Follow along with the video below to see how to install our site as a web app on your home screen.
Забелешка: This feature may not be available in some browsers.
Мене во најмала рака ми беше многу сумливо, али после два добиени телефони без тракинг број очигледно заглавив со третиов.Како можеше телефон без тракинг? :/ Тој и да е стигнат ни ќе знаеш ни ке дознаеш... Па и часовникот... Отвори на покрупните пратки затоа што после ќе ти помине времето. Инаку каснат премногу да али ај да веруваме дека причината се празниците...
Никако не отварај спор за повеќе пратки наеднаш.Доколку отвориш спорови за 7 пратки, и доколку немаш солиден доказ дека не си ги примил, ке ти биде замрзнат акаунтот.Бидејки ке им стане чудно зошто си отворил спор за 7 пратки и ќе помислат дека правиш измама.Најверојатно ќе ти забранат купување во наредните 2,3 месеци, и ке го остранат негативниот фидбек (ако имаш оставено на продавачот ).Тоа е, што е тука е нема што да правиш освен да чекаш.Има големо каснење кај вас со пратките?
Чекам седум пратки ниту една не е стигната. А поминати се повеќе од месец дена, кај некои и два.
Немам тракинг бројчина а имам две солидни пратки по цена, часовник и мобилен телефон.
Многу ми е незгодно да отворам на Ибеј спорови за седум пратки оддеднаш. Не верувам дека кинезите ме мамат, барем не сите, повеќе сумљам на поштиве...
Од сигурни придавачи купуваше?Јас чекам многу прати од ноември па уште ги нема, имам пишано и предходно тука во темата. Не ги ни очекувајте, зимајте си ги парите додека можете од ибеј.
Да, над 30 пратки ми немат стигнатно.Од сигурни придавачи купуваше?
Ако да ондак сварно нема смисла, нешто треба да се превземе поради лоповите по поштиве.
Има термин кога има испорака за Македонија.Претпоставувам мене сакаше да ме цитираш,еве го бројчето мене не ми го дава ни тука RJ068836560CN
Сега од аеродром треба да оди во царина кај железничка станица и ако треба да се плаќа царина ќе ти испратат писмо да доставиш фактура или извод.Имал ли некој овакво искуство со пратка преку Yanwen.Пишува дека е стигната во Македонија три дена по ред а праткава никаде ја нема.Не е нешто многу вредно ама сепак ме нервира кога чекам многу време.Прегледај го приврзокот 111695
Прати меил го има на страната на custom.gov.mk или јави се на телефон 022401876 ама треба да бидеш упорен.Сигурно не е на царина бидејќи се работи за мала сума(ски маска)мене ми е чудно што веќе 20 дена нема никаква информација од кога е пристигната на аеродром.
Сигурно не е на царина бидејќи се работи за мала сума(ски маска)мене ми е чудно што веќе 20 дена нема никаква информација од кога е пристигната на аеродром.
Има термин кога има испорака за Македонија.
Штом ти дал број мора некаде да излегува дека пратката е примена од продавачот и чека за транспорт.
На али експрес можеш ли да следиш ситуација?
Си пробал ли на сајтот на чајна пост.
Јас една пратка во 2013година од 08 август ја чекав до 20-23 ноември истата година
Дајте број од царина да ја убрзам праткава пошо не ми се чека веќе уште на тракингот стои дека е на царина.
Овај тракинг е безвезен, не е поврзан со мак. пошти како останатите кинапост, 17трак, холандска, швајцарска пошта, хонгконг, сингапур итн. Кога пристига во Македонија препорачана пратка поштата тоа го објавува на својот тракинг за следење, овде не е случај, вероватно не е ни стигната пратката туку продавачот ти дал некој тракинг од лажна компанија за следење па тие од таму си прават апдејт кобајаги сега е таму, сега ваму, па на крајот сега е македонија аирпорт и крај на следењето, не пиши ни дека е Скопје аирпорт. Освен тоа шо ке беше то за 6 дена пропатува небаре УПС или ДХЛ и нигде не пристигна например Прага или слично. Демек директно Пекинг - Скопје, колку ми е мене познато нема директен лет од Пекинг до Скопје. Освен тоа и мене исто нешто ми пратија по овие преваранти јанмен и исто за 6 дена наводно стигна од пред нова година а ни трага од пратката, јас ке чекам да поминат тие 60 предвидени дена па ке им отворам диспајт. У ствари јас вервам дека ке стигни пратката, за приближно слично време како останатите пошто до сега не ми се десило да не стигни нешто, само шо рачунам дека е без тракинг - на пратката сигурно стои тој тракинг број ама највероватно само фигурира таму. Па... со среќа.Имал ли некој овакво искуство со пратка преку Yanwen.Пишува дека е стигната во Македонија три дена по ред а праткава никаде ја нема.Не е нешто многу вредно ама сепак ме нервира кога чекам многу време.Прегледај го приврзокот 111695