Tiveriopol
Струмичанец
Се сложувам и за улогата на средните бекови во модерен ракомет и за неуспехот на Србите од истите причини. Среден бек е срце на игра во напад, ама не на утакмици на Македонија со Данска/Франција/Шпанија, тогаш средниот бек без разлика дали е Наумче или Миркуловски е изгубен германец кој по секоја цена го бара Кире (на кого противникот игра фластер) за да го заврши нападот. Затоа реков во даден момент од средбата против такви одбрани може да се обиде и со Кире и со Вугринец на бековски позиции, впрочем Вугринец на среден бек сигурно не е полош потег од Вугринец на крило како што го играше во некои моменти.
И јас го искоментирав истото на натпреварот со Франција... Мојсо, Миркуловски и Прибак не вршеа ама баш никаква работа во овој натпревар... Мислам дека Вугринец би бил одличен на среден бек, но не цел натпревар туку едно 10 мин додека се игра фластер на Кире... Чисто да се растерети малку Кире... На лев бек единствен кој може колку толку да одговори е Филип... Точно дека нема кујзнае колкав квалитет, но еве со Франција се покажа според мене подобро од Мојсовски... Имаше два удари кои за жал му ги одбранија, но имаше и одлични асистенции посебно кон Стоилов... Исто и Вугринец при шутевите од далечина не се покажа многу, но затоа одлично асистираше посебно кон Манасков... Мое мислење е дека во натпревари каде одбраната е составена од ,,џинови,, може да се проба со таа варијанта... Но тоа треба да се проба на подготвителни натпревари, вака директно на светско да експериментираш мислам дека не е баш најпаметно... Се надевам дека Обрван има некој џокер кога се работи за нападот, бидејки ако се е базирано врз Лазаров, тешко дека ке стигнеме до посакуваните осум најдобри репрезентации...