одговориш и ке ги воочиш проблемите и насоката во која треба да се движат решенијата.
И тоа ке биде решение со кое сите ке се согласат, решение кое е подобро од државниот испит.
За средношколците и другите прашања надвор од темата нема да добиеш одговор, сакам да дискутираме за државниот испит а не за општата состојба во Македонија.
 
Член од
9 јануари 2015
Мислења
105
Поени од реакции
50
За мене лично два моменти се битни во целава оваа работа.

Првиот е иницијативата на владата да пристапи кон решавање на проблемите во образованието на тој начин што ке се послужи со искуствата од другите образовни системи во светот(пошто нели неможе да изнајде некој "modus vivendi" за да му угоди на специфичниот менталитет на засегнатите).

Причина за тоа е неспособноста на деканите на универзитетите да си ја средат сами хаотичната и срамна состојба која повеке од 25 год трае во односите студент-професор(корумпираност и протекционизам) и со тоа да си ја задржат автономноста во одлучувањето.

Втор дел-Се случува реакција нормална на дел од студентите поткрепени и огранизирани од дел од професорите.

5000 студенти цирка излагаат на протести и се декларираат како легитимни представници на студентите?

Каде се другите 55 000 студенти кои не ги подржаа гореспоменатите 5000 студента и не излегоа на протестите?
Дали тие се игнорирани како студенти од помалата група нивни колеги и зошто?

Кога на тоа би се приклучиле и 70 000 средношколци, веке имаме сериозна ситуација која никој не треба да ја игнорира.

Видовме луге од неактивната опозиција меѓу редовите во студенските маршови, што и не е толку чудно и за осудување ако не знаевме дека тие истите пратеници веке подолг временски период го бојкотираат својот парламент, одат по светот организирано и се обидуваат да ја оцрнат владата за тоа што никому не му го направила.

Со тоа на дел од студентите кои протестираа им дадоа еден погрешен пример дека работите треба да се решаваат по игнорантен и радикален пат и им ја упропастија намерата за да си го искажат својот став на сериозен начин.

Почетокот на реформите е дел од пакет на мерки кои постепено ке се применат со цел да се приближи до поуспешните образовни системи.(вклучувајки го тука и начинот и методите на предавање на знаењето како и утврдувањето на знаење по фер и реален систем)

А на таа госпожата со теглите измиксани шо дала пример, кога сме веке кај дегутантните попари на кои некои луге се палат како релевантен несериозен пример за тоа што се случува во образованието не е лошо господата соросоиди да и купат една тегла мед за роденденот нејзин и да и ја поклонат од се срце за да може да си лапне малце ко за промена од теглата со медот.
 
Член од
23 ноември 2011
Мислења
14.322
Поени од реакции
32.864
Стварно излегоа само 5000 студенти, каде се другите?

Во Франција маршираа 3 милиони луѓе, каде се другите 62 милиони, зарем сите тие ги подржуваат џихадистите кои убиваат?

Владеачката партија е избрана со 450.000 гласови, каде се другите 1.300.000 од избирачкиот список, зарем мнозинството не ја подржува владата?

Логика баце, логика. :toe:
 

Ернесто ЧЕ Гевара

Hasta La Victoria Siempre
Член од
21 јуни 2010
Мислења
14.717
Поени од реакции
22.862
Дојдоа овие од штабот и ја упропастија темава. :facepalm:
@true blue и останатите, не мислите ли дека треба да се отвори посебна тема Студентски Пленум и во неа да се дискутира (само) за активностите на пленумот, односно во неа да постираат оние кои сфатија дека екстерното тестирање во високото образование е противуставно, без овие спамериве со напишани мислења од штаб.
 
Член од
20 септември 2011
Мислења
8.146
Поени од реакции
8.544
Првиот е иницијативата на владата да пристапи кон решавање на проблемите во образованието на тој начин што ке се послужи со искуствата од другите образовни системи во светот(пошто нели неможе да изнајде некој "modus vivendi" за да му угоди на специфичниот менталитет на засегнатите).

Причина за тоа е неспособноста на деканите на универзитетите да си ја средат сами хаотичната и срамна состојба која повеке од 25 год трае во односите студент-професор(корумпираност и протекционизам) и со тоа да си ја задржат автономноста во одлучувањето..
Универзитетите имаат ректор, а факултетите имаат декан
Ова Ве открива дека никогаш не сте студирале
Дајте доказ за она што го тврдите:
1.хаотичната и срамна состојба
2.неспособноста на деканите
Дали ова што Вие го тврдите е „ иницијатива на владата “ или е Ваше мислење?
 
Член од
21 мај 2008
Мислења
11.031
Поени од реакции
11.667
Тргнав да му реплицирам, сфатив „колку е саат“, али сфатив дека џабе ќе се распишувам на долго и широко. Ама ги спомнува 5те илјади, а не ги спомнува 10те илјади. :D Иначе од тие други 50 илјади, којзнае колку неактивни студенти има. Живеј ти во илузијата насликана од твојата партија (барем си признаваш дека си партиски член) дека ова е добро. Нема да ти кажувам аргументи, зошто ме мрзи, ти немаш ниеден аргумент, туку лупаш празни реченици без основа. „Имало мито“. Ок, и во Владата има мито/корупција. :D Докажи ти дека има мито на факултетите, па ќе се обидам и ја да докажам дека и во Владата има мито/корупција. Толку за тебе. :D И ова беше многу, али јас ко јас, морам секад со секого да се дообјаснам. Јас не сметам дека секогаш сум во право, но барем за ова знам дека Јустиција е на моја страна и на страната на Пленумот.

Дојдоа овие од штабот и ја упропастија темава. :facepalm:
@true blue и останатите, не мислите ли дека треба да се отвори посебна тема Студентски Пленум и во неа да се дискутира (само) за активностите на пленумот, односно во неа да постираат оние кои сфатија дека екстерното тестирање во високото образование е противуставно, без овие спамериве со напишани мислења од штаб.
Ам, како сакате, јас можам да ја отворам темата, али негде во среда/четврток пошто сакам да го напраам со вовед, да не биде 2 реченици текст и оп тема, а сега спремам испит. Ако сака некој друг да се нафати ок. Размислував и јас за нова тема и во тоа може да почне малце хронолошки како течеше создавањето на Пленумот, неговата структура, неговите акции, студентски маршови итн итн. Само страв ми е дека и таа тема ќе ја усерат со :гомце:.
Нека каже само модератор дали е ок тоа. Мислам дека @Crazy in Love е модератор тука.
 
Член од
9 јануари 2015
Мислења
105
Поени од реакции
50
Во универзитетите работат декани како дел од лидерското место на факултетите кои влегуваат во склоп на универзитетот односно универзитетите имаат декани повеке а имаат еден ректор и не е пожелно тој да е слеп на корупцијата или недај боже да е тој буквалиста пристрасен и припадник на некоја политичка партија која неможе да собере ниту 5 % гласови на избори или не сака да излезе кога и нудат предвремени избори.

true blue еве ти реприза од прееска - корумпирани се и членовите на опозицијата, но без разлика на нашите лични мислења реформите ке се спроведат и ти и тие како тебе ништо неможете да направите ама баш ништо во врска со тоа.

Е така...:tvg:
 

Ilumious

Патник, педер, поет, администратор, масон
Член од
29 јануари 2007
Мислења
84.962
Поени од реакции
195.500
off sum periodov, kazi i na Crazy, Read only moze da bide taa tema. Ja otvoras, pisuvas, Crazy stava kluc. Koga ke ima neso novo, ke i pises PP, ke ja otvori, ke dopises u nov post, pak kluc i taka :)
 
Член од
21 мај 2008
Мислења
11.031
Поени од реакции
11.667
Во универзитетите работат декани како дел од лидерското место на факултетите кои влегуваат во склоп на универзитетот односно универзитетите имаат декани повеке а имаат еден ректор и не е пожелно тој да е слеп на корупцијата или недај боже да е тој буквалиста пристрасен и припадник на некоја политичка партија која неможе да собере ниту 5 % гласови на избори или не сака да излезе кога и нудат предвремени избори.

true blue еве ти реприза од прееска - корумпирани се и членовите на опозицијата, но без разлика на нашите лични мислења реформите ке се спроведат и ти и тие како тебе ништо неможете да направите ама баш ништо во врска со тоа.

Е така...:tvg:
Слабо се користиш со терминологијата, те приметив уште прееска, али ај, нема врска тоа. Пострашно е што лупаш глупости. Неам намера веќе да се замарам со тебе. :toe:
 
Член од
9 јануари 2015
Мислења
105
Поени од реакции
50
Фала ти за комплиментот, ти го возвраќам во иста конотација. провокатору.

true blue -a dick without a cause:bravobe:
 
Член од
21 мај 2008
Мислења
11.031
Поени од реакции
11.667
Известување од средбата на Студентски пленум со Претседателот на Р.Македонија Ѓорѓе Иванов

Студентскиот пленум денеска се сретна со Претседателот на РМ, проф. Д-р Ѓорѓе Иванов, што е и прва средба со државна институција, по бројните апели на студентите да се чуе нивниот став по предложените измени на Законот за високо образование. Покрај претставници од Студентскиот пленум, беа присутни и професорката Гордана Силјановска и професорот Абдулменаф Беџети од Професорскиот пленум.

