Кајгана Базар (слободна размена, дружба, хуманост)

  • Креатор на темата Креатор на темата arakenx
  • Време на започнување Време на започнување
Мене на именден или роѓенден што ми носеле еден куп купки, де Адидас де Нивеа... Само ми се трупаат, а не ги користам бидејќи воопшто не се бањам :D (џст кидинг деца). Кој сака ќе ги дадам, сега не сум дома, кога ќе си одам, ќе ги сликам и ќе ставам слики. Не се користени, само се мирисани од далеку.
Друго, имам колекција на пенкала, имам околу 50 за давање, сите пишуваат. Не се којзнае што, но се исправни и си ја бркаат работата.
Треќо, имам колекција на HotWheels колички, можам да дадам 2-3 најмногу, исправни оф корс.
Четврто, имам многу алишта за помали деца, сите ми се однесени кај баба ми и се чека да се роди дете за да се облечат :confused:. То ест не требаат, кога ќе си одам дома, ќе разговарам со моите за нив и ќе ги сликам тие што ќе ми ги дадат. Чисти се и не се ѓубре за фрлање бидејќи се квалитетни.
Петто, имам колекција на шестари. Стари, руски, исправни шестари за прецизна работа, погодни за студенти на градежен, архитектура, пмф и сл... Не се 'рѓави или со некаков деформитет. Давам 2-3. Скоро идентични како овој:
http://images.clipart.com/thw/thw13//PO/5344_2005020023/020311_1367_10/020311_1367_1025_l__p.thc.jpg.
Имам и уште неколку ситници како на пр. рачно правена бележичка за љубители на Манчестер Јунајтед, некој друг шоклски прибор, некоја книга се наоѓа и сл... Можам да направам и јаглен за цртање, за сите што се на ликовна уметност, графика, љубители на цртањето со јаглен.
 
Последно уредено:
Ќе треба за ова сепак да почекаме пролет,поради времето и да одбереме локација.
Тоа би било за деновите на викендот,некаде овде на отворено,сега кога би го правеле Базар,ќе ни треба затворен простор,или некој напуштен објект,давајте предлози.
--------------
Би примил алишта за деца, од 3,8,12 год.
За внуците,инаку се наоѓат доста ефтино на половно,од оние што собираат или Шутка.
Нека иде се преку отварачот на темава.
А некој можеби има нешто што не сака да го отуѓи,спомен му е и ќе сака да се реновира или поправи па и тука кој знае како и сака може да помогне,или му треба некој дел за нешто расипано,а некој друг па го има тоа.
Ај утре ќе имам време и за некоја фотка.
 
на почеток важно е да видиме дали има интерес и како да се организираме

според мене подобро е да почнеме полека но континуирано, отколку да се испукаме и толку

почетната замисла за темава е собиранките да ги направи поинтересни

сите идеи се добродојдени...а по празнициве може да почнеме да постираме слики и доколку на некој му треба нешто да си резервира
 
Ја шиткам, не давам гага.
не си разбрал добро,или не си дочитал,да ти објаснам,нема гага,нема шиткање,
на КАЈГАНА _ БАЗАР, се врши размена на предмети-артикли-алатки-машини-книги-и др.
---------------
Picture 1956.jpg Picture 1955.jpg Picture 1958.jpg Picture 1959.jpg 350-400 стр. повреди,лечење,слики,рехабилитација,сите спорт...
да почнеме со книги,на кој му требат овие, (се уште не сум пробал црно Скопско)
--------------
Албум - голем, голем формат, со оригинал фотографии, редок примерок,многу слики
од Предземјотресно Скопје по две фотографии од исто место или од исти објект,
како било тоа пред катастрофата и како изгледало веднаш по катастрофата.
( Значи фотографиите не се копирани,тогаш и немало таква машинерија)
Уште една голема книга Скопје пред и по земјотресот (ја имам дупликат)
Барам - има некој дрва било какви, а што не му требаат,или старо дрво за сечење.
 
