Ќе се полага државен испит во 2-ра и 4-та година (Студентски пленум)

  • Креатор на темата Креатор на темата Атомската мравка
  • Време на започнување Време на започнување
Да не правам реплики за да не фаќа многу простор, ќе ви реплицирам вака:
@true blue
Затоа реков јас, не сум правник и не сум запознаен со нормите. Океј е тоа што прва полемика се фаќа за противуставноста, но според мене не би имала ефект. Зошто? Бидејќи се пропишани норми во кои универзитетот е автономно во однос на централната власт. Тој дел е малку проблематичен според мене. Иако во голема мера и не се автономни државните универзитети ако размислуваме трезно, затоа што баш универзитетите не се финансиски независни од централната власт, секој граѓанин плаќа даноци и сл оптоварувања за да добие јавно добро во вид на образовани и итн, а централната власт е одговорна за да го спроведи тоа. Значи и по логика оди дека централната власт е одговорна и за квалитет на образование и итн. Тука се судрува со Уставот според мене и е лошо формулирана автономноста, бидејќи од една страна добива кеш универизтетот, а има автономност да прави што сака т.е нема одговорност за своето работење, за квалитетот на тоа што твори.
Поентата ми е дека како аргумент противуставност може лесно да се побие од страна на власта ради нудење ново тело кое е сосема независно од власта (иако е избрано од МОН). Не викам дека правно е исправно, но со разни дупки во тој член може да се протне предлогот. Јас викам дека треба да се побараат и други аргументи па дури и предлози во случајов за да има тежина секое барање. Засега тоа што се бара, поготово соопштението на професорскиот пленум нема некоја тежина.

Бтв, сигурно ги фаќа магистерските од следна година? Зошто по интервјуата викаат дека законот важи за студенти кои запишуваат прва година од 2015/2016, а не конкретизираат дали се однесува за мастерот од следната година.

@Bojan Van Buuren
На истиов пост погоре ја објаснав поентата. Го кажав мојот став за противуставноста, но не сваќај дека се наметнува мислење за контра нешто... Во моментов постои проблем меѓу засеганата страна и хиерархиски повисока страна. Ако викаш дека владее истото мислење дека има проблем во образованието тогаш тоа е заеднички проблем и за двете страни. Едната страна нуди решение за кое другата смета дека не е продуктивно и е лошо. Точно дека аргумент против тоа решение може да биде зошто е тоа лошо, но и што би било подобро решение ако се гледа кон првобитниот заеднички проблем. Јас не гледам контра ништо овде, само прогресивно размислување, бидејќи и да се случи повлекување на законот и тапкање во место по старо ништо не сме постигнале. Што ќе биде понатаму, пак по старо? Гарантирам дека ако се повлече закоонот и во иднина при секој х предлог кој ќе погодува некоја страна ќе има бурни реакции и не би се случувале никакви подобрување во ниедна насока.
 
Нема кај нас председателско вето, како што има во САД
Иванов може да не го потпише законот и Собранието повторно да го разгледа
Ако Собранието по втор пат го донесе законот, председателот мора да потпише
Единствено што Иванов можеше да направи е тој лично да се солидаризира со колегите и да ја потипише петицијата за повлекување на законот.
 
Единствено што Иванов можеше да направи е тој лично да се солидаризира со колегите и да ја потипише петицијата за повлекување на законот.
Тогаш би ги разочарал тие што го гласале. Бидејќи не го гласале професорот Иванов, туку претседателот Иванов.
 
Нема кај нас председателско вето, како што има во САД
Иванов може да не го потпише законот и Собранието повторно да го разгледа
Ако Собранието по втор пат го донесе законот, председателот мора да потпише
Единствено што Иванов можеше да направи е тој лично да се солидаризира со колегите и да ја потипише петицијата за повлекување на законот.
Па многу јасно - во САД е претседателски систем.
 