Целта на оваа средба беше да се побара од Претседателот да го искористи правото на суспензивно вето, со што иако нема автоматски да се прекине постапката за донесување на Законот за измени и дополнување на Законот за високо образование, сепак ќе се прати порака до надлежните институции дека истиот е во својата суштина недопустлив.

На средбата претставниците на студентите ги истакнаа сите нелогичности во предложените измени на законот, колизијата на одредбите во истиот, како и причините поради кои за нив не е прифатливо полагањето државен испит. Студентскиот пленум смета дека со ваквиот начин на проверка на знаење се казнуваат оние кои се најмалку заслужни за актуелната состојба во образованието, а тоа се студентите. Исто така, Студентски пленум истакна дека во ниту еден закон за високо образование во светот не се сретнува одредба каде е предвидена казна затвор при дејствување спротивно на пропишаното.

Студентите предочија дека ваквиот чин на одземање на автономијата и префрлувањето на моќта на универзитетот во рацете на извршната власт ќе нанесе ненадоместлива штета не само за развојот на научната мисла и академското знаење, туку и за севкупниот развој на државата.

На крајот од средбата Студентскиот пленум одново му предочи на Претседателот Иванов дека не остапува од своето барање за повлекување на предлог измените на Законот за високо образование. Студентскиот пленум се залага за реформи кои ќе бидат втемелени врз сеопсежна анализа за проблемите во високото образование и направени на начин кои ќе ги вклучат сите засегнати страни кои аргументирано ќе ги изнесат своите предлози за подобрување на состојбите на образованието, додека предложените измени на законот не ги задоволуваат овие минимални стандарди.

Претседателот Иванов имаше кратко излагање во кое истакна дека промени во високото образование мора да има, а во неговата одлука дали ќе стави вето доколку законот е евентуално изгласан од Собранието ќе се води според државниот интерес, а не како професор. Тој истакна загриженост за поделеноста во академската заедница по прашањето за квалитет во високото образование.

Студентскиот пленум ја користи оваа прилика повторно да го потсети Претседателот на максимата која тој ја користеше во своите предавања како професор, а тоа е дека во историјата ги памети бунтовните, а не оние кои се послушни.

Повикуваме Претседателот да биде непослушен и во оваа прилика да застане во одбрана на уставноста и законитоста и да го искористи своето право на суспензивно вето!

Еден краток осврт на остварената средба.
 
Член од
9 јануари 2015
Мислења
105
Поени од реакции
50
Ха, па студентска иницијатива "студентски пленум" не е исто што и "студентскиот парламент на универзитетот".
Се знае кој може легитимно да ги застапува правата на студентите.

Истото важи и за професорскиот пленум.

Што имаме тука повторно?
Донесување на заклучоци и работење зад грб и негирање на ставот на официјалните организации?

Добро е и што ги примил претседателот, тоа е за поздравување.
 
Член од
21 мај 2008
Мислења
11.031
Поени од реакции
11.667
Ха, па студентска иницијатива "студентски пленум" не е исто што и "студентскиот парламент на универзитетот".
Се знае кој може легитимно да ги застапува правата на студентите.

Истото важи и за професорскиот пленум.

Што имаме тука повторно?
Донесување на заклучоци и работење зад грб и негирање на ставот на официјалните организации?

Добро е и што ги примил претседателот, тоа е за поздравување.
1. Студентски парламент ниту е легитимен, нити легален преставник на студентите. Не е легален затоа што неговиот мандат е истечен во октомври месец, нелигитимен затоа што е избран со 4 илјади гласа од оние 40 илјади студенти на УКИМ (и сето тоа под крајно сомнителни околности).
2. Зарем професорите имаат некаква организација која ги претставува?
Ставот на СПУКМ е контрадикторен. Прво, ставаат потпис на писмото кое Ректорската управа на УКИМ го испраќа до МОН со кое се бара повлекување на предлог законот, а после нешто, као викаат океј е. Нека се решат. :D

Па, претседателот е единствениот кој ги прими студентите. Кога се бараше дебата од МОН, не сакаа, се бараше присуство на Комисијата за образование, наука и спорт, не дозволија..
 
Член од
9 јануари 2015
Мислења
105
Поени од реакции
50
Еј, па студентскиот пленум е ептен легитимен немој.:ROFLMAO:

Професорите сега имаат по се изглеа некоја пара-организација која ги преставува-пленум.
 

Kajgana Shop

На врв Bottom