@Anco Колку бараш за Спортска медицина?
Инаку го имав Капиталот сите 3 тома и ги продадов, сега ако има заинтересирани за сите собрани дела на Михајло Апостолски (6 тома), од Лазар Колишевски - Аспекти за македонското прашање,
Собрани дела од Чернодрински 5 тома.
 
Ајде да почнам:
Карти за играње, мали.
SAM_0049.JPG
Шестари за прецизно работење, трите се руски, стари и исправни, исгледа некористени :) а плавиот кој го знае што е... И тој исправен и изгледа малку користен. (Не ми се крадени ;))SAM_0041.JPG
Ланче пиис дууд ..\/,. :PSAM_0045.JPG
Клучеви за ,,неми брави'' постарите знаат за какви станува збор.SAM_0048.JPG
Приврзоци, рачно изработени од мене.SAM_0046.JPG
Купки и шампон. Отворени само да се мириснат.SAM_0036.JPG
HotWheels количките некако не ми се даваат, наредени се убаво во една кутија, некако не ми се растураат, инаку за давање ми е ваква
http://4.bp.blogspot.com/-81i8zRLBIgw/TwJ50SbqSgI/AAAAAAAAEnY/0DJpWBDPbsc/s1600/troy+Soldier+2.jpg
ама со ваква боја
https://i.ytimg.com/vi/ZoNIDIf3ZZo/mqdefault.jpg и со пресечено тоа црната четка...
Алишта друг пат...
Позз 4NHK0.[DOUBLEPOST=1420739171][/DOUBLEPOST]Не бидува, а да не заборавам нешто :).
Нова, рачно правена, ама не од мене.
SAM_0053.JPG
И пенкалата...
SAM_0051.JPG
 
Последно уредено:
Ако некој сака да се ослободи од детска пошта, i'd gladly take it :X3:
За вакви зборам
1914193_10150123653400310_569678_n.jpg
 
Ако некој сака да се ослободи од детска пошта, i'd gladly take it :X3:
За вакви зборам
1914193_10150123653400310_569678_n.jpg
Леле жено вакви имав купови дома. Ако некогаш и некаде ги најдам, твои се!
Ваљда не се фрлени...
 
Ако има некој вакви сликички што не му требаат, нека каже одма! Сега не се интересирам толку за автомобили како некогаш, али носталгијата останува :) Башка турбо мастиките беа закон!

dsc_0422.jpg
 
Ако некој сака ракавици за не знам што, дали велосипедски, дали скејтерски, на кој како му одговара... Ми ги донесоа за подарок пред може 7-8г. и тоа не му се фаќаат на вујче со најголеми дланки во фамилијата :D. Кој има огромни гланки и ги сака овие, слободно ;).
Не се носени иако имаат малку дамки не некои места, од горната страна имаат плетено миленце :D а од доле се чиста кожа, на едно место има дупла кожа за дополнителна заштита при паѓање (на раце, а не на глава :P).
 

Attachments

  • SAM_0074.JPG
    SAM_0074.JPG
    575,9 KB · Прегледи: 18
  • SAM_0075.JPG
    SAM_0075.JPG
    530,3 KB · Прегледи: 18
  • SAM_0076.JPG
    SAM_0076.JPG
    380,4 KB · Прегледи: 17
  • SAM_0077.JPG
    SAM_0077.JPG
    615,5 KB · Прегледи: 17
Ако некој сака ракавици за не знам што, дали велосипедски, дали скејтерски, на кој како му одговара... Ми ги донесоа за подарок пред може 7-8г. и тоа не му се фаќаат на вујче со најголеми дланки во фамилијата :D. Кој има огромни гланки и ги сака овие, слободно ;).
Не се носени иако имаат малку дамки не некои места, од горната страна имаат плетено миленце :D а од доле се чиста кожа, на едно место има дупла кожа за дополнителна заштита при паѓање (на раце, а не на глава :P).
I'll take it. Пред 2-3 месеца баш барав вакви, кожни и никаде не најдов.
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom