Се сеќавате ли на Линк Телеком

  • Креатор на темата Креатор на темата VGC9DCTX9C
  • Време на започнување Време на започнување

VGC9DCTX9C

Prof. Dr. Zgembo Adišlić
Член од
3 мај 2006
Мислења
101
Поени од реакции
46
Возраст
42
Локација
New Location
Имав пејџер пред нешто помалку од 100 години, еве да речеме не се сеќавам колку кошташе да се остави порака од телефон.
Некој памети ли?
 
Памтам дека имаше пејџери пред едно 15 години.. тогаш веќе прекинуваа и да се користат. Олд скул ствар е тоа... овие генерацииве нови не знаат што е тоа.
 
А некој користел токи-воки?
Јас пред 15 години на плажа одев со токи-воки, а баба ми од викендица ми се јавуваше
 
Имав пејџер пред нешто помалку од 100 години, еве да речеме не се сеќавам колку кошташе да се остави порака од телефон.
Некој памети ли?
45 ден/минута. Кољаа на времето... Пејџерот беше околу 1500 марки.[DOUBLEPOST=1420804974][/DOUBLEPOST]
Како минута кога се оставаа пораки само:unsure:
Па требаше да кажеш број на пејџер па пораката и одземаше време може и до две минути те држеа на телефон.
 
Последно уредено:
На една локална телевизија, до пред некое време одеше една реклама за пејџери...
 
45 ден/минута. Кољаа на времето... Пејџерот беше околу 1500 марки.[DOUBLEPOST=1420804974][/DOUBLEPOST]
Па требаше да се кажеше број на пејџер па пораката и одземаше време може и до две минути те држеа на телефон.
Ми текна ама касно, веќе си видел, а јас брзав да избришам :D
 
МТМ претпоставувам.
може и едо :D
него колку пари биле пејџериве на реклама што иделе на локалнава телевизија?
јас како дете ги памтам ептен малку
вака сеа интересно би било да се имаат хаха
 
Јас работев во Линк година дена пред затворање на фирмата. Супер фирма и одлично поставена работа. Најважното е што беше единствена фирма која се грижеше за правата на своите вработени. Кога ќе ми текне како ме бркаа да си одам затоа што дошло 14 часот и "не ме плаќале прекувремено" ми се плаче :(
 
pokana.jpg
 
После ова се затвори фирмата. Бевме присутни СИТЕ вработени (сите беа поканети, кој дојде, дојде) што работеле од основањето до тогаш. Пристигнуваме на паркингот и одеднаш гледаш куп луѓе од кои само 20-30 ти се познати :D Поделени како првачиња (кој со кого се знае и работел) влегуваме внатре. Тоше и жена му на врата, се поздравуваат со секој, без разлика дали монтирал антени или бил директор. Една од поубавите забави на кои сум бил. Нема...нема друга таква фирма во Македонија. Можеби денешен Т-хоум, ама не верувам. Сите од работа си одеа насмеани со желба да дојдат утре, имавме дружење од 20 годишни до 50 и кусур. Кибо беше под нас. Повеќе таму јадевме отколку дома. Скај нет беше пола спрат над нас. Кај нив го пиевме најубавото кафе и пушевме. Ми недостигаат тие луѓе. Огромен број лица и карактери, кој од кој подобар. Не требаше да кликнам и да читам.
 
Toше бил шефот?
Директор, сопственик...како сакаш :) Најдобриот менаџер на светот, според мене и според она што го гледам низ другите фирми. Мало, луто човече, ама принципиелен. Како ќе се договориш еднаш, тоа важи засекогаш. Плата на време, придонеси исто, одмори како во Европа. Имаш задача, ја завршуваш, после прави што сакаш. Најди денес некој таков.
Шефот ме бркаше да си одам на време дома, посебно после 3та смена. Кога ќе ме видеше горе како пијам кафе и правам муабет со тие од Скај нет, коса му се креваше кога ќе види дека е 9 часот. А мене смена ми завршуваше во 7 :D
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom