Акутна уртикарија

  • Креатор на темата Креатор на темата Cool Hand Luke
  • Време на започнување Време на започнување
C

Cool Hand Luke

Гостин
Гадна алергија. Се надевам брзо ќе помине, вчера бев ко милион комарци да ме искасале, цел бев нафрлан, ми се слоши, тешко дишев и малку фалеше брза помош да дојде. :( Земав некое време дексаметазон и авил но краткотрајно помагаа, лоратадинот заврши работа сега за сега, ко нов сум но до кога? Не знам од што би можело да биде, цел живот не сум имал никаква алергија, се сомневаат на храна или растенија, јас мислам од хемикалии. Имал ли некој вакво нешто, како сте се средиле?
 
Фала сити, се сетив до толку.
Ќе биде и тоа скоро Бац, само ме интересира има ли случаи да поминало целосно и само со лоратадин и општо лични случаи... :) Преокупиран сум со тоа сега јебига, а сега се чудам на што сум се жалел кога се ми било во ред? :( Ај ќе се вратат старите добри грижи кај и да е...
 
У бре! :) Не планирам така да заминам батка. :nenene:
Може да ја избришете темава, имало тема за алергии. :)
 
Фала сити, се сетив до толку.
Ќе биде и тоа скоро Бац, само ме интересира има ли случаи да поминало целосно и само со лоратадин и општо лични случаи... :) Преокупиран сум со тоа сега јебига, а сега се чудам на што сум се жалел кога се ми било во ред? :( Ај ќе се вратат старите добри грижи кај и да е...

Види ваму алергија ти е условно кажано болест за која ќе ќе се најде (ако воопшто се најде) лек далеко после наоѓањето лек за сида и рак. Така да ако си имаш алергија со здравје да си ја носиш, ќе те следи до крај на живот. Е сега тоа што првиот алергиски напад поминал без анафилактичен шок одлично е, но тоа значи дека треба што е можно побрзо да го идентификуваш причинителот на алергијата и за во иднина да си бидеш спремен бидјеќи очигледно релативно бурно ти реагира телото на тој алергенс.
 
Може ќе се покаже само иритација од нешто, не алергија. Сега после инекциите ми рекоа да бидам две недели на исхрана без алкохол, месо, млечни производи, луто, па и овошје да избегнувам, само зеленчук варен, и лепче може. И лимонада максимално што можам. Па тек после алерго тест. Ко зајак ќе станам...
 
И мене ми рекоа дека имам уртикарија. Нешто одвратно. Колку време трае?:)
 
Доста е зафркната. На наш пациент му се дијагностицира, тешко него беше, промени начин на исхрана, комплетна гардероба, напушти работно место. Направи алерготест, негативен беше не се`.
На крај, мислам дека причината биле минимални стресни ситуации.
 
И како се ослободи од нив? За колку време му помина?
 
Uste ne mu e pominata. Si zema postojano kremi, tableti, go bockame sinopeni.
:eek:
Страшно.

Мене ми останаа уште неколку испитувања за да дознаам од што е. Ми викаат дека најверојатно хеликобактерот е.
:)
 
:eek:
Страшно.

Мене ми останаа уште неколку испитувања за да дознаам од што е. Ми викаат дека најверојатно хеликобактерот е.
:)
Да, хеликобактерот може да предизвика уртикарија. За да се среди треба да земаш терапија за ерадикација на хеликобактерот. Кога ќе се среди бактеријата, ќе се среди и уртикаријата.
 
Kajgana Shop

Back
На врв Bottom