1. Комисија. И секако нема да има точен одговор. Повеќе целта е да видат како се снаоѓаш во дадена ситуација. Колку елоквентно можеш да го извозиш компјутерот и пренесеш жеден преку вода.
2. Ако си ВМРО не, за другите да.
3. На почеток тоа. После ќе почнат да ги казнуваат професорите ако оценките не се совпаѓаат, ко во средните.

Баш ме интересира какви се тоа прашања во мојава струка што можеш да одбереш под А, под Б или под В. Многу мудро, многу....
 
Баш ме интересира какви се тоа прашања во мојава струка што можеш да одбереш под А, под Б или под В. Многу мудро, многу....
Тоа ти викам, што и да избереш си во право. Сем кога треба да бираш за ВМРО. Тука нема алтернатива!
 
Нема кај нас председателско вето, како што има во САД
Иванов може да не го потпише законот и Собранието повторно да го разгледа
Ако Собранието по втор пат го донесе законот, председателот мора да потпише
Единствено што Иванов можеше да направи е тој лично да се солидаризира со колегите и да ја потипише петицијата за повлекување на законот.
Да, во право си, но размисли како ќе делува тоа кај обичниот граѓанин, вето од претседателот за кој сите мислеа дека е марионетка.

Тогаш би ги разочарал тие што го гласале. Бидејќи не го гласале професорот Иванов, туку претседателот Иванов.
Според Уставот не, но де факто претседателот е заштитник на Уставот, плус, тој подлежи на одговорност ако работи спротивно на Уставот.

@ziak92 Автономоноста не е пропишана само во Уставот, туку и во меѓународни договори чиј потписник е Македонија, дел од нив преку ратификацијата се инкорпорирани во внатрешното право. А тоа што државните универзитети се во дел финансирани од државата, не значи дека институциите на власта смеат да „влезат“ во универзитетите. (пример Уким е околу 30-33% финансиран од Буџетот на РМ, но дискутабилно е каде одат сите тие пари кога многу факултети не виделе пари со години). Понатаму, санкција-казна затвор во Закон за високо образование? Невидено. Јасна е целта на „реформата“, казнување, не подобрување.
Да одам понатаму, тој новоформиран Одбор, како што кажува и професорката Силјановска, ќе биде како паралелна институција на универзитети, со тоа што ќе го пропишуваат функционирањето, програмата, начинот на оценување итн. на универзитетите.
 
Последно уредено:
Тежок срам ме пука што живеам во државава..
Писмо, контра писмо.
Молба за прием, контра молба за прием.
Само кај нас ова. Само кај нас.
 
@ziak92 Сигурно фаќа. Затоа што во Законот стои дека за прв циклус прв пат ќе се полага по крајот на 2016/17 учебна година (односно,тие што ќе се запишат оваа година во септември, учебна 2015/16 ќе бидат првите на тапет), а за мастер студии ќе започне, т.е. првиот испит ќе биде спроведен по крајот на 2017/18. Сите што се втора година моментално, ако тераат редовно, а најголем дел од нив ќе тераат, и ако се запишат на мастер, ќе бидат подложени на т.н. државен испит.
Имам уште една нејасностија. Пример, некој оваа година запишал факултет (2014/15) и ја заврши. Следната учебна 2015/16 ја паузира од икс причини. Оди во втора 2016/17. Логиката, па и правото ми велат дека него договорот му е потпишан под важечките прописи во учебна 2014/15.
 
Професор Беџети кажа една народна мудрост на многу културен начин: две кила мармалад и две кила гомна не прават четири кила мармалад, туку четири кила гомна. :D:D
 
На промените во образованието не треба да се гледа негативно.
Факт е дека досегашниот ситем не дава посакувани резултати.

Ако деканите не се способни да си ги средат работите помегу нивните редови и ако знаеме дека испити се полагаа до сега кај многу професори и оценки се заслужуваа со мито и протекционизам(партиски и роднинско-пријателски) ке мора некој од страна да им ги среди работите.

Овака веке не може, затоа што дипломите ке ја изгубат својата реална вредност поради тие причини а најмногу ке загубат студентите.
 
Може ли да добиеме листа од контра-пленумските професори? :)
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom