Јас веќе кажав дека не ја бранам Американската политика, ако нешто има здрава основа, неможеш да го искористиш погрешно. Ете зошто денеска немаме екстремен будизам на пример? Америка не го создала исламот, одредени нејзини лидери виделе корисна алатка во него за остварување на агенди што во тој момент им се чинеле корисни, ни јас не се согласувам со тоа, но тие председатели само го искористиле она што веќе постоело.
Не постои нешто во светот кое неможе да биде злоупотребено, вклучително и атеизмот кој го пропагираш.[DOUBLEPOST=1420792982][/DOUBLEPOST]
Баш за нас, како место кое многу лесно може да се искористи за започнување на такви конфликти, многу повеќе ни одговара Европа убаво да го спознае исламот пред да почне да не куди дека ги угнетуваме кутрите муслимани.
И таа генерализација за која зборуваш, е оправдана.
Сакаш да кажеш дека Европа не го спознала Исламот? Конзервативците и демохристијаните со години трубат за опасноста од исламизмот, додека левицата(патем и убиените се од левицата) и либералите пропагираа мулти-култи. Сега открија дека сите муслимани не чинат?
Па побарај тука на форумов тие што највеќе јадат гомна на оваа тема, што збореа пред 2ри мај 2012 за масакрот во Смиљковци, бараа презумција на невиност за нешто што од авион се гледаше кој го направил. Како тоа за толку кратко станале толку радикални анти-исламисти? Го сватиле животот или излегле од пубертет?[DOUBLEPOST=1420794172][/DOUBLEPOST]
Шо би рекол Чемблерен во 30сетите “остајте го Хитлер нек прави шо сака, не враќајте на провокации еден ден сам ќе се смири и сфати дека е доста“
Целта на радикален ислам е воспоставување на својата вера глобално по секоја цена. Та некој палел џамии та некој градел џамии - нема значение. Во 100.000 мирни муслимани ќе се најдат 100 кои ќе бидат спремни да убијат разнесат обезглават.... за таа цел. И тие 100 ќе ги држат во тензија, страв, несигурност сомничавост... сите останати. Ради нив се менува досегашен начин нна живот кај луѓето. Генерализацијата не дојде од западниот свет. Тој му отвори врати на доселеници од исламски региони, им дозволи слобода на вера, култура, обичаи, храна, работа, засолниште... генерализацијата дојде од другата страна дека западната цивилизација е навреда за нив и мора да исчезне. Навреда за нив се западана култура карикатури, рокенрол, филмови, жени во сукњи, алкохол, храна, школување на жени, поезија и проза, стрипови, облека, спорт....
Па да те прашам, дали бии живеел во свет базиран на западен начин и култура, или на организиран врз правилата на ИСИС
Не се работи за моите убедувања кон исламизмот и поентата дека пропагирам дека треба ги оставиме игнорираме случувањата ти е погрешно донесена. Јас сум меѓу првите на форумот кој укажува опасноста од радикалниот исламизам.
Но, има некои работи кои неможам да ги поминам ниту да ги оправдам. Според логиката на генерализацијата еве ќе го дадам паралелен пример Сталин како атеист, според тоа горе кажано, можеме да ги генерализираме сите атеисти, нели.
Поентата што сакам да ја кажам е далеку од тоа да останеме на страна, туку како да го спречиме исламизмот, а со генерализација го постигнуваме сосема спротивниот ефект. Генерализацијата иде обострано, исламистите во светот кој се бори против нив гледаат крстоносци, така и ги викаат. Воените интервенции попут онаа во Авганистан, Ирак и Либија каде што беа убиени
милиони невини жртви, само направија ова движење да се прошири до таа мера што денеска ја имаме исламската држава. Во Ирак не постои човек кој не загубил некој близок во овие 10 години. И на крајот на краиштата, самиот факт дека САД и западот предизвикале милиони невини жртви во овие држави многу кажува што не сакаме да го слушнеме. Од друга страна, ги финансираа и ги обучуваа за војна во Авганистан, Чеченија, Балканот, Либија, Египет, Сирија....
Додека од другата страна постојат исто така муслимани, кои несебично се борат против ова зло, десетици пати поинтензивно од било која западна држава, Иран, Сирија и Курдите, ние ги пикаме и нив во ист кош со овие изманипулирани гомна. Доколку они сватат дека се во ист кош за светската јавност, тогаш и они ќе се покорат на халифата самоиницијативно. А тоа е тоа што халифата сака да го постигне, да ги стави муслиманите во ист кош, да биде Саладин.